Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

no baners

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник – дилер, Дирекција за Тргување и Финансиски пазари / Оддел за тргување.

Што ќе биде твојата улога?

  • Следење и управување со оперативната денарска и девизна ликвидност на банката;
  • Следење на исполнување на задолжителна резерва;
  • Одржување на релации со странски и домашни банки;
  • Овластен за тргувањето со хартиите од вредност на примарнот и секундарниот пазар на пари и капитал како на домашниот така и на странскиот пазар;
  • Одржува контакти со банките, НБРСМ, останати институционални и финансиски клиенти, Mинистерството за финансии и инвестиционите и пензиските фондови, а во насока на поефикасно тргување на различните финансиски пазари;
  • Следење и анализа на движењето на курсевите на основните странски валути;
  • Овластен за тргување со девизи кое Банката го врши со банки, финансиски организации и клиенти;
  • Овластен за секојдневните котации и активно функционирање и тргување на платформите за тргување.

Кои квалификации се потребни?

  • ВСС – Економски факултет;
  • Најмалку 1-3 години банкарско работно искуство од областа на управувањето со средства и ликвидност и тргување на различните финансиски пазари;
  • Познавања од статистика и математика;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
  • Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Способност на работа во стресни ситуации, способност за донесување на одлуки, работа со големи износи на трансакции, самостојно и брзо донесување на одлуки, изразена комуникативност и доверливост и способност за активно преговарање и тргување.

Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка,  искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 11.08.2024 со назнака „Апликација за СОРАБОТНИК – ДИЛЕР“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange