Останато
Светската банка предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9 отсто

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.
Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 проценти (4,0% во 2025), Албанија 3,2 проценти (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 проценти (3,1% во 2025 година), Србија 3,0 проценти (3,8% во 2025 година), БиХ 2,8 проценти (3,4% во 2025 година), Хрватска 2,7 проценти (3,0% во 2025 година) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025 година).
Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната.
Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.
Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 проценти, што е помалку од 2,6 проценти во 2023 година, 3,0 отсто во 2022 година и 6,2 во 2021 година.
Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 проценти.
Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.
Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од минатогодишните 5,3 проценти на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 проценти во 2025 година.
Останато
Национална агенција за наплата (NAN): Една година градење доверба и финансиска дисциплина

Социјално одговорниот пристап кон финансиската дисциплина и наплатата на побарувања доби нов облик во Македонија. Национална агенција за наплата (NAN), која е дел од Flex Group, денес го одбележа првиот роденден, со осврт на резултатите постигнати во првата година од своето работење.
Основана како одговор на сè поголемите предизвици во наплатата на побарувања, NAN функционира како платформа што овозможува правна, но флексибилна и дискретна наплата, без притисоци врз клиентите и со почит кон етичките стандарди.
Компанијата започна со работа како внатрешен сервис за поддршка на наплатата во рамки на Flex Group, но за брзо време ја прошири својата дејност и кон надворешни клиенти, домашни компании кои имаат потреба од професионален и транспарентен пристап во наплатата. За само една година, NAN воспостави партнерства со една банка, неколку финансиски институции и компании од нефинансискиот сектор, уште една потврда за довербата во етичкиот модел на наплата.
Од компанијата велат дека првата година била година на позиционирање на моделот:
„Нашата цел беше да го воспоставиме процесот, да изградиме доверба и да покажеме дека наплатата може да се води на достоинствен начин, со фокус на одржување на добри деловни односи. Процесот на наплата кај нас е индивидуализиран и целосно усогласен со законските регулативи. Секој случај го третираме со високо ниво на етика, професионалност и транспарентност, како кон клиентите, така и кон должниците. Веруваме дека успешната наплата не значи само подобрување на ликвидноста, туку и создавање фер услови за отплата, со целосна заштита на личните податоци и почит кон секој учесник во процесот,“ информираат од тимот на NAN.
Покрај работата со правни и физички лица, NAN вложува и во дигитализација на процесите, автоматизирана комуникација и аналитика, со што овозможува поефикасна поддршка за клиентите и побрза наплата.
По една година работење, компанијата бележи зголемена побарувачка за услугите и позитивен тренд во повратот на средства. Иако пазарот на управување со побарувања сè уште се гради, од NAN најавуваат дека ќе продолжат со вложување во транспарентна пракса, соработка со компании од различни индустрии и отворање на нови модели за партнерства.
Останато
УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Управата за јавни приходи (УЈП) донесе решение за суспензија на инспектори кои се поврзуваат со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Мерката следи по објавени информации за интензивна комуникација меѓу претставници на УЈП, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници и сопствениците на објектот.
„Во тек е внатрешна контрола и проверка на наводите. Суспензијата ќе остане на сила сè додека не се утврди фактичката состојба,“ соопштија од УЈП.
Објавените комуникации отвораат сомнежи за можни коруптивни дејствија на дел од инспекторите и полициските службеници.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се води предистражна постапка во која, покрај УЈП, се опфатени и други институции.
Останато
Цигарите поскапeа: Ново зголемување на цените за пушачите во Македонија

Пушачите низ Македонија ќе мора да издвојат повеќе пари за цигари, бидејќи цената на сите брендови е зголемена за 10 денари по пакување. Ова е дел од редовното усогласување со акцизната политика, која предвидува постепено покачување на акцизите на тутунските производи.
Новите цени веќе се применуваат во трафиките и супермаркетите низ државата. Така, најчесто купуваните брендови, кои до вчера чинеа 120 денари, сега достигнаа цена од 130 денари. Поскапите брендови веќе надминуваат 170 денари по пакување.
Министерството за финансии потсетува дека акцизниот календар е усогласен до 2027 година и има двојна цел: да обезбеди дополнителни приходи во буџетот и истовремено да придонесе за намалување на бројот на пушачи.
Трговците забележуваат дека по секое поскапување продажбата бележи краткотраен пад, но побарувачката брзо се стабилизира. Од друга страна, дел од пушачите велат дека новите цени ги тераат сериозно да размислат за намалување или целосно откажување од цигарите.
-
Продуктипред 2 месеци
Потрошувачки кредити од Комерцијална банка со нова можност – животно осигурување со плус погодности
-
Продуктипред 2 месеци
НЛБ Банка со промотивна фиксна каматна стапка од 8,9% за сите безготовински трансакции со НЛБ haPPy картичката
-
Продуктипред 2 месеци
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“
-
Анализипред 2 месеци
НЛБ Банка со Apple Pay и ефектот на бранување на иновациите во финансиската индустрија
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Анализипред 2 месеци
Две од трите најголеми банки во државата со повисок даночен товар: Што носи глобалниот минимален данок?
-
Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу пензија од втор и од трет столб
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?