Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје е една од банките во земјата преку која клиентите, правни лица, ќе може да аплицираат за поволен кредит за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

Сметаме дека оваа кредитна линија има силна развојна и инвестициска компонента, и ќе допринесе за поттикнување на нови инвестиции во основни средства и поддршка на економскиот развој, иновации и инвестиции. Истите позитивно ќе влијаат врз економијата и ќе донесат нови вработувања, раст на БДП и сеопфатен економски раст и развој во државата.

Договорот потпишан со Развојна банка на Р.С. Македонија ќе ни овозможи пласман на кредитната линија согласно дефинираните критериуми на Владата.

Нашата соработка со Развојна банка на Р.С. Македонија, со оваа, како и со претходни кредитни линии, секогаш е во насока на зајакнување на македонската економија.

“Со кредитната поддршка на нови инвестиции во основни средства преку оваа линија придонесуваме кон јакнење на капацитетот на домашните субјекти, кон зголемување на позитивните ефекти од нивното работење, создавајќи долгорочен придонес за економски развој на земјата.

Целта е подобрување на вкупните перформанси, зголемена економска продуктивност и поголема конкурентност на претпријатијата. Веруваме дека во земјава има компании со голем економски потенцијал, со проекти кои можат да бидат конкурентни на светскиот пазар”, истакна Милка Тодорова, Претседател на Управен Одбор на УНИБанка АД Скопје.

Кредитот е со намена за нови инвестиции во основни средства, со фиксна каматна стапка од 1,95%, а максималниот износ на кредит изнесува 615.000.000 МКД при што се зема предвид и изложеноста кон поврзани лица. Кредитот е со максимален рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години, без надомест за одобрување, управување и предвремена отплата.

ПР објава

Банки

Ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 26 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected] , најдоцна до 25 јуни 2025 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Продолжи со читање

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75% и во третото тримесечје од 2026 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.

Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на средба со претставникот на ЕБОР: Макроекономската стабилност е клучот за побрза конвергенција

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој.

Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов за побрза економска конвергенција кон Европската Унија. Гувернерот Славески ја нагласи заложбата на Народната банка за водење предвидлива и одговорна монетарна политика, што придонесува кон ценовна и финансиска стабилност, создавајќи сигурна основа за економски раст и структурни реформи.

Цврстата макроекономска основа, којашто ја одржуваме преку стабилноста на девизниот курс, контролата на инфлацијата и преку стабилниот банкарски сектор, е важен двигател на довербата кај инвеститорите и поддршка за домашната економија“, истакна гувернерот Славески.

Во контекст на најновиот извештај на ЕБОР, соговорниците се осврнаа и на предизвиците поврзани со ниската продуктивност, потребата од унапредување на деловното окружување и поттикнување на дигитализацијата и иновациите. Беше истакнато дека зајакнувањето на конкурентноста, отпорноста и на владеењето на правото е суштествено за одржливоста на пазарната економија.

Гувернерот посочи дека пристапот до финансирање и солидната кредитна поддршка на компаниите, овозможени и преку мерките на Народната банка, се важен столб за поттикнување на продуктивноста и за вклучување на економијата во светската производствена мрежа.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста од натамошното унапредување на соработката меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите поврзани со дигитализацијата, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем.

Продолжи со читање

Популарно