Connect with us
no baners

Банки

Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува – нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка ја претставува својата најнова кампања за потрошувачки и станбен кредит, која нуди фиксни каматни стапки и фиксни месечни рати, обезбедувајќи финансиска сигурност и стабилност за сите клиенти. Оваа понуда е одлична можност за полесно и поефикасно планирање на финансиските обврски и дава поголема контрола врз личните финансии.

Клучните карактеристики на новите кредитни понуди вклучуваат сигурност и стабилност, овозможена преку фиксни каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит, за долгорочно планирање без изненадувања. Шпаркасе Банка нуди иновативни решенија и услуги со највисок квалитет, внимателно приспособени на потребите на секој клиент, притоа водејќи сметка за финансиското здравје на заедницата.

Со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3,19 % за првите 10 години, понудата за Станбен кредит им овозможува на клиентите да изберат сигурност со каматни стапки што нема да се менуваат за период до 10 години. Кредитите се достапни со максимален износ до 400.000 ЕУР и рок на отплата до 30 години, при што клиентите имаат можност да вклучат и полиса за животно осигурување.

Фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, со максимален износ до 1.500.000 МКД ја прави единствена понудата за Потрошувачки кредит. Без потреба од жиранти, овој кредит нуди финансиска стабилност и сигурност со фиксна рата за целиот рок на отплата и вклучено кредитно животно/неживотно осигурување.

„Со оваа кампања ја истакнуваме нашата посветеност кон финансиската стабилност на нашите клиенти. Преку фиксните каматни стапки, им овозможуваме да планираат долгорочно и да имаат поголема контрола врз своите финансиски обврски. Нашата цел е да понудиме иновативни решенија со врвен квалитет на услуги, градејќи долгорочни и стабилни односи со нашите клиенти“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации.

За повеќе информации, јавете се на контакт-телефонот 02/15050, посетете ја веб-страницата www.sparkasse.mk или некоја од најблиските експозитури на Шпаркасе Банка АД Скопје.

#ВерувајВоИднината

no baners
no baners

Банки

Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор

Објавено

на

Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.

Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.

Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.

Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.

Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.

Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.

Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.

Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.

Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.

За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange