Банки
Комерцијална банка ги промовира КБ пакетите за корисниците на платежни сметки и електронско банкарство
Комерцијална банка АД Скопје ги промовира КБ пакетите како опција за клиентите кои користат платежна сметка, картичка и електронско банкарство.
Од банката информираат дека со избор на КБ Стандард или КБ Бонус, корисниците добиваат повеќе банкарски услуги со пониска месечна претплата.
Пакетите може да се активираат веднаш преку мобилната апликација мБанка или преку Интернет банка.

Од Комерцијална банка посочуваат дека и лицата кои не се клиенти на банката можат лесно, брзо и целосно онлајн да активираат КБ пакет, со електронска идентификација преку OneID.
Повеќе информации за понудата се достапни на веб-страницата на банката.
Банки
АЛТА банка ги намалува надоместоците за СЕПА трансфери до крајот на 2026 година
АЛТА банка АД Битола ги намалува надоместоците за СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, соопштија од банката.
Измените се дел од промените во Тарифата за надоместоци за услугите наменети за клиенти и ќе важат промотивно до 31 декември 2026 година.
Со новите тарифни ставки се намалуваат надоместоците за приливни и одливни кредитни трансфери преку СЕПА, како за резиденти, така и за нерезиденти.
За правни лица резиденти, надоместокот за приливен СЕПА трансфер до 10.000 евра се намалува од 500 на 180 денари, додека за одливен кредитен трансфер преку СЕПА надоместокот се намалува од 1.250 на 250 денари.
Кај правните лица нерезиденти, приливниот кредитен трансфер до 10.000 евра ќе чини 3 евра, наместо досегашните 10 евра, додека одливниот трансфер се намалува од 22 на 5 евра.
За физички лица резиденти, приливните кредитни трансфери преку СЕПА ќе бидат без надоместок. Кај одливните трансфери до 3.000 евра, надоместокот ќе изнесува 250 денари за хартиени налози, односно 200 денари за трансакции преку електронско и мобилно банкарство.
Намалени надоместоци се предвидени и за девизни сметки и штедни влогови на странски физички лица. Приливните СЕПА трансфери за оваа категорија клиенти ќе бидат без надоместок, додека одливните трансфери до 3.000 евра ќе чинат 5 евра за хартиени налози и 4 евра преку електронско и мобилно банкарство.
Од банката информираат дека промотивната тарифа ќе се применува до крајот на годината.
Банки
Комерцијална банка со ново лице во Кочани: Реновирана филијала и дигитална зона 24/7 за побрзи банкарски услуги и подобрено корисничко искуство
Филијалата на Комерцијална банка во Кочани ги пречека клиентите во целосно реновиран и модернизиран простор, со нова дигитална зона 24/7, овозможувајќи побрз, поедноставен и подостапен пристап до банкарските услуги во секое време.
Покрај богата понуда на банкарски производи и услуги на шалтер, клиентите имаат на располагање дигитален киоск за плаќање сметки за јавни услуги без провизија, како и банкомат за уплата и исплата на готовина без провизија. И сето тоа достапно во современ простор, кој комбинира функционалност и елеганција.

Во дигиталната зона, корисниците на Интернет банка можат да испечатат и извод од платежна сметка, а пристапот е овозможен со платежна картичка од која било банка.
Филијала Кочани продолжува да нуди стандардно богата палета на финансиски производи и услуги достапни на шалтерите, како и брза обработка на трансакциите, стручни совети и консултации од КБ тимот за избор на најдобриот финансиски производ и за поднесување апликации за кредити, кредитни картички, дозволени пречекорувања и други услуги.

Шалтерите во Филијалата се отворени од понеделник до петок од 8 до 16 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и бројни кредитни и депозитни производи, можност за купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и e-commerce услуги за раст и развој на нивниот бизнис.
Од Комерцијална банка истакнуваат дека модернизацијата на филијалата е дел од нивната стратегија за унапредување на корисничкото искуство преку комбинација на современи дигитални решенија и висококвалитетна персонализирана услуга.
Банки
Девет земји ќе формираат меѓународна банка за финансирање на одбраната
Девет земји најавија дека ќе учествуваат во формирањето нова меѓународна банка за одбрана, чија цел ќе биде полесно финансирање на вооружувањето и зајакнување на одбранбените капацитети на сојузничките држави.
Канадскиот премиер Марк Карни на самитот на НАТО во Анкара соопшти дека Албанија, Белгија, Грција, Латвија, Луксембург, Романија, Турција и Украина ја поддржале иницијативата за основање на Банката за одбрана, безбедност и отпорност, позната како DSRB. Седиштето на институцијата треба да биде во Канада.
Засега, меѓу земјите основачи нема други големи членки на Г7, освен Канада, што може да влијае врз финансискиот капацитет на новата банка. Сепак, канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека институцијата ќе остане отворена и за други земји кои би сакале да се приклучат.
Според аналитичарот Линус Терхорст од британскиот одбранбен институт „Ројал Јунајтед Сервисис Институт“, проектот може да заживее и со постојните обврски, иако веројатно се очекувала поголема поддршка од водечките европски земји.
Планот е преку банката да се обезбедат до 100 милијарди британски фунти, односно околу 134 милијарди долари, поволно финансирање за потребите на одбраната и безбедноста.
Карни оцени дека новата банка ќе ги поттикне инвестициите, ќе ја зајакне одбранбената индустрија и ќе им помогне на Канада и нејзините сојузници да одговорат на предизвиците во, како што рече, сè поопасен и поделен свет.
Иницијативата доаѓа во период кога членките на НАТО и нивните партнери се соочуваат со зголемени потреби за вложувања во одбраната, поради војната во Украина, тензиите со Русија и загриженоста од военото јакнење на Кина. Лидерите на НАТО во јуни 2025 година се согласија до 2035 година да издвојуваат пет проценти од БДП за инвестиции поврзани со одбраната и безбедноста.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 1 месецАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 1 месец
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги

