Connect with us
no baners

Продукти

Промотивен депозит со исплата на камата веднаш – Уникатна понуда за штедење од ПроКредит Банка

Објавено

на

Оваа есен ПроКредит Банка го започнува Месецот на штедење многу порано и со уште поатрактивна понуда со којашто каматата се исплаќа однапред, на денот на орочување!  

ПроКредит Банка повторно ја зацврстува својата посветеност кон поттикнување на културата на штедење со својата нова и уникатна понуда, што е одлична можност за оние кои сакаат да ги искористат своите финансии веднаш.

Промотивниот Авансен депозит е идеален за оние кои бараат финансиска флексибилност, но и стабилност на своите заштеди. Со промотивна каматна стапка од 3,8% за депозити во денари, 2,7% за депозити во евра и рок на доспевање од само 13 месеци, овој производ на ПроКредит Банка им дава на клиентите можност за користење на сите поволности за штедење без да ги врзуваат своите средства на долг рок. 

Една од клучните карактеристики на авансниот депозит е слободата што ја нуди – клиентите можат веднаш да одлучат како да ја искористат својата камата: да ја подигнат од својата сметка, да ја користат со својата картичка или повторно да ја вложат на штедна сметка и да добијат дополнителна камата.

ПроКредит Банка, со своето 20-годишно искуство и германски капитал, продолжува да им нуди на своите клиенти иновативни и атрактивни депозитни продукти со стимулативни каматни стапки. Дополнителен бенефит е достапноста на советниците за клиенти, кои се тука за пресметки и дополнителни информации, физички и преку дигиталните канали на банката.

Повеќе информации за авансниот депозит се достапни на веб-страницата на ПроКредит Банка.

no baners
no baners

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање

Бизнис

Visa: Влегуваме во нова ера во која купуваат потрошувачите, компаниите и AI-агентите

Објавено

на

Иднината на трговијата ја обликуваат тројца чинители: потрошувачите, бизнисите и, сè повеќе, AI-агентите кои дејствуваат во име на корисниците. Ова беше една од клучните теми на Visa Connect SEE, регионалниот форум на Visa, кој во Белград собра околу 150 лидери од банкарскиот и финансискиот сектор, како и експерти на Visa, за да разговараат за иднината на плаќањата, трговијата и корисничките искуства.

Во Југоисточна Европа, обемот на безготовинските плаќања расте за 21% годишно, додека околу 80% од граѓаните активно користат банкарски услуги. Истовремено, потрошувачите сè побрзо ги прифаќаат дигиталните искуства и очекуваат плаќањата да бидат брзи, едноставни и безбедни, без оглед на тоа каде и како купуваат.

„Потрошувачот суштински се промени. Луѓето повеќе не го делат искуството на купување на различни начини и места. Тие не го одвојуваат онлајн од офлајн, домашното од прекуграничното, ниту плаќањата од трговијата. Едноставно очекуваат секоја интеракција да биде непосредна, интуитивна и безбедна. Во Југоисточна Европа бележиме континуиран раст на користењето дигитални плаќања, додека потрошувачите сè повеќе бараат искуства што се поедноставни, персонализирани и поврзани. Оваа еволуција создава нови можности за банките, трговците и финтек-компаниите да го преосмислат начинот на кој комуницираат со своите клиенти“, истакна Ана Драшковиќ, потпретседателка на Visa и генерален директор за Југоисточна Европа.

Дискусиите во рамки на Visa Connect SEE покажаа како иновациите ја трансформираат секоја фаза од процесот на купување – од начинот на кој потрошувачите ги откриваат производите и услугите, па сè до начинот на кој плаќаат и префрлаат пари.

Еден од најзначајните развои е појавата на AI-агенти кои можат да им помагаат на потрошувачите во текот на целиот процес на купување. Истражувањата покажуваат дека 78% од граѓаните на Србија веќе користат вештачка интелигенција за да им помогне при донесувањето одлуки за купување, додека само 9% во моментов би му довериле на AI да изврши плаќање во нивно име.

Според експертите на Visa, следната фаза на дигиталната трговија ќе значи надминување на улогата на AI како алатка за препораки и негово постепено насочување кон преземање конкретни активности. Тоа ќе им помогне на потрошувачите поефикасно да пребаруваат, споредуваат и купуваат производи, при што контролата останува во рацете на човекот. Во исто време, користењето дигитални плаќања продолжува забрзано да расте, а Visa во изминатите четири години го прошири бројот на локации на кои се прифаќаат нејзините плаќања во поширокиот регион, од 10 милиони на 21 милион.

Зборувајќи за можностите и предизвиците што ги носи оваа трансформација, Сергиј Мартинчук, виш потпретседател на Visa и директор за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказот, истакна:

„Потрошувачите и бизнисите сè повеќе бараат побрзи и поедноставни начини за плаќање, префрлање и примање пари. Истовремено, тие очекуваат безбедноста и довербата да бидат составен дел од секоја интеракција. Додека го менуваме начинот на кој парите се движат низ нашиот регион, нашиот фокус е насочен кон тоа да им помогнеме на клиентите да ги исполнат тие очекувања преку поголема прифатеност на дигиталните плаќања, токенизација, можности за прекугранични трансакции како што е Visa Direct,
како и иновации што ја прават дигиталната трговија поедноставна и побезбедна. Вистинската можност не е само во воведувањето нови технологии, туку во претворањето на иновациите во секојдневни искуства во кои луѓето имаат доверба“
, порача Мартинчук.

Клучната порака од Visa Connect SEE е дека иднината на трговијата нема да биде дефинирана од ниту една поединечна технологија. Додека вештачката интелигенција, токенизацијата и трансферот на пари во реално време го менуваат начинот на кој потрошувачите и бизнисите комуницираат со парите, долгорочниот успех ќе зависи од способноста за комбинирање на иновациите, довербата и соработката во рамки на целиот екосистем.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange