Банки
Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко.
На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност.
Посебен акцент беше ставен на можностите за унапредување на соработката меѓу Народната банка и институциите од Јапонија, особено во областа на дигитализацијата во финансискиот сектор, јакнењето на финансиската вклученост и унапредувањето на вештините и капацитетот на човечките ресурси. Во таа смисла, беше истакната подготвеноста за размена на знаења и добри практики, имајќи го предвид јапонското искуство и експертиза во овие области.
Гувернерот Славески и амбасадорката Кавахара Сецуко се согласија дека постои простор за натамошно зближување и институционална соработка, којашто ќе придонесе за унапредување на економските односи меѓу двете земји.
Банки
КХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (КХВ), на својата 65-та седница, предводена од претседателката м-р Бујаре Абази, издаде дозвола на „Алта банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола.
Според решението, понудата се однесува на 371.538 обични акции со право на глас, а заедно со 19.439 акции кои веќе се во сопственост на преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички, таа опфаќа 100% од издадените акции на битолската банка.
Цената за преземање е утврдена на 3.777 денари по акција.
Условите предвидуваат понудата да биде успешна доколку акционерите кои поседуваат најмалку 273.795 акции (70,03% од вкупниот број) ја прифатат понудата. Доколку тоа се оствари, „Алта банка“ и поврзаните лица би достигнале сопственост од 75% плус една акција, што претставува клучен праг за контрола во акционерските друштва.
Овој потег е од големо значење за банкарскиот сектор, со оглед дека Стопанска банка АД Битола е една од најстарите и најзначајни регионални банки во земјава. Преземањето може да донесе нова динамика на банкарскиот пазар, особено ако се земе предвид регионалното проширување на српските финансиски институции во последните години.
Банки
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?

По речиси осум години на чело на Халкбанк АД Скопје, мандатот на досегашниот генерален директор Билал Суџубаши заврши, а на негово место како нов прв човек на банката е најавен Д-р Фатих Шахпаз.
Д-р Шахпаз, кој своето назначување го сподели и на професионалната мрежа LinkedIn, започнува со работа како генерален менаџер на Халкбанк АД Скопје, носејќи богато искуство и нова енергија во менаџментот на банката.

Д-р Фатих Шахпаз е долгогодишен финансиски професионалец со повеќе од две децении професионално искуство во рамки на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде што извршувал низа значајни функции – од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, па сè до началник на оддел и раководител на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација. Богатото академско образование и долгогодишното искуство во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење го прават Шахбаз значаен адут во водењето на Халкбанк АД Скопје.
Сепак, за назначувањето да стане официјално, во иднина треба да бидат спроведени сите неопходни процедури и да се добијат одобренијата од Народната банка.
Од Халкбанк АД Скопје очекуваат дека со новото раководство ќе продолжи растот и развојот на банката на домашниот пазар, задржувајќи го стабилното позиционирање како еден од водечките финансиски институции.
Банки
Стопанска банка а.д. Битола ги намалува трошоците за секојдневните банкарски услуги

Стопанска банка а.д. Битола донесе одлука за измени во својата Тарифа на надоместоци за физички и правни услуги, кои од 1 октомври 2025 година значително ќе се намалат и делумно ќе се укинат надоместоците за користење на услугите.
Со оваа одлука Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност, олеснувајќи им на граѓаните и компаниите пристап до современи и поволни банкарски решенија.
Клучни измени и поволности за физички лица:
• Поголема достапност на електронските плаќања: сите трансфери што граѓаните ги вршат преку интернет или мобилно банкарство кон сметки во рамки на Стопанска банка а.д. Битола отсега ќе бидат целосно бесплатни.
• Електронски трансфери по пониски цени: кредитните трансфери преку интернет и мобилна апликација кон други банки преку МИПС се намалуваат за 50 %, од 110 денари на 55 денари.
• Намалени надоместоци на шалтер: трансферите кон сметки во други банки преку МИПС се намалуваат од 250 денари на 200 денари.
• Интернет банкарство без дополнителни трошоци: целосно се укинува еднократниот надоместок за издавање на БТ Токен апликација (која досега чинеше 200 денари).
Клучни измени и поволности за правни лица:
• Пониски надоместоци за онлајн трансакции: безготовинските кредитни трансфери преку интернет услуги кон други банки преку МИПС се намалуваат за 25 %, од 120 денари на 90 денари.
• Пониски надоместоци за кредитни трансфери преку МИПС: намалување од 320 денари на 280 денари по налог.
Со овие измени, Стопанска банка а.д. Битола значајно го олеснува користењето на платежни сметки, електронско и мобилно банкарство и трансфери на средства – со што се создаваат услови за побрзо, поедноставно и поекономично секојдневно банкарско работење.
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 месеци
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Банкипред 2 месеци
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Продуктипред 1 месец
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Без готовина, без чекање – Влегува ли Македонија во нова финтек фаза?
-
Продуктипред 2 месеци
Стан во центар или куќа за бегство од градот – инвестирајте во трајна вредност