Connect with us
no baners

Банки

Синдикатите на Стопанска банка Битола: Понудата за преземање е прифатлива под услов за заштита на вработените

Објавено

на

Синдикатите на вработените во Стопанска банка АД Битола доставија мислење за понудата за преземање на банката од страна на Алта банка АД Белград. Во документот се истакнува дека понудата е прифатлива, но под одредени услови кои се однесуваат на заштита и унапредување на правата на вработените.

Бараме од преземачот да ни достави детален долгорочен план за вработените, со јасна визија за нивно унапредување и соодветно наградување, вклучително и зголемување на платата,“ стои во мислењето на синдикатите.

Според Проспектот за преземање, Алта банка очекува зголемување на обемот на активностите и раст на бројот на вработени, а синдикатите сметаат дека ова е можност за модернизација на работењето и подобрување на корисничкото искуство.

Истовремено, синдикатите нагласуваат дека прифаќањето на понудата е условено од „единствено хоризонтална прераспределба на вработените во однос на потребите на банката и вертикална прераспределба исклучиво во насока на раст и унапредување, без намалување на хиерархиски нивоа“.

Сметаме дека успешната реализација на преземањето ќе влијае и врз стабилноста на Стопанска банка АД Битола,“ додаваат синдикатите, потенцирајќи дека застапуваат над 90% од вработените во банката.

no baners

Банки

Финансиски земјотрес во Франција: Заминува гувернерот на централната банка – што значи тоа за пазарите!?

Објавено

на

Гувернерот на Француската централна банка Франсоа Вилероа де Гало неочекувано најави дека ќе поднесе предвремена оставка, која ќе стапи на сила во јуни 2026 година, отворајќи му простор на претседателот Емануел Макрон да го избере неговиот наследник во чувствителен политички и економски момент.

Вилероа де Гало заминува околу 18 месеци пред истекот на вториот мандат, кој формално требаше да заврши во октомври 2027 година. Со оваа одлука, изборот на нов гувернер ќе го направи актуелниот претседател, наместо неговиот наследник по изборите во 2027 година, кога според анкетите е можно јакнење на кандидатите од крајната десница.

Како официјална причина за оставката се наведуваат лични мотиви поточно преземање на раководството на хуманитарната фондација „Fondation Apprentis d’Auteuil“, која работи со ранливи млади категории. Сепак, аналитичарите оценуваат дека одлуката има и јасна политичко-стратегиска димензија, со цел да се обезбеди континуитет во економската и монетарната политика на Франција.

„Сметам дека го исполнив клучниот дел од мојата мисија“, соопшти Вилероа де Гало, кој повеќе од една деценија беше на чело на централната банкана Франција.

Оставката доаѓа во период на релативна финансиска стабилизација, откако Франција успеа да го усвои буџетот за 2026 година и да ја намали неизвесноста на пазарите. Со ваквиот тајминг, Вилероа де Гало настојува да избегне дополнителни пазарни турбуленции, а на претседателот Макрон му се овозможува избор на наследник усогласен со неговата проевропска и центристичка економска визија.

Фото: france24.com

Продолжи со читање

Банки

ALTA Банка овозможи SEPA кредитни трансфери

Објавено

на

Од денес, 10 февруари 2026 година, АЛТА Банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

Со приклучувањето кон SEPA, АЛТА Банка се интегрира во европските платни шеми, овозможувајќи прекуграничните плаќања во евра да се извршуваат под исти услови како и домашните плаќања во рамките на SEPA зоната.

SEPA кредитните трансфери се карактеризираат со значително пониски трошоци во споредба со традиционалните меѓународни плаќања, побрза обработка – најдоцна до следниот работен ден, како и транспарентна структура на трошоци со примена на принципот SHA (поделени трошоци).

Услугата е наменета и за граѓани и за компании кои вршат плаќања во евра кон странство, при што овозможува поефикасен платен промет, подобра контрола и следење на трансакциите, како и усогласеност со европските платни стандарди.

SEPA кредитните трансфери во ALTA Банка се извршуваат во согласност со регулативата на Народната банка на Република Северна Македонија, правилата за девизно работење, како и прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Со воведувањето на SEPA плаќањата, АЛТА Банка продолжува со унапредување на своите платежни услуги, нудејќи современи, сигурни и економични решенија во корист на своите клиенти и нивното деловно работење.

Продолжи со читање

Банки

Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк

Објавено

на

Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.

Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.

„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange