Connect with us

Банки

АЛТА банка со нов пакет за јавна администрација: Кредити до 2,5 милиони денари и промотивни услови

Објавено

на

АЛТА банка понуди пакет наменет за вработените во јавната администрација, кој вклучува потрошувачки кредит, кредитна картичка, дозволено пречекорување по платежна сметка, СМС известување и електронско, односно мобилно банкарство преку платформата Bank2Go.

Според условите на пакетот, максималниот износ на кредитната изложеност достигнува до 2.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци, а во одредени случаи и до 120 месеци.

Кредитот може да се користи како ненаменски, при што средствата се префрлаат директно на платежната сметка на корисникот, или како наменски за затворање на постоечки обврски во банката или во други банки.

Пакетот вклучува и кредитна картичка Visa или MasterCard Standard, како и дозволено пречекорување по платежна сметка.

Од банката информираат дека условите важат доколку клиентот ги користи сите производи кои се дел од пакетот.

Во делот на надоместоците, трошокот за аплицирање на кредит изнесува 700 денари, додека провизијата за одобрување е 1 процент за ненаменски кредити и 0 проценти за рефинансирање на обврски од истата или од други банки.

Дополнително, банката најави и промотивен период од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, во кој нема да се наплатува надомест за одобрување на кредит.

За дозволеното пречекорување, административниот трошок изнесува 300 денари за лимити до 60.000 денари и 600 денари за лимити над 60.001 денар.

Пакетот овозможува и користење на СМС известувања, како и пристап до електронско и мобилно банкарство преку системот Bank2Go.

Банки

АЛТА банка се шири во регионот: По Северна Македонија, во фокус БиХ и Црна Гора

Објавено

на

АЛТА банка го забрзува регионалното ширење, откако во изминатиот период влезе на пазарот во Северна Македонија преку преземањето на Стопанска банка АД Битола и осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија. Следни потенцијални пазари за експанзија на групацијата се Босна и Херцеговина и Црна Гора.

АЛТА го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка АД Битола, а на почетокот на 2026 година го зголеми сопственичкиот удел на повеќе од 95 отсто. Банката денес работи под името АЛТА банка АД Битола.

Групацијата истовремено ги презеде и сите акции на ЗОИЛ Македонија АД Битола, со што влезе и во осигурителниот сектор. По завршувањето на регулаторните процедури, компанијата треба да работи под името АЛТА осигурување АД Скопје. Во понудата се предвидени различни видови неживотно осигурување, меѓу кои автомобилско, имотно, патничко и осигурување за домаќинства и компании.

Со тоа, АЛТА го проширува својот деловен модел надвор од класичното банкарство, поврзувајќи банкарски, платежни, лизинг и осигурителни услуги во рамките на една финансиска групација.

Според плановите за понатамошен развој, меѓу следните пазари за потенцијално ширење се Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што се разгледуваат можности за аквизиции. Реализацијата ќе зависи и од добивањето на потребните регулаторни одобренија.

Во Црна Гора, АЛТА Група веќе е присутна преку платежната институција АЛТА pay, која од 2024 година работи на повеќе од 200 локации.

Паралелно со регионалната експанзија, банката бележи и раст на бројот на клиенти во Србија. Според PwC benchmarking анализа, нето-растот на клиентската база изнесувал 29,1 отсто во сегментот на физички лица и 18,8 отсто во корпоративниот сегмент. Стапката на одлив на клиенти изнесувала 2,6, односно 0,3 отсто.

АЛТА воедно инвестира во дигитализација, подобрување на деловните процеси и развој на платежни услуги, вклучително и примена на SEPA стандардите, со цел да изгради поширок финансиски систем на повеќе пазари во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Генералниот извршен директор на ТТК Банка купи 1.009 акции

Објавено

на

Генералниот извршен директор на ТТК Банка АД Скопје, Драгољуб Арсовски, купил 1.009 акции на банката, се наведува во објавата за трансакцијата.

Датумот на порамнување на трансакцијата е 19 август 2026 година. Со последното купување, Арсовски поседува 2,1 отсто од вкупниот број акции издадени од ТТК Банка.

Информацијата е објавена во образецот за купување и продавање акции на друштвото од страна на членови на Управниот или Надзорниот одбор, односно членови на Одборот на директори.

Извор: Македонска берза – berza.mk

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со пакет за поддршка на жените претприемачки

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис.

Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење.

Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис.

Од Халкбанк посочуваат дека целта на понудата е жените претприемачки да добијат поголема сигурност и повеќе можности за реализација на своите деловни идеи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange