Connect with us
no baners

Останато

Се одржа првиот едукативен настан во рамките на Осмото издaние на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво АД Скопје, Триглав Пензиско друштво АД Скопје и ВФП пензиско друштво АД Скопје, денес го посетија Универзитетот Скопје, и се обратија пред 50тина студенти и професори и на едукативното предавање дадоа посебен осврт на капитално финансираното пензиско осигурување.

За таа цел членот на Советот на експерти на МАПАС Дарко Саздов, членот на Управен одбор на Сава пензиско друштво д-р Петар Талески како и претставниците на маркетинг тимовите на КБ Прво пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и ВФП Пензиско друштво во своите излагања ја доближија реформата до присутните со цел да им помогнат да се стекнат со повеќе познавања и со поголема сигурност во иднина да носат одлуки.

Деновите на финансиската писменост, се организирани како едукативни предавања, а во рамките на следните денови ќе бидат посетени уште две институции и тоа:

  • 27.11.2024 во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ – Општина Бутел;
  • 28.11.2024 во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Кисела Вода.

Останато

Национална агенција за наплата (NAN): Една година градење доверба и финансиска дисциплина

Објавено

на

Социјално одговорниот пристап кон финансиската дисциплина и наплатата на побарувања доби нов облик во Македонија. Национална агенција за наплата (NAN), која е дел од Flex Group, денес го одбележа првиот роденден, со осврт на резултатите постигнати во првата година од своето работење.

Основана како одговор на сè поголемите предизвици во наплатата на побарувања, NAN функционира како платформа што овозможува правна, но флексибилна и дискретна наплата, без притисоци врз клиентите и со почит кон етичките стандарди.

Компанијата започна со работа како внатрешен сервис за поддршка на наплатата во рамки на Flex Group, но за брзо време ја прошири својата дејност и кон надворешни клиенти, домашни компании кои имаат потреба од професионален и транспарентен пристап во наплатата. За само една година, NAN воспостави партнерства со една банка, неколку финансиски институции и компании од нефинансискиот сектор, уште една потврда за довербата во етичкиот модел на наплата.

Од компанијата велат дека првата година била година на позиционирање на моделот:

Нашата цел беше да го воспоставиме процесот, да изградиме доверба и да покажеме дека наплатата може да се води на достоинствен начин, со фокус на одржување на добри деловни односи. Процесот на наплата кај нас е индивидуализиран и целосно усогласен со законските регулативи. Секој случај го третираме со високо ниво на етика, професионалност и транспарентност, како кон клиентите, така и кон должниците. Веруваме дека успешната наплата не значи само подобрување на ликвидноста, туку и создавање фер услови за отплата, со целосна заштита на личните податоци и почит кон секој учесник во процесот,“ информираат од тимот на NAN.

Покрај работата со правни и физички лица, NAN вложува и во дигитализација на процесите, автоматизирана комуникација и аналитика, со што овозможува поефикасна поддршка за клиентите и побрза наплата.

По една година работење, компанијата бележи зголемена побарувачка за услугите и позитивен тренд во повратот на средства. Иако пазарот на управување со побарувања сè уште се гради, од NAN најавуваат дека ќе продолжат со вложување во транспарентна пракса, соработка со компании од различни индустрии и отворање на нови модели за партнерства.

Продолжи со читање

Останато

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) донесе решение за суспензија на инспектори кои се поврзуваат со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Мерката следи по објавени информации за интензивна комуникација меѓу претставници на УЈП, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници и сопствениците на објектот.

Во тек е внатрешна контрола и проверка на наводите. Суспензијата ќе остане на сила сè додека не се утврди фактичката состојба,“ соопштија од УЈП.

Објавените комуникации отвораат сомнежи за можни коруптивни дејствија на дел од инспекторите и полициските службеници.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се води предистражна постапка во која, покрај УЈП, се опфатени и други институции.

Продолжи со читање

Останато

Цигарите поскапeа: Ново зголемување на цените за пушачите во Македонија

Објавено

на

Пушачите низ Македонија ќе мора да издвојат повеќе пари за цигари, бидејќи цената на сите брендови е зголемена за 10 денари по пакување. Ова е дел од редовното усогласување со акцизната политика, која предвидува постепено покачување на акцизите на тутунските производи.

Новите цени веќе се применуваат во трафиките и супермаркетите низ државата. Така, најчесто купуваните брендови, кои до вчера чинеа 120 денари, сега достигнаа цена од 130 денари. Поскапите брендови веќе надминуваат 170 денари по пакување.

Министерството за финансии потсетува дека акцизниот календар е усогласен до 2027 година и има двојна цел: да обезбеди дополнителни приходи во буџетот и истовремено да придонесе за намалување на бројот на пушачи.

Трговците забележуваат дека по секое поскапување продажбата бележи краткотраен пад, но побарувачката брзо се стабилизира. Од друга страна, дел од пушачите велат дека новите цени ги тераат сериозно да размислат за намалување или целосно откажување од цигарите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange