Connect with us

Бизнис

Трамп повторно ја разгорува трговската војна: Нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји

Објавено

на

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување нови увозни царини од 10 и 12,5 проценти за производи од 60 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, како дел од мерките за спречување на трговија поврзана со принудна работа.

Предлогот е поднесен од Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) во рамки на истрага за нефер трговски практики согласно Член 301 од американското трговско законодавство.

Според предлогот, царина од 10 проценти би се применувала за увоз од ЕУ, Велика Британија, Канада, Мексико, Тајван, Малезија, Бангладеш и други земји, додека за дополнителни 45 држави се предлага стапка од 12,5 проценти.

Од USTR посочуваат дека мерката има за цел да обезбеди поправедни услови за американските компании и работници, оценувајќи дека увозот на производи произведени со принудна работа создава нелојална конкуренција на американскиот пазар.

Истовремено, одредени категории производи ќе бидат изземени од новите царини, меѓу кои енергенси, ретки минерали, фармацевтски производи, органски хемикалии, делови за авиони, како и дел од земјоделските производи.

Новите трговски мерки доаѓаат во период на засилени глобални трговски тензии и би можеле дополнително да влијаат врз меѓународните синџири на снабдување, цените на производите и економските односи меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери.

Бизнис

iuteMarket со понуда за ученици и оние кои работат од дома: Биро и столица со 33 отсто попуст

Објавено

на

iute Macedonia нуди промотивна понуда преку iuteMarket, наменета за сите кои сакаат да создадат практично и удобно место за учење или работа.

Во рамки на понудата, STUDY MATE бирото и столицата се достапни со 33 отсто попуст, а купувачите добиваат и масичка за лаптоп на подарок.

Од компанијата посочуваат дека производите може лесно да се купат преку iuteMarket во апликацијата Myiute.

Понудата е насочена кон ученици, студенти, но и сите кои работат од дома и сакаат да го организираат својот работен простор со функционален мебел и дополнителна опрема.

Продолжи со читање

Бизнис

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 1 септември малопродажните цени во просек се намалуваат за 2,06 проценти во однос на претходната одлука од 24 август.

Од 00:01 часот на 1 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 95 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 44,410 денари за килограм.

Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар за литар. Дизелот, пак, поевтинува за 6,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за 3,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 1,166 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека утврдените износи се максимални цени, а трговците можат нафтените деривати и горивата за транспорт да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Бизнис

Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!

Објавено

на

Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.

Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.

Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.

Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange