Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник – дилер, Дирекција за Тргување и Финансиски пазари / Оддел за тргување.
Што ќе биде твојата улога?
- Следење и управување со оперативната денарска и девизна ликвидност на банката;
- Следење на исполнување на задолжителна резерва;
- Одржување на релации со странски и домашни банки;
- Овластен за тргувањето со хартиите од вредност на примарнот и секундарниот пазар на пари и капитал како на домашниот така и на странскиот пазар;
- Одржува контакти со банките, НБРСМ, останати институционални и финансиски клиенти, Mинистерството за финансии и инвестиционите и пензиските фондови, а во насока на поефикасно тргување на различните финансиски пазари;
- Следење и анализа на движењето на курсевите на основните странски валути;
- Овластен за тргување со девизи кое Банката го врши со банки, финансиски организации и клиенти;
- Овластен за секојдневните котации и активно функционирање и тргување на платформите за тргување.
Кои квалификации се потребни?
- ВСС – Економски факултет;
- Најмалку 1-3 години банкарско работно искуство од областа на управувањето со средства и ликвидност и тргување на различните финансиски пазари;
- Познавања од статистика и математика;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
- Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Способност на работа во стресни ситуации, способност за донесување на одлуки, работа со големи износи на трансакции, самостојно и брзо донесување на одлуки, изразена комуникативност и доверливост и способност за активно преговарање и тргување.
Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка, искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 11.08.2024 со назнака „Апликација за СОРАБОТНИК – ДИЛЕР“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера
Кариера
Оглас за вработување на Советник за клиенти-експозитура Куманово во Иуте Македонија

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.
Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.
Советник за клиенти-експозитура Куманово
Твоите предизвици:
- Продажба и промоција на производите и услугите на Компанијата наменети за физички лица, за одржување на активно кредитно порфолио на компанијата;
- Градење и одржување на исклучително корисничко искуство при секој контакт со клиентите во врска со кредити, отплата, рати, поддршка при аплицирање;
- Директна и вкрстена продажба на услугите за финансирање на кредити од добиени барања за кредити во експозитурите, веб, партнерска мрежа, по телефон;
- Активно учествува во давање предлози и идеи за развој на ефикасноста на процесите, експозитурата, зголемување на продажбите.
Зошто да работите во Иуте?
- Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси;
- Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент;
- Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно;
- Едноставна организациска структура;
- Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во рамки на експозитурата и компанијата во целост;
- Континуирани обуки за развој;
- Редовни интересни активности и бенефиции за вработените.
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома
- Претходно работно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност
- Напредни компјутерски вештини
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини, како и способност да се разберат потребите на клиентот
- Ориентиран кон резултати
- Тимски играч
- Способност за одредување приоритети
Рок за аплицирање: 15 август 2025 година
Испратете ја Вашата биографија на: [email protected], со назнака Советник за клиенти – Експозитура – Куманово.
Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.
ПР објава
Кариера
Оглас за вработување на Самостоен референт во Капитал Банка

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на 1 лице за позицијата Самостоен референт
- Локација Дирекција
- Деловна единица Одделение за сметковоство и известување
- Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
- Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката
- Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката
- Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ
- Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето
- Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката
- Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност
- Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни)
- Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски)
- Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување
- Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди
- Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО
- Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка
- Пресметува и книжи амортизација
- Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници
- Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив
- Анализира месечни состојби на билансот на Банката
- Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци
- Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга)
- Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања
- Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците
- Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите
Квалификации
- Работно искуство: Минимум 5 години
- Образование: предност Економски фалкутет
- Активно познавање на Англиски Јазик
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Силна етика
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Напредно користење на MS Office.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.
Кариера
Оглас за вработување Офис менаџер на Управен одбор во Капитал Банка

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на позицијата Офис менаџер на Управен одбор.
Опис на позицијата
Во потрага сме по организирана, професионална и дискретна личност за позицијата Офис менаџер на Бордот на извршни директори (Управен одбор), која ќе обезбеди целосна административна и логистичка поддршка на Управниот одбор, со акцент на ефикасна организација, доверливост и комуникација.
Клучни одговорности
- Организирање и координација на состаноци на Управниот одбор (агенда, записници, логистичка поддршка)
- Управување со календари и комуникација со членовите на Управниот одбор
- Писмена и усна комуникација со извршниот менаџмент и надворешни заинтересирани страни
- Архивирање и управување со доверливи документи и одлуки
- Организација на службени патувања и протоколарни активности
- Следење и евидентирање на спроведување на заклучоци и задачи од состаноци
Барани квалификации
- Високо образование од економски или правен смер
- Минимум 3 години релевантно работно искуство на слична позиција
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
- Познавање на деловен англиски јазик – усмено и писмено (задолжително)
- Организираност, дискреција, внимание на детали и способност за самостојна работа
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 1 месец
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 4 недели
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 недели
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје