Connect with us

Банки

Стопанска банка започнува со SEPA кредитни трансфери од 5 октомври 2025 година

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека започнувајќи од 5 октомври 2025 година, официјално ќе започне со извршување на SEPA (Single Euro Payments Area) кредитни трансфери. Со оваа значајна промена, банката им овозможува на своите клиенти – физички и правни лица да вршат плаќања во евра на побрз, поефикасен и побезбеден начин кон 41 земја членка на SEPA зоната.

SEPA претставува унифициран европски платен систем кој ги стандардизира плаќањата во евра во рамките на земјите-членки, без оглед на нивната географска локација. Клиентите на Стопанска банка ќе можат да извршуваат трансакции под еднакви услови како и клиентите на банките во Европската Унија – со значително намалени трошоци, скратено време на процесирање и поголема транспарентност.

Сите SEPA плаќања ќе се обработуваат најдоцна до следниот работен ден, што значи побрза извршна реализација, како и подобра контрола и следење на трансакциите за клиентите.

„Посебно нè радува фактот што приклучувањето кон SEPA зоната не само што ќе донесе подобрување на квалитетот на платежните услуги, туку и ќе создаде силен импулс за зголемена дигитализација, поддршка на е-трговијата, како и полесен пристап до европските пазари и деловни партнери. Веруваме дека ова ќе придонесе за уште подобра конкурентност и деловни можности на македонските компании и ќе донесе реални придобивки за граѓаните“, се наведува во соопштението на Стопанска банка АД – Скопје.

Што значи SEPA за клиентите на Стопанска банка АД – Скопје?

  • Плаќања во евра со исти услови како во ЕУ
  • Намалени надоместоци за трансакции
  • Брза обработка – најдоцна до следниот работен ден
  • Подобрена безбедност и следливост на плаќањата
  • Поттик за меѓународна е-трговија и деловна соработка

Со ова, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш го потврдува своето стратешко определување за унапредување на своите услуги и активно вклучување во европските финансиски текови, во интерес на своите клиенти и на националната економија.

Банки

НЛБ Банка на Плачковица: Тимски дух и енергија што гради успех и незаборавни моменти!

Објавено

на

Изминатиот викенд, планината Плачковица беше местото каде што вработените на НЛБ Банка ја споија љубовта кон природата со тимската енергија и заедничкото дружење. Во духот на неформално поврзување и градење колегијални односи, настанот беше исполнет со активности кои го збогатија искуството на сите учесници.

Програмата вклучуваше прошетки до Лумија, велосипедска тура до врвот Бел Камен, а неизбежно беше и уживањето во вкусната домашна храна. Вечерните часови беа резервирани за забава со музика, караоке и логорски оган, активности кои придонесоа за создавање незаборавни моменти и пријатна атмосфера.

„Голема благодарност до сите што беа дел од оваа дружба, вашата енергија, насмевки и позитивен дух ја направија оваа дружба навистина посебна. Повторно докажавме дека сме тим на професионалци кои со иста посветеност со која ги остваруваат деловните цели, умеат и да изградат вистински тимски дух надвор од работното место“, велат од НЛБ Банка.

Посебна благодарност беше упатена до колегите од НЛБ Исток и Синдикатот на НЛБ Банка за одличната организација на настанот.

Со ваквите активности, НЛБ Банка уште еднаш ја потврдува својата заложба за инвестирање во тимот – вредност која е клучна за остварување на заедничките цели и успехот на институцијата.

Продолжи со читање

Банки

Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница

Објавено

на

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mkНовата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката. 

Новата веб-страницата има интуитивна структура,прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите на страната унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти.

Дополнително, ново-лансираната веб страница има јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напредни локатори кои им помагаат на клиентите брзо да го пронајдат најблискиот банкомат и/или експозитура.

Воедно, подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди Банката, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важните финансиски одлуки, од удобноста на својот дом или од кое било место и во секое време.

Новата веб страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.

НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб страница, сè со цел, да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со поддршка за Регионалната школа за срцева слабост – вложување во здравјето и иднината

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во областа на кардиологијата.

Настанот се одржува во соработка со водечки европски кардиолошки центри од Цирих и Лондон и претставува уникатна можност македонските здравствени професионалци да стекнат директен пристап до најновите знаења и технологии во третманот на срцевата слабост. Со тоа, придобивките ќе бидат пренесени и кон пациентите во земјава, преку подобра дијагностика, ефикасна терапија и квалитетна грижа.

Регионалната школа за срцева слабост ќе се организира еднаш годишно и ќе носи во Македонија врвни европски кардиолози со цел размена на експертиза, практични искуства и најдобри медицински стандарди. Со ваквиот пристап, македонското здравство добива значаен поттик за надградување на сопствените капацитети и континуирана едукација на специјалистите.

„Нашата поддршка е доказ за долгогодишната посветеност на Банката за подобрување на здравствениот систем во земјава“, велат од Комерцијална банка, нагласувајќи дека социјалната одговорност е интегрален дел од корпоративната стратегија на институцијата.

Со оваа иницијатива, Комерцијална банка уште еднаш покажува дека вложувањето во здравството е вложување во иднината – во поквалитетен живот на граѓаните и во зајакнување на општеството во целина. Поддршката за Регионалната школа за срцева слабост е само еден од низата проекти со кои Банката ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата надвор од доменот на финансиските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange