Connect with us

Продукти

„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

Објавено

на

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.

Во промотивниот период од 1 октомври до 15 ноември годинава, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на 5,9% за сите плаќања со НЛБ Visa кредитните картичките, овозможувајќи им на клиентите да уживаат поголема удобност при користење на нивните картички во секојдневните купувања.

Намалените каматни стапки се однесуваат за сите безготовински трансакции направени во промотивниот период и ќе се применуваат за целиот период на отплата.

Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои на корисниците им овозможуваат финансиска флексибилност, комоција на одложено плаќање на обврските и самостојно управување на отплатата, со месечна отплата од минимум 5% од вкупните трошоци.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката: https://nlb.mk/.

Банки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Објавено

на

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки станбени и хипотекарни  кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.

Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денариОнлајн потрошувачки кредитСтанбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.  

Со ова клиентите добиваат:

  • Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
  • Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
  • Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
  • Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка најавува нов изглед и иновативни функционалности за Интернет банка за да одговори на современите потреби на корисниците

Објавено

на

Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство.

Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на корисниците.

Што носи новата Интернет банка?

  • Интуитивен и модерен дизајн за лесно користење
  • Напредни алатки за подобро управување со финансиите
  • Брзи трансакции со омилени налози
  • 24/7 преглед и контрола врз финансиите

Подготви се за ново ниво на твоето дигитално банкарство!

Погледнете ги новиот изглед и новите функционалности на Интернет банката на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ СО ДИГИТАЛНИ АКСЕСОАРИ – Халкбанк воведува нов тренд на дигитално плаќање!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје воведува нов тренд на дигитално плаќање и Ви овозможува лесно, модерно и безбедно извршување на платежни трансакции со новите дигитални аксесоари.

Халкбанк уште еднаш се афирмира како лидер во воведување на нови технологии и дигитални решенија во банкарскиот сектор.

Со дигиталните аксесоари добивате практично решение за плаќање во движење, без да носите паричник, телефон, платежна картичка или готовина.

Доколку сте корисник на Mastercard платежна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје, преку мобилната апликацијата Fidesmо Pay може лесно да го поврзете аксесоарот за плаќање, со кој ќе го поедноставите секојдневното функционирање и плаќање.

Што е Fidesmo Pay?

Fidesmo Pay e апликација преку која се дигитализираат Вашите дебитни и кредитни платежни картички од брендот Mastercard издадени од Халкбанк АД Скопје и со успешно активирање на аксесоарот на корисникот ќе му биде овозможено да извршува бесконтактни платежни трансакции.

Користи Near Field Communication (NFC) технологија која овозможува брзи и безбедни бесконтактни плаќања. Корисниците можат едноставно да го приближат аксесоарот до платежниот терминал за да извршат плаќање.

Плаќајте на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање, подигнете готовина од сите бесконтактни АТМ-ми со Вашиот дигитален аксесоар.

Отсега трчајте без телефон, шетајте без паричник и плаќајте и без грижи со Вашиот прстен, алка или привезок.

Аплицирајте во најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје и при подигнување на картичката, го подигнувате и премиум додатокот за плаќање.

Продолжи со читање

Популарно