Connect with us
no baners

Бизнис

Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати

Објавено

на

Што се случува кога ќе се соберат тимови од пет различни држави, секој со своја култура, пазар и искуство? Ако ги слушате разговорите, погледнете насмевките и идеите што се разменуваат ќе сфатите дека не зборуваме само за конференција, туку за создавање на заедничка визија.

Третата годишна продажна конференција на Flex Credit Босна и Херцеговина не беше класичен собир за презентација на резултати. Беше доказ дека кога ќе се обединат различности од Македонија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се раѓа сила што не признава граници.

Секоја презентација носеше повеќе од бројки, носеше вистински приказни од теренот, научени лекции, нови пристапи и моменти на триумф. Различните пазари споделија што функционира, што може подобро и како заедно можат да бидат поефикасни и пофокусирани на клиентот.

Flex Credit уште еднаш покажа дека зад секој успех стои човек, посветеност и верба во заедничка иднина.

Кога продажбата ќе стане човечка приказна, тогаш и успехот станува неизбежен.

Овој текст е изработен од FlexCredit. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Бизнис

АЕТСМ: Јавен повик за бесплатни верификации на 10 е-продавници за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на годинешната национална кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, која се реализира со поддршка на компанијата Visa.

Поради големиот интерес и позитивните резултати од претходните повици во претходните две години, и оваа година ќе бидат поддржани 10 компании кои ќе имаат можност целосно бесплатно да ја добијат верификацијата. Сите избрани е-трговци ќе добијат и бесплатен Беџ за верификуван е-трговец, кој ќе можат да го постават на своите веб-страници како јасна ознака за доверба и сигурност. Со тоа, тие ќе се приклучат на заедницата од над 80 е-продавници во земјата кои веќе се носители на овој симбол.

Беџот за верификуван е-трговец е видлива ознака на доверба што јасно покажува дека:

  • станува збор за регистриран правен субјект,
  • продавницата е проверена од АЕТСМ според важечките регулативи,
  • е дел од официјалниот Регистар на е-трговци.

Со оваа ознака, купувачите полесно препознаваат сигурни и проверени е-продавници, а компаниите добиваат можност да се издвојат од нелојалната конкуренција и нерегистрираните продавачи.

Погодни за апликација се сите правни субјекти кои се микро, мали или средни претпријатија, кои моментално продаваат производи и/или услуги онлајн, имаат комплетно пополнета апликација и досега не биле поддржани во претходен јавен повик на АЕТСМ. Аплицирањето е едноставно и целосно онлајн преку овој линк.

Рокот за аплицирање е до 10 октомври 2025 година, до полноќ. Критериумите за
евалуација на апликантите може да се погледнат овде.

Сите информации за досега верификуваните е-трговци и за Беџот за верификуван е-трговец, можат да се погледнат на платформата ecommerce.mk/badge, која овозможува автоматизирано поднесување, управување и обновување на Беџот. Купувачите пак, во било кое време можат да ги проверат сите регистрирани и верификувани домашни е-трговци пред да направат купување, доколку не се сигурни.

Инаку, овој јавен повик се реализира со поддршка на компанијата Visa, која трета година по ред е партнер на АЕТСМ во иницијативите за унапредување на е-трговијата и зголемување на довербата кај онлајн купувачите. Оваа иницијатива директно придонесува за зголемување на довербата во е-трговијата, јакнење на транспарентноста и намалување на сивата економија, а воедно ги охрабрува е-трговците да работат професионално и во согласност со законските обврски.

Продолжи со читање

Бизнис

FlexCredit: Романија покажа што значи „сплотени за извонредност“

Објавено

на

FlexCredit Романија на 13 септември, под мотото „United, stronger for Excellence“, се одржа Годишната продажна конференција, настан кој не беше само анализа на постигнатото, туку вистинска прослава на заедништвото, синергијата и визијата.

Присуството на колеги од повеќе држави од групацијата, меѓу кои и од FlexCredit Македонија, беше потсетник дека културните и пазарните разлики не се пречка, туку предност. Кога има меѓусебна поддршка и искрена соработка, резултатите не само што се подобри, туку и потрајни.

Конференцијата ги отвори прашањата што се важни и за македонскиот пазар: Како да се гради успех преку доверба? Како да се задржи човечкиот фокус во дигитална ера? И како секоја иновација, секој нов клиент претставува дел од поголема, долгорочна стратегија?

FlexCredit во регионов не е само финансиска институција. Тоа е тим што дише како едно. И токму затоа извонредноста не е случајност, туку избор, направен секој ден, од секој член на оваа приказна, која не потсети дека вистинскиот успех секогаш започнува со луѓето.

ПР Објава: Овој текст е изработен од FlexCredit. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Продолжи со читање

Бизнис

КИБС доби лиценца за работа со инстант плаќања

Објавено

на

Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје – КИБС АД Скопје, на 17.9.2025 година доби дозвола од Народната банка на Република Македонија за оператор на платен систем за инстант кредитни трансфери во денари согласно Законот за платежни услуги и платни системи.

Со овој значаен чекор се заокружува поставувањето на платформата на платниот систем КИБС Инстант, која истовремено е централно решение за извршување инстант плаќања во земјата, како и поставувањето на платформата што овозможува канали за иницирање и прифаќање инстант плаќања од крајните корисници.

Инстант плаќањата претставуваат револуционерна иновација кај плаќањата, овозможувајќи трансфери на средства од сметка на сметка за помалку од 10 секунди, достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, без оглед на тоа дали сметките на праќачот и примачот се кај ист или кај различен учесник во платниот систем.

Со добивањето на оваа лиценца, Република Македонија станува подготвена да се усогласи со највисоките европски стандарди во областа на платните системи. Системот за инстант плаќања носи голем број придобивки, за граѓаните – удобност и брзина, за компаниите – подобра ликвидност и поефикасна наплата, а за целата економија – намалени трошоци и поголема дигитализација на финансиските текови.

Овој напредок се надоврзува на новата регулатива на ЕУ за инстант плаќања, која влезе во сила на 9 јануари 2025 година и со која банките и другите даватели на платежни услуги во земјите од ЕУ и ЕЕА се обврзани да примаат и да иницираат вакви плаќања во евра. Иако регулативата сè уште не е транспонирана во домашното законодавство, КИБС АД Скопје со оваа поставена платформа веќе е целосно усогласен со европските стандарди и освен домашни инстант плаќања, овозможува и идно поврзување со шемата СЕПА за прекугранични инстант плаќања.

Како водечка компанија во дигиталната трансформација во земјата, КИБС континуирано се стреми на бизнисите, граѓаните и на државата да им овозможи пристап до технолошки иновативни услуги што го поддржуваат развојот на модерната економија. Со воведувањето на инстант плаќањата се отвораат нови можности за крајните корисници на платежните услуги во насока на унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на иновациите на пазарот на плаќања.

КИБС останува стабилен и доверлив партнер на банките, трезорите и другите даватели на платежни услуги што ќе прават испорака на оваа и на останатите услуги поврзани со плаќања и сметки, а истовремено ќе продолжи и со нивно унапредување следејќи ги глобалните трендови.

ПР Објава: Овој текст е изработен од Кибс АД Скопје. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange