Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

Визијата на УНИБанка е да биде константен лидер во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.

Целта на банката е да одбира млад кадар и да им овозможи своето работно искуство да го стекнат во УНИБанка. Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…
Референт на благајна во експозитура во Скопје

Kвaлификации:

  • Диплома за завршено најмалку средно образование;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини;
  • Желба за непосредна работа со клиенти;
  • Прецизност, точност и аналитички пристап во работењето;
  • Афинитети за тимска работа и работа под притисок;
  • Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 04.04.2023 година.

Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Вработување

Комерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. 

Работна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до 02.04.2025 година.

Работни цели и задачи:

  • Отворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
  • Изготвување амортизациони планови и испраќање до коминтентите;
  • Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби;
  • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
  • Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
  • Дефинирање партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранцијата;
  • Книжење на извршените уплати по основ на денарски гаранции;
  • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
  • Изготвување налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока сметководство и ревизија);
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на[email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Вработување

Германија ги намалува квотите за работници од Македонија и Балканот

Објавено

на

Германија донесе одлука да го намали бројот на дозволени годишни работни визи за граѓаните од Македонија и останатите балкански земји, од досегашните 50.000 на 25.000. Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и нови политики насочени кон ограничување на имиграцијата.

Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена. Многу сектори, особено градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно. Дополнителен фактор што влијаеше на оваа одлука е значителниот број Украинци кои поради војната добија право на престој и работа во Германија.

Од 2016 година, балканските држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора – добија можност за легален влез на нискоквалификувани работници во Германија. Сепак, со најновите измени, оваа бројка е значително намалена, што предизвика реакции од германските работодавачи.

Бизнис заедницата во Германија веќе ја изрази својата загриженост дека ова ограничување може да доведе до недостиг на работна сила во сектори како градежништвото, угостителството и негата. И покрај намалените квоти, сè уште постои можност за индивидуално вработување, доколку работодавач од Германија обезбеди потврда дека нема пријавени домашни или ЕУ работници за одредена позиција. Со оваа потврда, македонските граѓани можат да поднесат барање за работна дозвола во германското конзуларно одделение.

Синдикатите и деловните здруженија предупредуваат дека работниците од Балканот биле значаен дел од германската економија и дека оваа мерка може да создаде проблеми во некои индустрии. Од друга страна, зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата.

Како ќе се одразат овие промени врз македонските работници и дали ќе се отворат нови можности во други европски земји, останува да се види во наредниот период.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување на банкарски службеник во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ГЕВГЕЛИЈА во Служба за мрежа на експозитури. 

Потребни квалификации: 

  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома 
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење 
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point) 
  • Одлично познавање на англиски јазик 
  • Добро познавање на банкарските производи 
  • Добри организациски и комуникациски вештини 
  • Прецизност, доверливост и чесност во извршување на работните задачи 
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност 

Дел од работните задачи: 

  • Врши готовинско и безготовинско работење; 
  • Врши менувачко работење;
  • Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен; 
  • Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација; 
  • Ги советува клиентите за користење на конкретни производи на банката; 
  • Ги промовира производите и услугите на банката; 
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката; 
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи. 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој 
  • Динамична работна средина 
  • Слободен ден за роденден 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected], со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Гевгелија”, најдоцна до 18.03.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Продолжи со читање

Популарно