Connect with us

Компании

Учиме за парите заедно со штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности, во согласност со Националната стратегија за финансиска едукација и инклузија, активно ги почитува насоките на Кодексот за добри практики усвоен од страна на НБРМ и организира активности со кои обезбедува информации за продлабочување на финансиските знаења и способности на младата популација.

Во својата стратегија за финансиска едукација во изминатиот период ги реализираше своите активности во основните училишта во Скопје, Гостивар, Кавадарци и Тетово на тема: Финансиска едукација на млада популација во делот на најкористени финансиски поими (пари, кредити, камата, трошок, приход, како и едукација во областа на штедење и улогата на штедењето како вредност кај младата популација).

Во пријатна атмосфера, низ интерактивни, едукативни примери и забавна игра, децата се запознаа со основните финансиски поими (пари, кредит, камата, трошоци, приход, профит), што е штедење, зошто и како да се штеди, како и со суштината и важноста да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.

Штедилница Можности и понатаму ќе продолжи со активно вклучување во едуцирањето и советувањето на младите преку вакви едукативни работилници, сѐ со цел поттикнување и придонес во процесот на финансиската едукација и подигнување на нивото на финансиска писменост, со што се стекнуваат знаења и вештини за одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот.

Финансиска едукација во Скопје – https://bit.ly/3qhGAMY

Финансиска едукација во Гостивар – https://bit.ly/427Mb5G

Финансиска едукација во Кавадарци – https://bit.ly/3ILisZo

Финансиска едукација во Тетово – https://bit.ly/3ILisZo

Компании

КИБС АД Скопје – лиценциран оператор согласно платежната регулатива на ЕУ

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија издаде Решение со коешто Клириншката куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје – КИБС АД Скопје, доби дозвола и стана лиценциран оператор на платен систем во Република Македонија согласно новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој пак е целосно усогласен со европската платежната регулатива. Воедно, платниот систем КИБС е запишан во Регистарот на оператори на платните системи кој го води Народната банка.

Покрај тоа, Народната банка издаде претходна согласност за именување на досегашните членови на Управниот одбор на КИБС АД Скопје: Горан Анастасовски, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на КИБС АД Скопје и Биљана Адамческа, Директор на дирекција за платежни услуги и системи во земјата во Комерцијална банка АД Скопје. 

Ова претставува уште една потврда за долгогодишното беспрекорно работење на КИБС, како единствен оператор на платен систем со одложено нето-порамнување за мали плаќања врз основа на кредитни трансфери, кој во изминатите повеќе од 20 години професионално испорачува услуги од меѓубанкарски интерес, услуги за потребите на државата, деловната заедница и граѓаните. 

КИБС останува стабилен и доверлив партнер при испорака на клучни услуги поврзани со плаќањата и продолжува да ги унапредува истите, следејќи ги глобалните трендови.  

Продолжи со читање

Компании

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

Објавено

на

Во годината кога славиме 15 години успешно работење на финансискиот пазар, со задоволство ве известуваме дека КБ Публикум инвест АД Скопје станува КБ ИНВЕСТ АД Скопје.

Промената на името на Друштвото значи нов импулс за уште поголем раст и развој врз основа на веќе цврсто поставени вредности и стандарди во работењето.

КБ ИНВЕСТ добива дополнителен стимул за уште подобри деловни резултати благодарејќи и на засилената позиција на Комерцијална банка во акционерскиот капитал на Друштвото. Банката со зголемување на својот удел во КБ ИНВЕСТ на 78,43%, придонесе не само за јакнење на акционерскиот капитал на Друштвото туку и за додавање вредност на брендот кој веќе е синоним за доверба, одговорност и успешност.

КБ ИНВЕСТ АД Скопје како Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, основано во 2009 година, практично беше основоположник на развојот на нов сегмент на финансискиот пазар во земјава, кој отвори нови можности за инвестирање на граѓаните и на компаниите. Друштвото, кое денес управува со 6 отворени инвестициски фондови со вредност од околу 110 милиони евра, на илјадници инвеститори им нуди нови можности и алтернативи за оплодување на нивниот капитал и за остварување на нивните инвестициски цели. Со инвестициските фондови, кои се со различна инвестициска стратегија и се концепирани на начин да ги задоволат барањата и потребите и на најсофистицираните инвеститори, КБ ИНВЕСТ придонесе и за збогатување и развој на пазарот на капитал во земјава.

Силата на брендот КБ ИНВЕСТ произлегува од деловната политика на Друштвото кое во континуитет ги следи најсовремените трендови во светот на инвестицискиот менаџмент, понудата на финансиски инструменти, можностите за инвестирање и довербата на клиентите со кои секојдневно ги освојуваме пазарите на капитал во земјава и во странство.

Освежениот бренд КБ ИНВЕСТ сега значи и нов поттик и предизвик за уште поголеми постигнувања на задоволство на клиентите, акционерите и на целиот тим на Друштвото.

Комерцијален текст

Продолжи со читање

Компании

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција во Македонија со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Објавено

на

Со задоволство ја информираме пошироката јавност дека со Решение на Народната банка на Република Северна Македонија од 27.5.2024 година, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ АД Скопје беше запишан во регистарот на платежни институции, кој се води во рамките на Народната банка. Со ова, компанијата стана прва финансиска институција во државата која доби одобрение за извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги и извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, како и издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции што одговараат во согласност со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. 

Со успешно завршениот процес на лиценцирање во рамките на супервизорскиот процес кој се одвиваше во изминатиот период, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ уште еднаш ја докажа својата професионалност како прва финтек компанија во нашата држава која успешно опстојува на домашниот финансиски пазар и која на континуирана основа настојува да работи на највисоко професионално ниво, преку целосна усогласеност со позитивното законодавство во нашата држава од областа на финансиите.   

Влегувањето на Динерс Клуб Македонија во НБРМ, значи поголема заштита на членовите, потранспарентна средина на работа, но и можност за проширување на портфолиото на компанијата. Ние сме горди на овој значаен чекор, а ни претставува особена чест од причина што оваа година е токму јубилејна година на нашата компанија. Со ваквото постигнување, нашите членови можат да бидат уверени во својата сигурност и безбедност во вршењето на финансиските трансакции, а нас ни овозможи да продолжиме да ги унапредуваме нашите услуги. Воедно, се заблагодаруваме на нашите членови и партнери за нивната континуирана поддршка и доверба во изминатите 30 години. – изјавија од Динерс Клуб Македонија.

Продолжи со читање

Популарно