Банки
Ангеловска-Бежоска ‒ Вујчиќ: Високото ниво на усогласеност на Народната банка со практиките на ЕУ, значаен придонес во евроинтеграцискиот процес
Централните банки во процесот на пристапување кон Европската Унија имаат значајна улога во обезбедувањето усогласеност во подрачјата во нивна надлежност, пред сѐ овозможувањето на монетарната и финансиската стабилност. Ова беше истакнато на средбата одржана во Народната банка меѓу гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.
На средбата, гувернерот Вујчиќ ја изрази натамошната подготвеност за споделување на хрватските искуства од евроинтеграцискиот процес со Народната банка којашто и сега, според оцените на европските институции, има високо ниво на усогласеност во подрачјата на нејзина надлежност, особено во доменот на банкарскиот систем, како основа за ефикасно распределување на финансиските средства во економијата. Ова во 2021 година го потврди Европската комисија со донесената одлука со која утврди дека нашата држава има воспоставено супервизорска и регулативна рамка за основањето и работењето на банките во согласност со стандардите пропишани во Европската Унија. Неодамна, и Комитетот на експерти на Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање тероризам („Манивал“) оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Хрватските искуства во претпристапниот процес кон Европската Унија како патоказ за процесот на пристапување кон ЕУ, но и за исполнување на надлежностите потоа, се од големо значење за натамошно трасирање на работењето на нашата централна банка. Оттука, Народната банка дава особен придонес, активно учествувајќи во ресорските процеси и национални стратегиски документи за интеграција во ЕУ, преку преземање активности во однос на усогласувањето на своето работење со европските стандарди, во рамките на подрачјата коишто ги покрива.
На средбата стана збор и за стабилизирањето на инфлацијата и за нејзиното сведување на историски ниските стапки. Овој приоритет во работењето на централните банки како предуслов за предвидливо и стабилно окружување ќе придонесе за економски раст, отворање нови работни места и развој. Во однос на оваа тема, на средбата беше заклучено дека и покрај веќе видливото забавување на инфлацијата, стапките сѐ уште се високи и наметнуваат водење внимателни макроекономски политики. Во светски рамки, за справувањето со оваа инфлациска епизода, сведочиме на едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек, што придонесе за забавување на вкупната инфлација. Неодамна, Меѓународниот монетарен фонд во оцената од мисијата којашто ја посети нашата земја, нагласи дека како резултат на соодветната монетарна политика веќе се согледува забавување на стапката на инфлацијата и кај нас. Идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, ќе бидат условени од трајноста и големината на надворешните шокови, пред сѐ движењата на пазарите на примарните производи, структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста, но и од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики.
Средбата меѓу двајцата гувернери е во знакот на традиционално добрата соработка на централните банки, којашто се заснова на размена на искуства за прашањата поврзани со справувањето со предизвиците за монетарната и финансиската стабилност.
Банки
Со можното преземање на УНИБанка, Шпаркасе Групацијата цели кон пазарен удел од приближно 17% и вкупна актива вредна 2,8 милијарди евра во Македонија!?
Денес, 10.09.2026 година, од страна на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата беше официјално поднесенo Известување за намера за преземање на сите запишани обични акции издадени од Уни Банка АД Скопје.
Објавувањето на намерата за преземање претставува прв, иницијален чекор во процесот. Самата реализација на трансакцијата и понудата за преземање во претстојниот период подлежат на законски и регулаторни процедури, кои вклучуваат задолжително прибавување на претходни согласности и одобренија од надлежните институции во Република Северна Македонија како и од соодветните меѓународни регулаторни тела.
Во тој контекст, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата останува целосно посветена на успешно, транспарентно и одговорно спроведување на сите наредни чекори во согласност со важечките прописи и највисоките професионални стандарди.
„Како една од водечките банкарски групации во Европа, имаме силна доверба во
македонскиот банкарски сектор и неговиот долгорочен потенцијал за раст. Оваа објава ја потврдува нашата континуирана посветеност на пазарот и нашата стратегија за одржлив раст. Со овој чекор имаме цел дополнително да го зајакнеме нашето присуство во Северна Македонија и да ја унапредиме нашата улога како доверлив, стабилен и долгорочен партнер на граѓаните, деловната заедница и економијата во целина“, изјави Георг Бухер, Претседател на УО на Штаермеркише Шпаркасе и Претседател на Надзорниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Штаермеркише Шпаркасе е застапена во Северна Македонија од 2008, со сегашна вкупна актива од скоро две милијарди евра во земјата. По преземањето на Уни Банка, Штаермеркише Шпаркасе ќе располага со вкупна актива од околу 2,8 милијарди евра во Македонија и пазарен удел од приближно 17 %.
Банки
До 80 години отплата и животно осигурување на трошок на банката – нов кредитен пакет за пензионери од АЛТА банка
Со можност за отплата до 80 години старост и ризико животно осигурување целосно на трошок на банката, АЛТА банка отвора повеќе простор за личните планови, избори и финансиска сигурност на пензионерите преку новата платформа „ЗА ВАС.“
Некои планови доаѓаат порано. Други подоцна. Да се обнови домот, да се помогне на семејството, да се реализира нешто што долго се одложувало или едноставно да се направи нешто за себе. Пензионирањето не ги прави тие одлуки помалку важни.
Токму од таа идеја тргнува АЛТА банка со новиот Кредитен пакет за пензионери, чија најпрепознатлива предност е можноста кредитот да се отплаќа до 80 години старост, односно максималната возраст на клиентот на денот на целосната отплата да изнесува 80 години.
Посебна вредност на пакетот е ризико животното осигурување, кое АЛТА банка го обезбедува на свој трошок за целиот период на отплата на кредитот, без дополнителен трошок за клиентот. На тој начин, во случај на непредвиден животен настан покриен со полисата, се обезбедува заштита на преостанатата кредитна обврска и дополнителна финансиска сигурност за семејството.
Новиот кредитен пакет овозможува износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка од 7,50%.
Но, зад бројките стои едноставна идеја: финансиските производи имаат најголема вредност кога го следат животот на луѓето и им оставаат простор самите да одлучат што им е важно.
„За вас. За сè што ве радува.“
„ЗА ВАС.“ е повеќе од порака за еден кредитен производ. Тоа е пристап со кој АЛТА банка сака уште подобро да одговори на реалните потреби на пензионерите – преку производи, услуги и погодности што им носат поголем избор, едноставност и вредност во секојдневието.
„Со овој пакет сакавме да понудиме повеќе од кредит – решение што носи и поголема сигурност за клиентите и нивните семејства. Затоа овозможивме отплата до 80 години старост, а АЛТА банка во целост го презема трошокот за ризико животното осигурување за целиот период на отплата, без дополнителен трошок за клиентот. Веруваме дека токму ваквите услови создаваат вистинска вредност за пензионерите – поголем простор за нивните планови и дополнителна финансиска сигурност“, велат од АЛТА банка.
Новиот Кредитен пакет за пензионери е достапен преку експозитурите на АЛТА банка, а повеќе информации за производот и условите се достапни на altabanka.com.mk.
ПР објава
Банки
По Охридска банка, Шпаркасе ја купува и УНИБанка?
На македонскиот банкарски пазар се подготвува уште една голема трансакција. Steiermärkische Bank und Sparkassen AG, банкарската групација во чиј состав е Шпаркасе Банка АД Скопје, има намера да достави понуда за преземање на 100% од обичните акции на УНИ Банка АД Скопје.
Според известувањето доставено до УНИ Банка на 10 септември 2026 година, австриската банкарска групација планира да понуди 126,3766353 евра за една акција, во денарска противвредност.
УНИБанка има вкупно 545.987 издадени акции, а доколку понудата изнесува 126,3766353 евра по акција, вкупната вредност за преземање на 100% од акциите би изнесувала 69 милиони евра. Со тоа, потенцијалната трансакција би ја вреднувала целата УНИБанка на околу 69 милиони евра.
Станува збор за намера за целосно преземање и понудата треба да се однесува на сите запишани обични акции кои претставуваат 100% од запишаниот акционерски капитал и гласачките права во УНИ Банка.
Сепак, во оваа фаза не станува збор за завршена аквизиција. Реализацијата е условена со добивање повеќе регулаторни одобренија во земјава и странство. Меѓу нив се одобренија од надлежните тела за заштита на конкуренцијата во Црна Гора и Србија, како и од Европската централна банка. Потоа преземачот треба да побара дозвола за понудата за преземање од Комисијата за хартии од вредност.
Доколку некое од потребните странски одобренија не биде добиено, намерата за преземање ќе се смета за повлечена. Истото важи и доколку надлежните институции не ги издадат потребните одобренија во предвидените рокови.
Шпаркасе продолжува со консолидација на македонскиот банкарски пазар
Потенцијалното преземање е особено интересно ако се погледне претходната експанзија на Шпаркасе во Македонија.
Во 2021 година официјално заврши присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка Македонија, откако процесот претходно ги доби потребните регулаторни одобренија. Со интеграцијата, Шпаркасе значително ја зајакна својата позиција и влезе во групата на големи банки на македонскиот пазар.
Сега, пет години подоцна, групацијата прави чекор кон уште една значајна аквизиција.
УНИ Банка е профитабилна банка со 31,25 милијарди денари вкупни средства на крајот на 2025 година, капитал од околу 4,28 милијарди денари и нето-добивка од 492,5 милиони денари. Според податоците на Македонската берза, пазарната капитализација за 2025 година е наведена на околу 4,04 милијарди денари.
Токму затоа, евентуалното преземање на УНИ Банка би претставувало нова значајна консолидација на банкарскиот сектор во Македонија и дополнително би ја засилило позицијата на Шпаркасе групацијата.
Засега клучниот збор е намера. Следниот чекор е добивањето на потребните регулаторни одобренија, по што ќе стане појасно дали УНИ Банка навистина ќе стане следната македонска банка што ќе влезе во групацијата на Шпаркасе.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





