Connect with us

Банки

ЕЦБ со нов курс: Банкарите се подготвуваат за уште две намалувања на каматните стапки во 2025 година

Објавено

на

Финансиските пазари внимателно го следат секој потег на Европската централна банка (ЕЦБ), откако аналитичарите и економистите сѐ посилно прогнозираат нови два циклуса на намалување на каматните стапки до крајот на 2025 година.

Поттикнати од стабилизирачката инфлација и забавената економска активност во еврозоната, очекувањата се дека ЕЦБ ќе продолжи со постепено олеснување на монетарната политика. Првото намалување би можело да се случи уште во текот на летото, со второ до крајот на годината, зависно од развојот на макроекономските индикатори и стабилноста на пазарот.

За банкарскиот сектор, ваквото сценарио носи двоен ефект: од една страна, пониските каматни стапки би можеле да поттикнат зголемено кредитирање и поголема побарувачка за хипотекарни и деловни заеми, а од друга, потенцијално притискаат на нето каматната маргина кај банките.

Експертите препорачуваат претпазливо управување со ликвидноста, внимателна проценка на каматните ризици и ревизија на кредитната политика – со цел да се обезбеди одржлив раст и профитабилност во изменета каматна средина.

Извор: Bankar.me

Банки

Комерцијална банка ги повика клиентите редовно да ги ажурираат личните податоци

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите на важноста од редовно ажурирање на личните податоци во банката, со цел непречено користење на банкарските производи и услуги.

Од Банката посочуваат дека секоја промена на телефонскиот број, електронската пошта, адресата на живеење или личната карта треба навремено да биде пријавена.

„Променет телефонски број или е-mail можеби изгледа како мала работа, но токму тие податоци се важни за да ги добиете сите известувања од вашата банка и да имате пристап до потребните производи и услуги“, наведуваат од Комерцијална банка.

Клиентите можат да ги ажурираат своите податоци онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID, како и директно на шалтер во Банката.

Од Комерцијална банка нагласуваат дека ваквите мали финансиски навики придонесуваат за поголема сигурност и подобра контрола врз личните финансии.

Објавата е дел од општествено одговорните активности на Банката и поддршката на Националниот сојуз за родова рамноправност, со цел поттикнување поголема финансиска писменост и финансиска самостојност.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со „Cashless Bitola“ нуди поволности за бизнисите во Битола

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека во рамки на понудата „Cashless Bitola“, бизнисите покрај Halk Mobi POS без надомест, добиваат и Visa Business Debit Card без годишна членарина во првите 12 месеци од нејзиното издавање.

Од банката ги повикуваат заинтересираните бизниси да се пријават во филијалата на Халкбанк во Битола и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата.

Понудата е достапна до пополнување на предвидените места.

Продолжи со читање

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange