Банки
ТТК Банка: Известување за предвремена исплата на пензиите од 31 март 2026 година
ТТК Банка АД Скопје изврши предвремена исплата на пензијата за месец март на 31 март (вторник) 2026 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
За пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, исплатата на пензиите е овозможена на шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката.

Од Банката ги повикуваат корисниците да изберат едноставен, брз и сигурен начин за располагање со средствата, користејќи ги дигиталните услуги како интернет банкарството TTK E-bank и мобилната апликација TTK M-bank, како и платежните картички за безготовински плаќања во трговската мрежа.
Банки
Стопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека од утре, 01.04.2026 година ќе започне со исплата на пензиите за месец март.
Пензионерите кои имаат активни дебитни картички со својата пензија можат да располагаат од истиот ден на исплатата (среда – 01.04.2026 година), и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од 1 април ќе може да ја подигнат во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје.
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
Комерцијална банка АД Скопје започнува со исплата на пензиите за март од среда, 1 април.
Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата истиот ден, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.
За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 април и во секој работен ден после тоа.
Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Банки
Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање
Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање.
Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.
Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.
„Народната банка ја покажа својата способност за решително дејствување, придонесувајќи за намалување на инфлацијата и одржување на финансиската стабилност. Соочени со нов бран на неизвесност, нашата цел и натаму е обезбедување стабилност во услови на динамични светски промени“, истакна Славески.
На средбата беше нагласено значењето на партнерството и соработката меѓу Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на платните системи за земјите од Западен Балкан. Притоа беше искажана силна поддршка за напорите на Народната банка за успешно завршување на процесот за зачленување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA.
„Пристапувањето на Северна Македонија кон СЕПА во 2025 година веќе дава конкретни резултати. Трошоците за трансфер се намалија за 80%, а надоместоците за трансакција од 20.000 евра се намалија од 0,33% на 0,04%. Во поширока смисла, се очекува дека со пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон СЕПА, тие ќе имаат заштеда од околу 0,6% од регионалниот БДП или околу 1 милијарда евра“, рече директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.
Tоа претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Се разговараше и за продолжување на поддршката којашто Светската банка ѝ ја дава на Народната банка во спроведувањето на системот за брзо плаќање за домашните и регионалните трансакции.
На средбата беше разгледан и напредокот на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка, а коишто придонесуваат за јакнење на механизмите за задржување на финансиската стабилност. Притоа, беа нагласени придобивките од учеството на Народната банка во студијата за оцена на одржливоста на компаниите и целиот корпоративен сектор во земјава, којашто беше спроведена во 2024 и 2025 година со поддршка на Светската банка. Аналитичката алатка врз основа на која беше изработена студијата значително ќе придонесе за посеопфатни системски анализи и супервизорски оцени на Народната банка, како и за операционализација на рамката за решавање банки.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за јануари 2026 година
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?




