Connect with us

Бизнис

Нови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари

Објавено

на

Од денеска стапија во сила новите, повисоки малопродажни цени на горивата, согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Просечното зголемување на цените на нафтените деривати изнесува 1,47 проценти, а најголема промена има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 5,50 денари и се продава по цена од 88 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е поскап за 1,5 денари и чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 89 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,5 денари, па новата цена изнесува 86 денари за литар.

Новата цена на мазутот е повисока за 0,938 денари и сега изнесува 42,168 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека корекцијата е последица на движењето на референтните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло на светските берзи, како и на промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Бизнис

Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!

Објавено

на

Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.

Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.

Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.

Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Бизнис

Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари

Објавено

на

Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.

Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.

Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.

Продолжи со читање

Бизнис

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.

Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.

Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange