Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Фондови АД Скопје
Поради зголемен обем на работа, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје (членка на НЛБ групација), има потреба од понатамошен развој и кандидати за следната работна позиција:
Финансиски советник во продажба
Услови:
- Високо образование;
- 3 години работно искуство;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office;
- Комуникациски и презентациски вештини;
- Разбирање на деловни процеси;
- Возачка дозвола Б категорија.
Работни задачи:
- Водење, унапредување и промоција на продажбата;
- Остварување на деловни состаноци и презентации;
- Подготовка на понуди за клиентите;
- Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
- Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
- Истражување и анализа на можности за продажба;
- Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
- Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
- Подготовка на извештаи.
Способности и вештини:
- Способност за стратешко размислување;
- Комуникативност;
- Напредни аналитички способности;
- Одлична способност за управување со проекти;
- Способност за работа во динамична средина;
- Како предност се смета познавање од финансии и услуги за финансиски институции;
- Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
- Висока мотивираност и желба за надградба во полето на работа;
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи.
Компанијата нуди:
- Динамична работа;
- Воведување во работата со обука;
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
- Развој на кариерата низ соодветен тренинг;
- Професионализам;
- Бонуси од остварен учинок;
- Работно време: од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [email protected], најдоцна до 20.12.2024 година.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 30 дена по завршување на огласот.
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое може да го најдете на следниов линк: Известување за приватност, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на следнава е – адреса: [email protected].
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
