Connect with us
no baners

Кариера

Народна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор

Објавено

на

Народната банка објави оглас за вработување на аналитичари, нудејќи плата која за една од позициите надминува 80 илјади денари месечно. Станува збор за ангажман на две работни места на определено време од две години, со можност за продолжување на договорот.

Огласот опфаќа позиции за „самостоен советник аналитичар“ и „помлад аналитичар почетен II степен“. Повисоко платеното работно место е во Отсекот за планирање и контрола во рамки на Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, каде основната нето-плата изнесува 83.306 денари. За време на пробниот период, кој трае еден месец, платата е пониска.

За оваа позиција се бара високо образование од областа на економските науки со најмалку 240 ЕКТС кредити, како и минимум четири години работно искуство. Кандидатите треба да поседуваат знаења од управувачко сметководство, финансиско планирање, МСФИ, напредно користење на Excel и добро познавање на англиски јазик.

Втората позиција, помлад аналитичар во секторот за платни системи, носи основна нето-плата од 49.826 денари, со намален износ во пробниот период. За ова работно место се бара високо образование од повеќе области, меѓу кои економски, правни, информатички и технички науки, како и најмалку една година работно искуство.

Кандидатите ќе поминат тестирање во процесот на селекција, при што ќе се оценуваат нивните знаења од соодветните области, вклучително и познавање на платните системи, англискиот јазик и работа со компјутери.

Работното време е флексибилно, со почеток меѓу 8 и 9 часот и завршување меѓу 16 и 17 часот. Договорите ќе бидат склучени на определено време со пробна работа, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45 дена по завршување на огласот.

Пријавувањето трае седум работни дена од објавувањето, а кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи биографија, дипломи и релевантни потврди. Ненавремените и некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.

Банки

Капитал Банка објави оглас за специјалист за платни системи во Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје објави оглас за вработување на специјалист за платни системи, со фокус на денарски платен промет, позиција која ќе се извршува во Скопје во рамки на организациската единица за платен промет и платежни системи.

Банката, која е специјализирана за обезбедување банкарски услуги за микро, мали и средни компании, бара кандидат кој ќе биде одговорен за прием, валидација и обработка на денарски платни налози, како и за следење на нивниот статус, рокови и евентуални отстапувања. Работната позиција вклучува и спроведување оперативни контроли, дневни усогласувања помеѓу платежните системи и главната книга, како и подготовка на соодветна документација.

Во описот на работните задачи се вклучени и обработка на рекламации, поврати и сторнации, комуникација со клиенти, филијали и други банки, како и следење и анализа на исклучоци и грешки со цел подобрување на процесите. Од избраниот кандидат се очекува и координација со ИТ тимовите при појава на инциденти, учество во тестирања на нови функционалности и ажурирање на процедурите и работните инструкции.

Позицијата подразбира одговорност за точноста и навременоста на обработката на плаќањата согласно утврдени стандарди, како и почитување на правилата за доверливост и заштита на податоци. Работата вклучува тесна соработка со повеќе интерни сектори, меѓу кои операции, сметководство, комплајанс, ризици и контакт центарот, како и комуникација со други банки и институции.

Кандидатите кои се заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 27 март 2026 година.

Продолжи со читање

Кариера

Агенција Thrivity: Се бара референт за поддршка на правни лица во Струмица

Објавено

на

Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица.

Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни клиенти, анализа на финансиските потреби на компаниите, како и активно управување со портфолио на правни лица. Во рамките на позицијата се предвидени и средби и презентации со клиенти на терен.

Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да очекуваат флексибилно работно време, можности за професионален развој и обука, како и работа во современа работна средина со силен фокус на дигитална трансформација. Работната култура е насочена кон тимска соработка, доверба и континуиран развој.

За позицијата се бара кандидат со образование од областа на економија, финансии или бизнис, како и силни комуникациски вештини.

Работното место е лоцирано во Струмица, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.

Продолжи со читање

Кариера

Агенција Thrivity: Провајдер на финансиски услуги бара Database Administrator во Скопје

Објавено

на

Агенцијата Thrivity објави оглас за вработување на администратор на бази на податоци (Database Administrator) за свој клиент, компанија провајдер на финансиски услуги која активно инвестира во дигитална трансформација и современи технологии.

Работната позиција е лоцирана во Скопје, а избраниот кандидат ќе работи на реални проекти поврзани со модернизација на дигиталните системи и управување со податоци.

Од компанијата истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и отворена работна средина, со флексибилно работно време и можност за работа од различни локации. Воедно, се нуди континуирана едукација и можности за професионален развој.

Од кандидатите се очекува да имаат високо образование од областа на информатичките технологии или сродна техничка дисциплина, добро познавање на англискиот јазик, како и организираност и аналитичко размислување.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк:
https://tinyurl.com/mhyyjvau

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange