Банки
АЛТА банка нуди кредит за породување до 10.000 евра без камата
АЛТА банка нуди медицински кредит наменет за покривање на трошоците за породување во болницата „Аџибадем Систина“.
Според објавените услови, граѓаните можат да аплицираат за кредит во износ до 10.000 евра, со каматна стапка од нула проценти и период на отплата до 60 месеци.
Од банката посочуваат дека понудата е наменета да обезбеди поголема финансиска сигурност и полесно планирање на трошоците во еден од најважните моменти за семејствата.

Повеќе информации за условите, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни преку официјалните канали на АЛТА банка.
Банки
Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена
Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.
Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:
- Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид
- Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник
- Македокс, 20–27 август, Скопје
- 30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола
- Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје
- Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје
- Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје
Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.
„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години
поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.
Банки
Халкбанк подарува ваучери за гориво за првите 50 нови онлајн платежни сметки
Халкбанк АД Скопје објави промотивна понуда за отворање онлајн платежна сметка.
Првите 50 корисници што ќе отворат сметка преку дигиталниот канал на банката ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари.
Од банката ги повикуваат заинтересираните да ја искористат понудата и да ја завршат постапката за отворање сметка онлајн.
Дополнителни информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалните канали на Халкбанк.
Банки
Битката за Адико Банка се вжештува: РБИ го намали минималниот праг за прифаќање, НЛБ останува со понуда од 37 евра по акција
Австриската Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) го намали минималниот праг на прифаќање на својата понуда за преземање на Адико Банка, во обид да ја засили трката со НЛБ Групацијата за стекнување контрола врз регионалната банкарска групација.
По одлуката на австриската Комисија за преземање да не ја забрани понудата, Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) соопшти дека минималниот праг за прифаќање е намален од 75% на повеќе од 55% од акциите што се предмет на понудата, односно на повеќе од 10,6 милиони акции.
Според последните податоци, заклучно со 6 јули, Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) обезбедила прифаќање за околу 9,9 милиони акции, што претставува 50,72% од вкупниот број издадени акции на Адико Банка. Во оваа бројка е вклучен и уделот од 9,63% што го поседува српската Алта Груп.
Во меѓувреме, конкуренцијата со НЛБ Групацијата дополнително се интензивира. Додека Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) нуди 26,50 евра по акција, НЛБ по две подобрувања на понудата сега нуди 37 евра по акција. Двете понуди остануваат отворени до 22 јули, при што понудата на НЛБ и натаму е условена со минимален праг на прифаќање од 75%.
По подобрената понуда на НЛБ, Управниот одбор на Адико Банка ја повлече претходната препорака за прифаќање на понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) и соопшти дека нема да препорача ниту една од двете понуди, наведувајќи неизвесност околу можноста НЛБ да ги исполни поставените услови.
Адико Банка работи во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, опслужува околу 900.000 клиенти преку 155 филијали и дигитални канали.
За Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ), преземањето би значело зајакнување на позицијата во Хрватска и повторен влез на словенечкиот пазар, додека НЛБ планира интеграција на Адико Банка со своите постојни операции на регионалните пазари и проширување на своето присуство во Хрватска. Ова е втор обид на НЛБ да ја преземе Адико Банка, по неуспешната понуда во 2024 година.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија



