Connect with us
no baners

Берза

Ученици од „Илија Николовски-Луј“ на едукативна сесија во Македонска берза по повод Глобалната недела на парите

Објавено

на

Во рамки на одбележувањето на Глобалната недела на парите – Global Money Week 2025, Македонска берза организираше едукативно предавање наменето за ученици од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.

Преку интерактивна презентација и дискусија, учениците имаа можност да се запознаат со:

• историјата и начинот на функционирање на Македонска берза,

• можностите за финансирање на бизниси преку издавање акции и обврзници,

• основите на инвестирање во хартии од вредност,

• како функционира виртуелната берза како алатка за симулирање на реално тргување.

Оваа активност е дел од глобалната иницијатива за зголемување на финансиската писменост кај децата и младите, која секоја година се одбележува со настани и предавања во над 100 земји.

Од Македонска берза истакнуваат дека финансиската едукација останува нивна стратешка определба и оти преку вакви активности продолжуваат да ја поддржуваат визијата за општество со високо ниво на финансиска свест и знаење.

no baners
no baners

Берза

Волстрит втор ден по ред во пад, азиските берзи пред нови неделни загуби

Објавено

на

Американските берзански индекси S&P 500 и Nasdaq забележаа пад втор ден по ред, под притисок на растот на цените на нафтата и приносите на обврзниците. Негативното расположение се пренесе и на азиските пазари, каде што инвеститорите се воздржуваат од поризични вложувања.

На Волстрит во четвртокот преовладуваше негативно расположение, откако продолжи растот на цените на нафтата и приносите на државните обврзници, што дополнително ги загрижи инвеститорите.

Индексот Dow Jones порасна за 0,10 отсто, на 51.231 поен, додека поширокиот индекс S&P 500 се намали за 0,47 отсто, на 7.765 поени. Најголем пад забележа технолошкиот индекс Nasdaq, кој загуби 1,25 отсто и се спушти на 27.193 поени.

Падот на S&P 500 и Nasdaq втор ден по ред е последица на континуираниот раст на цените на нафтата, во услови кога кризата на Блискиот Исток не стивнува, а производството на нафта во САД е намалено поради ураганот.

На американскиот пазар цената на нафтата во четвртокот порасна за 3,6 отсто, додека на лондонскиот пазар растот надмина 4 отсто.

Поскапувањето на енергенсите дополнително ги засилува инфлациските притисоци во американската економија. Како што пренесува Хина, инфлацијата во САД и натаму се движи значително над целното ниво од два отсто, утврдено од Федералните резерви (ФЕД).

Поради тоа, на пазарите се очекува ново зголемување на референтните каматни стапки на американската централна банка, откако во септември тие беа зголемени за 0,25 процентни поени.

Ваквите очекувања придонесуваат за раст на приносите на обврзниците, кои достигнаа највисоки нивоа во повеќе од две децении.

Повисоките приноси вршат дополнителен притисок врз пазарот на акции, бидејќи го прават задолжувањето поскапо и за компаниите и за државата, а истовремено ги прават обврзниците попривлечни за инвеститорите.

Од 11-те главни сектори опфатени со индексот S&P 500, најголем раст во четвртокот забележаа акциите на енергетските компании, поттикнати од поскапувањето на нафтата.

Од друга страна, најголем пад беше регистриран во технолошкиот сектор, особено кај производителите на чипови.

Ова покажува дека растот на цените на енергенсите има различно влијание врз одделните сектори – додека енергетските компании имаат корист од повисоките цени, технолошките компании се соочуваат со притисоци поради повисоките каматни стапки и зголемената неизвесност на финансиските пазари.

Негативното расположение од американските пазари се одрази и врз тргувањето на азиските берзи во петокот.

Инвеститорите остануваат претпазливи, бидејќи актуелните економски и геополитички ризици не даваат доволно поттик за поголеми вложувања во поризични финансиски инструменти.

Индексот MSCI за акциите од азиско-пацифичкиот регион во утринското тргување бележеше пад од 0,2 отсто, со што се движеше кон неделна загуба од околу еден отсто.

Доколку ваквиот тренд продолжи, тоа би била втора последователна недела со негативен резултат за азиските берзи.

Сепак, движењата на одделните пазари беа различни. Акциите во Австралија, Индија и Хонгконг забележаа раст меѓу 0,6 и 1,1 отсто, додека берзите во Јапонија и Шангај регистрираа пад меѓу 0,2 и 1,2 отсто.

Продолжувањето на геополитичките тензии, растот на цените на енергенсите и очекувањата за дополнително заострување на монетарната политика на ФЕД остануваат меѓу главните фактори што го обликуваат расположението на глобалните финансиски пазари.

Продолжи со читање

Берза

Волстрит во пад поради растот на цените на нафтата

Објавено

на

На Волстрит во средата цените на акциите забележаа пад, при што индексите S&P 500 и Nasdaq се повлекоа од рекордните нивоа, бидејќи растот на цените на нафтата и приносите на обврзниците ги натера инвеститорите на поголема претпазливост.

Индексот Dow Jones падна за 0,66 отсто, на 51.180 поени, S&P 500 се намали за 0,22 отсто, на 7.801 поен, додека Nasdaq забележа пад од 0,22 отсто, на 27.538 поени.

Падот на цените на акциите, како што пренесува Хина, е последица на повторниот раст на цените на нафтата, бидејќи кризата на Блискиот Исток не стивнува. Поради поскапувањето на „црното злато“, растат и приносите на обврзниците, што го зголемува трошокот за задолжување на компаниите и државата.

Само еден ден претходно, индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа рекордни нивоа, благодарение на падот на цените на нафтата и приносите на обврзниците. Сепак, во средата ситуацијата повторно се промени.

Бидејќи инфлацијата и натаму се движи значително над целното ниво од два отсто, утврдено од американската централна банка, се очекува дополнително зголемување на каматните стапки.

Во средата беше објавен записникот од септемврискиот состанок на раководството на Федералните резерви (ФЕД), на кој едногласно беше поддржано зголемувањето на каматните стапки за 0,25 процентни поени.

Записникот покажува дека разликите во ставовите се однесувале единствено на причините поради кои каматните стапки треба да се зголемат. Дел од претставниците го поддржале зголемувањето за да се надмине шокот предизвикан од растот на цените на нафтата, додека други сметале дека е неопходно да се ограничи инфлацијата поттикната од силната побарувачка.

Поради тоа, се очекува продолжување на циклусот на зголемување на каматните стапки. Сепак, не се очекува ФЕД дополнително да ја заостри монетарната политика веќе на состанокот во октомври, но до крајот на годината веројатно ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени.

Пад и на азиските берзи

На азиските берзи во четвртокот цените на акциите исто така забележаа пад, следејќи го негативниот тренд од Волстрит претходниот ден.

Индексот MSCI, кој ги следи акциите во азиско-пацифичкиот регион, околу седум часот изутрината беше во минус од приближно еден отсто.

Истовремено, цените на акциите на берзите во Австралија, Хонгконг, Индија, Шангај, Јапонија и Јужна Кореја се намалија меѓу 0,6 и 1,4 отсто.

Продолжи со читање

Берза

S&P 500 и Nasdaq на рекордни нивоа, пад на азиските берзи

Објавено

на

Американските берзански индекси S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа во вторникот, поттикнати од падот на цените на нафтата и приносите на обврзниците, како и од растот на технолошките акции.

Индексот Dow Jones порасна за 0,49 отсто, на 51.521 поен, S&P 500 за 0,58 отсто, на 7.818 поени, додека Nasdaq се зголеми за 0,45 отсто, на 27.599 поени.

Растот на S&P 500 и Nasdaq во најголем дел се должи на поскапувањето на технолошките акции, особено на компаниите производители на чипови. Пораснаа и акциите на шест компании од групата позната како „седумте величествени“.

Позитивно влијание врз пазарот имаше и падот, односно стабилизирањето на цените на нафтата, што придонесе за намалување на стравувањата од инфлациски притисоци и за пониски приноси на обврзниците.

Инвеститорите истовремено се надеваат дека американската централна банка нема дополнително да ги зголеми каматните стапки веќе во октомври, откако последните податоци укажаа на слабеење на пазарот на труд, што би можело да влијае врз потрошувачката и економскиот раст.

За разлика од Wall Street, на азиските берзи во средата преовладуваше негативно расположение, додека цените на нафтата пораснаа.

Индексот MSCI за азиско-пацифичките акции во утринските часови беше во минус од 0,3 отсто, со што изгуби дел од добивките остварени во претходните денови.

Цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Индија, Јапонија и Јужна Кореја се намалија меѓу 0,1 и 0,9 отсто, додека берзите во Кина не работеа поради празник.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange