Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Лизинг
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Лизинг ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Лизинг вработува Член на Управен одбор задолжен за управување со ризици и финансии.
Што ќе биде твојата улога:
- Учество во донесување одлуки и грижа за спроведување на деловната политика и плановите на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје, со цел остварување на стратешките, оперативните и финансиските цели, дефинирани од страна на Надзорниот одбор и другите релевантни управни и надзорни органи и тела
- Одлично да ја познавате работата на Секторот за Финансии и Секторот за управување со ризиците
- Јасна визија за правецот на движење на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје во делот на дигитализацијата и унапредување на ефикасноста
- Учество во изработка на програмски решенија и планови на активности за потребите на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје
- Координира и учествува во изработка на стратешкиот план и го координира процесот на оперативно планирање и предвидување
- Управување и надзор на процесите поврзани со годишно буџетирање и учество во дефинирање и следење на стратешките цели (KPI’s)
- Се грижи за изработка, имплементација и примена на Риск политиките и процедурите во согласност со Групациските стандарди и законската регулатива
- Организира изработка на периодични и годишни сметки и се грижи за нивно навремено доставување
- Организира навремено доставување на интерните извештаи и екстерните извештаи до надлежните институции
- Активно учество во заедничките/групациските лизинг проекти, координација и известување
- Го координира процесот на обезбедување на податоци за екстерна и интерна ревизија на финансиските извештаи
- Врши контрола и мониторинг на планските остварувања на деловните линии и ги контролира изготвените анализи за работењето
- Дава предлози за поефикасно управување со активата и пасивата на Лизингот
- Воведување на АЛМ групациски стандарди и развој на Funds Transfer Pricing систем
- Го следи работењето на вработените и изготвува цели за систем за наградување
- Учество во процесот на утврдување на резервациите на месечна основа
- Планирање, буџетирање и форкаст на салдото на NPL, default rates, резервациите и исправката на вредност покриеноста на портфолиото со резервации, дистрибуцијата на кредитното портфолио, SRC, адекватноста на капиталот
- Пресметка на ризично пондерираната актива (RWA) дефинирање на методологија за пресметка на ризично пондерираната актива, мониторинг, известување и стрес-тестирање
- Го поттикнува тимскиот дух, соработката и развивање на лидерски вештини помеѓу клучните вработени
- Ги запознава вработените за насоките на деловната политика и се грижи за овозможување нивен развојот
Квалификации кои се потребни:
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на управување со ризици и финансии и 3 години менаџерско искуство, ќе се смета за предност
- ВСС – Економски факултет
- Активно познавање на англиски јазик и MS Office
- Лидерски и менаџерски способности и изразени комуникациски вештини
- Енергичност, креативност, ентузијазам, способност за тимска работа, прифаќање на предизвиците и превземање на одговорност, иницијативност, доверливост, флексибилност и посветеност кон работата
Шпаркасе Лизинг Ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected], заклучно со 07.07.2023 со назнака „Член на Управен одбор во Шпаркасе Лизинг Доо Скопје“.
* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
* Ве молиме за доставување на Ваша согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 1 година, доколку сте согласни со тоа. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.s-leasing.mk.
Кариера
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за FULL STACK DEVELOPER (Специјалист за апликативни решенија – ИТ Сектор) во Сектор за ИТ.
Локација: Скопје
Вработување на полно работно време
Што бара Банката?
Силк Роуд Банка бара Full Stack Developer со искуство во банкарски или финансиски системи, кој сака да работи на реални продукциски системи – интеграции, автоматизации, backend логика, API комуникации и оптимизација на бази.
Кандидатот кој се бара ќе работи на развој и унапредување на интерни апликативни решенија и интеграции со core banking системи.
Технологии со кои ќе работи:
- PHP (backend development)
- SQL (complex queries, optimization)
- REST / SOAP Web Services
- HTML / CSS / JavaScript
- API integrations
- Database-driven applications

Дел од работните задачи:
- Развој и одржување на веб и backend апликации
- Развој на интеграции со интерни и надворешни системи
- Оптимизација на SQL перформанси
- Анализа и решавање на продукциски инциденти
- Code review и подобрување на постоечки решенија
- Техничка документација
- Учество во дигитализација и автоматизација на процеси
Потребни квалификации:
- 3+ години искуство како Full Stack или Backend Developer
- Солидно познавање на PHP
- Солидно познавање на SQL
- Искуство со Web Services
- Искуство во банкарски или финансиски системи ќе се смета за значајна предност
- Добро познавање на англиски јазик
- ➕ Предност ќе имаат кандидати со искуство со:
- Oracle Database PL/SQL
- Linux околина
Бенефиции / Придобивки:
- Работа на реални, продукциски системи со висок степен на одговорност;
- Компетитивна плата и дополнителни бенефиции;
- Можност за технички развој и учество во комплексни интеграции;
- Стабилност и долгорочна кариерна перспектива.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “FULL STACK DEVELOPER – Специјалист за апликативни решенија”, најдоцна до 09.04.2026 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Анализи
Job hugging: зошто вработените сè почесто избираат сигурност наместо промена на работното место
До пред неколку години, менувањето работа се сметаше за знак на амбиција. Денес сè почесто се зборува за спротивниот тренд job hugging. Станува збор за појава во која вработените остануваат на истото работно место, дури и кога не се целосно задоволни. Причината не е недостаток на амбиција, туку чувство на несигурност.
Од job hopping до job hugging
Некогаш job hopping беше популарна стратегија. Вработените менуваа работодавачи за побрзо да напредуваат и да ги зголемат приходите. Ова особено беше изразено кај помладите генерации.
Денес, сè повеќе луѓе избираат да останат. Job hugging станува нова норма. Стабилноста станува поважна од брзиот напредок.
Стравот од несигурност ги менува одлуките
Главниот двигател на овој тренд е стравот. Инфлацијата, растот на трошоците и нестабилниот пазар на труд влијаат врз однесувањето на вработените. Вестите за отпуштања дополнително ја зголемуваат претпазливоста.
Поради тоа, вработените ја избираат сигурноста. Работат коректно и избегнуваат конфликти. Ретко бараат покачувања или подобри услови. Стабилната работа станува приоритет.
Поголема плата често доаѓа со промена
И покрај тоа, пазарот на труд наградува поинакво однесување. Вработените кои менуваат работа често побрзо ги зголемуваат примањата.
Внатрешните покачувања обично изнесуваат 3 до 5% на секои две години. Од друга страна, промената на работа може да донесе зголемување од 10 до 15%. На подолг рок, разликата може да достигне и до 50%.
Причината е едноставна, компаниите полесно нудат повисоки плати на нови вработени отколку на постоечките.
Зошто луѓето сепак остануваат?
Промената на работа носи ризик. Нови колеги, нова организациска култура и нови очекувања можат да бидат стресни. Во несигурни времиња, многумина не се подготвени да го преземат тој ризик.
Дополнително, се промени и перцепцијата за стабилноста. Помладите генерации растеле во услови на кризи и неизвесност. За нив, сигурната работа е рационален избор, а не знак на стагнација.
Нова логика на кариера
Ова не значи дека мобилноста исчезнала. Промената на работа и понатаму може да биде важен алат за напредок. Но, вработените денес повнимателно ги носат одлуките.
Меѓу амбицијата и сигурноста, многумина ја избираат сигурноста, токму тоа го дефинира феноменот job hugging.
Овој тренд повеќе зборува за состојбата во општеството отколку за самите кариери. Во несигурни времиња, дури и амбициозните професионалци стануваат повнимателни.
Job hugging како одраз на времето
Job hugging не е знак на слабост, туку адаптација. Тој покажува како вработените реагираат на неизвесноста. Во такво опкружување, сигурноста често ја надминува амбицијата.
Сепак, на долг рок останува истото прашање, дали сигурноста секогаш ќе биде поисплатлива од ризикот?
Кариера
Во Министерството за економија и труд потпишан нов колективен договор за постепено зголемување на платите во администрацијата до 21%
Во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој се предвидува постепено зголемување на платите на административните службеници во наредните три години, информираше Независниот синдикат на државната администрација на Македонија.
Според договорот, растот на платите ќе се реализира во три фази: зголемување од 7 проценти од 1 март 2026 година, дополнителни 7 проценти од 1 март 2027 година и уште 7 проценти од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното покачување ќе достигне 21 процент до крајот на периодот.
Од синдикатот нагласуваат дека ваквиот чекор е важен за воспоставување подобар баланс меѓу платите во јавниот и приватниот сектор. Притоа, посочуваат дека државата треба да обезбеди поволна деловна средина, која ќе овозможи и приватниот сектор да го следи трендот на раст на примањата.
„Силната економија се темели на задоволни работници во приватниот сектор и ефикасна јавна администрација“, наведуваат од синдикатот.
Воедно, се истакнува дека зголемувањето на платите носи и поголема одговорност за административните службеници. Во наредниот период, акцентот ќе биде ставен на доследна примена на законите, професионализација на институциите и унапредување на услугите кон граѓаните и бизнисите.
Од синдикатот најавуваат дека реформските процеси ќе продолжат, со цел подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста во јавниот сектор.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!



