Connect with us
no baners

Банки

Народната банка продолжува со финансиската едукација преку нов циклус предавања

Објавено

на

no baners

Со почетокот на второто полугодие од учебната година, започнува и новиот циклус предавања на Народната банка од областа на финансиската едукација. Во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите граѓани. Токму затоа, финансиската едукација е дел од стратегиските цели на Народната банка, којашто преку обезбедување непрекинатост во процесот и постојано зголемување на опфатот на населението од различни целни групи, цели кон унапредување на финансиската писменост во земјава.

Во изминатите години, Народната банка преку активностите за унапредување на финансиската писменост, има одржано едукативни предавања за над 25.550 граѓани, од различни возрасти и образование, а исто така има изработено и голем број едукативни материјали во печатена и електронска форма, игра, квизови, инфографики и др.  Интересот кај учениците за посета на Народната банка од година в година бележи раст, а се зголемува интересот и кај повозрасните граѓани за финансиска едукација.

За закажување предавање во делот на финансиската едукација, наставниците и професорите од основните и средните училишта и од факултетите треба да го пополнат формуларот којшто може да го најдат на страницата за финансиска едукација на Народната банка https://www.nbrm.mk/finansiska-edukacija.nspx и да го достават на е-адресата [email protected] , по што ќе бидат побарани за организација на предавањето. Предавањата се изведуваат на македонски, албански и на англиски јазик.

no baners

Банки

НБРСМ: Негативната нето финансиска позиција на економијата достигна 615,5 милијарди денари

Објавено

на

Негативната нето финансиска позиција на домашната економија на крајот од првиот квартал на 2026 година изнесувала 615,5 милијарди денари, односно 54,4 проценти од бруто домашниот производ, покажуваат кварталните податоци на Народната банка.

Во текот на првите три месеци од годината, нето-задолжувањето на националната економија изнесувало 20,5 милијарди денари или 8,5 проценти од кварталниот БДП. Најголемо нето-задолжување било забележано кај нефинансиските друштва, во износ од 18,3 милијарди денари, како и кај државата, со 9,8 милијарди денари. Истовремено, финансискиот сектор остварил нето-позајмување од 4,4 милијарди денари, а домаќинствата од 3,3 милијарди денари.

Вкупните финансиски средства на националната економија достигнале 4.839 милијарди денари, што претставува раст од 133 милијарди денари во споредба со претходниот квартал. Вкупните финансиски обврски, пак, изнесувале 5.454 милијарди денари и биле повисоки за 140 милијарди денари. Најголем придонес кон растот на средствата и обврските имале финансиските друштва и државата.

Долгот на нефинансиските друштва на крајот од кварталот изнесувал 674,5 милијарди денари, што е зголемување за 12,1 милијарда денари. Компаниите најмногу се задолжувале кај банките, а потоа во странство.

Кај домаќинствата, позитивната нето финансиска позиција изнесувала 963,5 милијарди денари или 85,1 процент од БДП. Нивниот долг достигнал 303,7 милијарди денари, односно 26,8 проценти од БДП, што е квартален раст од 7,8 милијарди денари. Дури 93,7 проценти од долгот на домаќинствата се однесува на банкарски кредити.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот на Риксбанк: Независноста е клучна за довербата во централните банки

Објавено

на

Независноста на централните банки е еден од најважните предуслови за одржување на ниска и стабилна инфлација, доверба во парите и стабилен финансиски систем, оценува гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен.

Во интервју по повод одбележувањето 80 години централно банкарство на Народната банка на Република Северна Македонија, Тедеен нагласува дека политичките притисоци врз монетарната политика стануваат сè почести, дури и во земјите во кои независноста на централните банки традиционално има силна поддршка.

Според него, централните банки што самостојно ги носат одлуките имаат поголема можност долгорочно да ја задржат инфлацијата на ниско и стабилно ниво. Како дополнителен ризик тој го посочува влошувањето на јавните финансии во голем број земји, што може да доведе до поголемо влијание на фискалната политика врз монетарните одлуки.

Говорејќи за улогата на централните банки, Тедеен истакнува дека нивните основни цели и натаму остануваат макроекономската и финансиската стабилност, како и зачувувањето на вредноста на парите.

Тој предупредува и на ризикот од прекумерно проширување на надлежностите на централните банки. Според него, тие треба внимателно да проценат дали новите економски и општествени прашања се во рамките на нивниот законски мандат, бидејќи излегувањето надвор од овластувањата може да ја наруши довербата на јавноста и демократската легитимност на нивната независност.

Како пример ги наведува климатските промени, кои можат да влијаат врз инфлацијата, синџирите на снабдување и финансиската стабилност, но нагласува дека централните банки не треба да носат политички одлуки за изборот на енергетски извори.

Тедеен потсетува дека Риксбанк, основана во 1668 година и позната како најстара централна банка во светот, и денес ги задржува основните принципи врз кои била создадена – работа во јавен интерес, грижа за економската стабилност, сигурен платен систем и одржување на довербата во финансискиот систем.

Извор: НБРМ

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати јулската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец јули и дека средствата им се достапни на пензионерите веднаш.

Од банката ги советуваат корисниците да го заштедат своето време преку користење на мрежата на банкомати, безготовинско плаќање во продажните места, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange