Останато
Жените менаџерки од „Елит“ ја избраа Македонка Димитрова за „Жена Лавица“
Членките на Здружението на жени менаџерки „Елит“ ја заокружија оваа успешна година којашто беше исполнета со повеќе средби, проекти, настани, како што беше женскиот економски форум „Балкан 2024“, со избор на Жена „Лавица“.
Четврта година по ред, во месецот на претприемништвото, традиционално, жените менаџерки со гласање го спроведоа изборот за тековната година, а во согласност со програмските активности и мисијата женското претприемништво и лидерство во бизнисот да станат значаен фактор во македонската економија.

Меѓу 11 силни жени лидерки, коишто беа номинирани за жена „Лавица“ за 2024 година е избрана Македонка Димитрова, којашто во текот на годинава несебично се ангажираше за остварување на проектните активности на „Елит“. Димитрова, преку својата истрајност, инспиративност, иновативност и заложба за родова еднаквост и лидерство е пример за жена „Лавица“ и на професионален и на личен план.
Целта на доделувањето на ова признание е да се афирмира женското претприемништво и женското лидерство кои придонесуваат за поголем економски развој и за подобра иднина во општеството.
Врз основа на учеството на членките во активностите за реализација на програмските активности, преку промовирање и афирмација на Здружението и заложби за женското лидерство, членките на „Елит“ избраа уште 4 жени на кои им беа доделени благодарници за особен придонес со цел да ги мотивираат сите членки. По пат на менторство, односно секоја членка има право да предложи жена лидер, Здружението беше збогатено со уште три нови силни жени менаџерки.
„Уверени сме дека само со постојна надградба, инспирација и личен пример можеме да ги надминеме бариерите коишто се присутни во нашето општество. На крајот од годинава, упатувам порака до сите жени во земјава дека само заедно може да го направиме светот подобро место за живеење, работа, радости, успеси за сите“, истакна претседателката на Здружението на жени менаџерки „Елит“, Ленка Угриновска.
Останато
Трамп доби своја монета од еден долар во САД
Ликот на американскиот претседател Доналд Трамп се најде на нова монета од еден долар, издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Со тоа Трамп стана првиот жив американски претседател во последните сто години чиј лик се појавува на монета во оптек.
Американската ковница ја пушти монетата во продажба во средата, 2 септември. На предната страна е портретот на Трамп, заедно со натписите „LIBERTY“, „IN GOD WE TRUST“ и „1776 ~ 2026“, додека на задната страна е претседателскиот печат и бројот 250, во чест на големиот јубилеј.
Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а пакет од 100 монети за 154,50 долари. Побарувачката била голема, а дел од понудата била распродадена само неколку часа по почетокот на продажбата.
Иако имаат златна боја, монетите не содржат вистинско злато. Според американската Ковница, тие се изработени претежно од бакар, со 6 проценти цинк, 3,5 проценти манган и 2 проценти никел.
Монетите имаат номинална вредност од еден долар и можат да се користат како законско платежно средство, иако Ковницата ги промовира и како колекционерски изданија. Дополнително, 250.000 примероци биле исковани на 4 јули со специјална ознака и по случаен избор се вклучени во пакетите што се продаваат.
Појавувањето на ликот на жив претседател на американска валута предизвика и правни полемики, бидејќи американските прописи генерално го ограничуваат прикажувањето живи личности на парите. Администрацијата, сепак, се повикува на законските овластувања поврзани со специјалните дизајни за одбележување на 250-годишнината на САД.
Останато
МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор
Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.
Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.
Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.
Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.
Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.
Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.
Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.
Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.
Останато
Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП
Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.
Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.
До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.
Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].
Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





