Банки
Стопанска банка со донација на медицинска опрема за Институтот за медицинска физиологија и антропологија – спортска медицина
Грижата за здравјето на спортистите и спортските рекреативци е клучна за создавањето здрави и успешни генерации кои се занимаваат со спорт. Стопанска банка АД – Скопје е долгогодишен активен поддржувач на спортот и градењето здрави животни навики, па во согласност со оваа мисија Банката донираше ЕКГ и апарати за спирометрија, како и дополнителна функционална опрема, во насока на модернизација и зголемување на капацитетот за прегледи на Институтот за медицинска физиологија и антропологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Опремата веќе е предадена за употреба во Институтот со цел извршување поголем број прегледи на спортистите од регионот и е прва донација на медицински апарати во оваа институција досега. Зголемувањето на капацитетите на Институтот е особено значајно за помладите категории, односно за децата и младинците кои се занимаваат со спорт, кај кои редовните медицинско-спортски прегледи се неопходни за превенција и рано откривање на одредени заболувања кои се карактеристични за спортистите, а кои не можат да се откријат при општите лекарски прегледи.
„Грижата за детското здравје традиционално е сегмент во кој донираме, меѓутоа овој пат одиме во малку поинаков правец преку обезбедување превентивна грижа за младите и најмладите спортисти. Поттикнати од нивната посветеност и љубов кон спортот, сакаме да им помогнеме да имаат подостапна спортска медицина со најсовремени апарати. На овој начин, во исто време го поддржуваме и развојот на спортот што е исто така наш драг правец на делување. Му благодариме на Институтот за соработката и за можноста да помогнеме” – рече по предавањето на донацијата Татјана Калајџиева, сениор-директор за продажба и мрежа на филијали во Стопанска банка АД – Скопје.

Од Институтот истакнаа дека донацијата на два апарати за регистрација на електрокардиограм (ЕКГ) и спирометрија претставува огромна поддршка и помош за работата на институцијата.
„На Институтот за физиологија во рамките на Медицинскиот факултет во Скопје функционира најстарата лабораторија за функционална дијагностика во нашата земја која се користи за целите на спортската медицина. Наша задача е да се грижиме за здравјето на нашите спортисти, професионалци, аматери, рекреативци и на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спортски активности. За таа цел се прават предпартиципациони прегледи чија главна задача е да ја проверат функцијата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Се надеваме дека со новата опрема ќе можеме да го зголемиме бројот на прегледите со ЕКГ и спирометрија за 25-30 отсто од досегашните предвидени термини за прегледи” – рече проф. д-р. Јасмина Плунцевиќ Глигороска, раководител на Институтот за МЕП физиологија со антропологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Институтот со својата здравствена дејност и со најдобро опремениот кабинет примарно го опфаќа регионот Скопје, меѓутоа доаѓаат корисници од целата земја. Притоа, повеќе од 70 отсто од корисниците на услугите се помлади од 18 години. Покрај со здравствена дејност, на Институтот за физиологија постои обемна образовна дејност за сите насоки на факултетите од кампусот на здравствените науки, па донираните апарати дополнително ќе ги користат и поголем број студенти за да се запознаат со овие базични медицински испитувања.
Банки
Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија
АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.
Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.
АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.
Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.
Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.
Банки
Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста
Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.
Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.
Банки
Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември
Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.
Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





