Банки
Шпаркасе Банка – силен партнер на македонската економија и конкурентен двигател на домашниот пазар
Шпаркасе Банка го прошири менаџерскиот тим со двајца нови членови на Управниот одбор. Покрај Санел Кустурица како претседател на Управниот одбор и Нина Неданоска како заменик-претседател на Управниот одбор, Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ се новото засилување на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.
Презентирајќи ги достигнувањата, Банката ја потврди својата позиција на пазарот како една од петте водечки банки во земјата. Во 2023 година, Банката оствари историски највисоки резултати, кои покажуваат 47% зголемување на нето-добивката во однос на минатата година и зголемување во сите сегменти од своето работење, постигнувајќи пазарен раст далеку повисок од нивото на банкарскиот сектор во земјата.
Дополнително, Шпаркасе Банка во рамките на својата 5-годишна стратегија најави и силни инвестициски циклуси во нови технологии и дигитални решенија, инвестиции во инфраструктура, инвестиции во модернизирање и технолошко унапредување на својата продажна мрежа, но и значајни капитални инвестиции, кои треба да достигнат износ од 60 милиони евра.

„Шпаркасе Банка е значаен двигател на македонската економија и силен партнер на корпоративниот сегмент и сегментот население. Во тој контекст би сакал да истакнам дека 2023 година, беше историски гледано најдобра година за Шпаркасе Банка. Годината ја завршивме со вкупна актива од 1,5 милијарди евра, или 13,5 % раст во однос на 2022 година. Круна на сите овие постигнати резултати е остварениот нето-профит од 25 милиони евра, што е за 47 % повисок во споредба од 2022 година“, изјави Санел Кустурица, претседател на УО на Шпаркасе Банка.
Гледано низ призма на постигнатите резултати, експертиза и стабилноста што ја има на пазарот, Шпаркасе Банка прати јасна порака дека на клиентите им гарантира сигурност, искуство и иднина во која верува.
Банкарскиот сектор во земјата бележи подинамичен раст во кредитирање на населението, додека кај правните лица динамиката на кредитниот раст забави и во 2023 година изнесуваше 3,3%, но на страната на Шпаркасе Банка резултатите одат во нагорна линија.

„Банката ја потврди својата позиција на пазарот како пазарен лидер за корпоративни клиенти, остварувајќи пазарно учество во кредитирање правни лица од 17,3% и пазарно учество од 17,1% во делот на депозити за правни лица. Истовремено, важиме и за пазарен лидер во стимулирање зелена економија, поддржувајќи 54 проекти и инвестиции од 98 милиони евра и инвестиции во обновливи извори на енергија во вкупен износ од 92 милиони евра. Во сегментот население, пак, 2023 година ја завршивме со кредитното портфолио чие учество на пазарот изнесува 13,5%“, истакна Нина Неданоска, заменик-претседател на УО на Шпаркасе Банка.
Новиот член на Управниот одбор на Банката, Златица Цивкароски потенцира дека банкарскиот сектор во државата е во солидна кондиција, ликвиден и добро капитализиран, што се докажа и преку имуноста да остане отпорен на сите предизвици со кои земјата се соочи во последните кризни периоди.

Александар Џорџевиќ, новиот член на Управниот одбор, истакнува дека една од најсилните стратегиски определби на Шпаркасе Банка е унапредување на квалитетот на услугите што Банката ги испорачува кон своите клиенти. Оваа определба е тесно поврзана со фокусот на Шпаркасе кон нејзината дигитална и инфраструктурна трансформација во насока на подобрување на задоволството на клиентите од една страна, и значајно поедноставување на интерните процеси од друга страна.

Во рамките на Платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, Банката продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование, уметност, финансиската едукација.
Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Санел Кустурица ја претстави 5-годишната стратегија на Банката, во која е ставен фокус на четири клучни пилари: растот и развојот на Шпаркасе Банка кој треба да донесе 10% раст на бројот на клиенти, 11% раст на кредитното портфолио и 15% раст на депозитното порфолио. Кустурица најавува и 60 милиони евра инвестиции во инфраструктура и дигитализација за унапредување на квалитетот на услугите, 500 илјади евра вложувања во заедницата преку Sparkasse Life платформата за општествена одговорност и континуирано вложување во задоволството и професионалниот развој на вработените кои се движечка сила на бизнисот.
Банки
Халкбанк го нуди Halk Smart пакетот со повеќе банкарски услуги за 150 денари месечно
Халкбанк АД Скопје го промовира Halk Smart пакетот, кој на корисниците им овозможува користење повеќе банкарски и дополнителни услуги за месечен надоместок од 150 денари.
Во рамки на пакетот се вклучени одржување на платежна сметка, дебитна картичка, електронско и мобилно банкарство, како и СМС известувања.
Корисниците на Halk Smart имаат можност и за повлекување готовина без надоместок од банкоматите на сите банки во земјата.
Дополнително, во пакетот е вклучена и услугата ORYX Home Assistance, која обезбедува 24-часовна помош при штети и дефекти во домот.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
НЛБ Групацијата влегува во сопственичката структура на Дежелна Банка Словенија д.д
НЛБ Групацијата склучи договор за купување акции со Скупина ПРВА д.д. и нејзините поврзани страни, за стекнување на 25.66% од акциите на Дежелна Банка Словенија д.д (ДБС), извести вчера НЛБ. Завршувањето на трансакцијата се очекува по добивањето на сите потребни регулаторни одобренија, најверојатно во втората половина од следната година. Покрај тоа, Групацијата ја разгледува и можноста за стекнување дополнителни акции во ДБС.
Со оваа планирана инвестиција, НЛБ Групацијата ја нагласува важноста на земјоделскиот сектор, област во која ДБС има значајно присуство преку своите производи и услуги. Во рамки на НЛБ Групацијата, земјоделството долго време се третира како сектор со пошироко општествено значење.
„Во време кога светот се соочува со сè поголема неизвесност, можноста за обезбедување сигурен домашен синџир на снабдување со храна стана стратешко прашање. Словенечките земјоделци, производителите на храна, агро-прехранбените компании и земјоделскиот сектор во целина имаат клучна улога не само во обезбедувањето прехранбена сигурност, туку и во пошироката словенечка економија, националната отпорност, како и во зачувувањето на традицијата, идентитетот и иднината на нашето општество и словенечкиот пејзаж“ – истакнува Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ.
Бродњак посочи дека, како водечка Банка во Словенија, НЛБ има улога на клучен развоен партнер и додаде дека целта на планираното стекнување на овој сопственички удел е дополнително зајакнување на системската улога на НЛБ и нејзин придонес во обликувањето на иднината на Словенија.
Компаниите од Групацијата ПРВА поседуваат сопственички удел во ДБС првенствено преку нивната улога како управувачи со пензиски фондови, чии инвестициски портфолија вклучуваат акции од Банката. Акции од Банката се дел и од инвестициските портфолија на Групацијата ПРВА и ПРВА Финансии.
Банки
ММФ: Независна Народна банка е клучна за ценовната и финансиската стабилност
Независноста на централните банки е клучна за зачувување на ценовната и финансиската стабилност, особено во услови на висока глобална неизвесност, зголемен јавен долг, геополитички тензии и брзи технолошки промени, оценува Бо Ли, заменик-генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд.
Во интервју со НБРМ, посветено на улогата на централните банки, Ли посочува дека искуството од различни земји покажува оти независните монетарни институции се во подобра позиција да ја контролираат инфлацијата, да ги стабилизираат инфлациските очекувања и навремено да реагираат на економски шокови.
Според него, тоа особено се покажало во периодот по пандемијата, кога централните банки одговориле со заострување на монетарната политика во услови на инфлација каква што не била забележана со децении.
Ли предупредува дека политичките притисоци врз монетарната политика можат да создадат сериозни економски последици. Доколку каматните стапки се одржуваат на пониско ниво од она што го бара економската состојба, може да следуваат повисока и подолготрајна инфлација, зголемени премии за ризик, девизни притисоци и намалување на инвестициската активност.
Притоа, како што посочува, најголемиот товар од високата инфлација најчесто го чувствуваат домаќинствата со најниски приходи.
„Доколку пазарите и јавноста стекнат впечаток дека одлуките се носат во функција на политички цели, наместо во согласност со законскиот мандат, се намалува довербата во институцијата, а со тоа и ефикасноста на монетарната политика“, предупредува Ли.
Тој нагласува дека независноста на централната банка не значи отсуство на отчетност. Напротив, таа мора да биде придружена со добро управување, транспарентност, јасна комуникација и силни механизми на отчетност.
Посебно внимание во интервјуто е посветено и на Северна Македонија. Според Ли, во мала и отворена економија со фиксен девизен курс, довербата во монетарните и финансиските институции има суштинска улога во одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и во создавањето услови за одржлив економски раст.
Тој оценува дека Народната банка во изминатите години континуирано ги зајакнувала рамките за носење политики, транспарентноста и комуникацијата, притоа задржувајќи јасен фокус на исполнувањето на својот мандат.
„Овие напори придонесоа за зајакнување на довербата на јавноста и за одржување на макроекономската стабилност, особено во периоди на зголемена глобална неизвесност“, посочува заменик-генералниот директор на ММФ.
Ли додава дека за малите економии институционалниот кредибилитет е особено важен при надворешни шокови, како нестабилни цени на примарните производи или промени во условите за надворешно финансирање.
За одржување на довербата, според него, потребни се јасен законски мандат, оперативна автономија, доследни политики, квалитетни податоци, професионален кадар и координација со останатите макроекономски политики.
ММФ, пак, ја поддржува независноста на централните банки преку совети за политики, техничка помош, обуки и истражувања.
Ли ја издвојува Северна Македонија и како позитивен пример во однос на транспарентноста. Земјата била меѓу првите во кои била спроведена проценка според Кодексот за транспарентност на централните банки на ММФ, при што било утврдено дека Народната банка применува напредни практики на транспарентност и ужива висок степен на доверба кај јавноста.
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии





