Бизнис
Над 40 милиони евра за нови работни места, младите ќе добијат грантови за сопствен бизнис
Владата го усвои Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој се предвидени мерки за отворање нови работни места, поддршка на претприемништвото и подобрување на состојбите на пазарот на трудот.
Планот денеска го презентираа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Аднан Ејуп. Тие посочија дека преку предвидените активности се очекува директна поддршка да добијат повеќе од 10.000 граѓани.
За спроведување на мерките се обезбедени над 40 милиони евра, а фокусот е ставен на младите лица, долгорочно невработените, жените, лицата со попреченост и корисниците на социјална помош.
Една од позначајните мерки е финансиската поддршка за самовработување. Младите ќе можат да аплицираат за грантови во износ до 615.000 денари за отворање сопствен бизнис, со цел поттикнување на претприемништвото и создавање нови економски можности.
Во рамки на планот е предвидена и поддршка за повратници од странство кои сакаат да инвестираат во земјата, како и за компании што ќе отворат нови работни места.
Покрај финансиските мерки, Оперативниот план опфаќа практикантства, обуки и програми за дефицитарни занимања, со што треба да се олесни вклучувањето на невработените лица на пазарот на трудот и да се зголемат нивните професионални вештини.
Бизнис
iuteMarket со понуда за ученици и оние кои работат од дома: Биро и столица со 33 отсто попуст
iute Macedonia нуди промотивна понуда преку iuteMarket, наменета за сите кои сакаат да создадат практично и удобно место за учење или работа.
Во рамки на понудата, STUDY MATE бирото и столицата се достапни со 33 отсто попуст, а купувачите добиваат и масичка за лаптоп на подарок.
Од компанијата посочуваат дека производите може лесно да се купат преку iuteMarket во апликацијата Myiute.

Понудата е насочена кон ученици, студенти, но и сите кои работат од дома и сакаат да го организираат својот работен простор со функционален мебел и дополнителна опрема.
Бизнис
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 1 септември малопродажните цени во просек се намалуваат за 2,06 проценти во однос на претходната одлука од 24 август.
Од 00:01 часот на 1 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 95 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 44,410 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар за литар. Дизелот, пак, поевтинува за 6,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за 3,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 1,166 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека утврдените износи се максимални цени, а трговците можат нафтените деривати и горивата за транспорт да ги продаваат и по пониски цени.
Бизнис
Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!
Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.
Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.
Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.
Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





