Connect with us
no baners

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба преку Секторот за финансиско управување го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг.

Доколку имате желба и амбиција да се приклучите на НЛБ тимот за стратешко планирање и финансиски контролинг, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Аналитичар во
Сектор за финансиско управување

Улога во тимот:

  • Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката;
  • Дефинирање на продажни оперативни планови;
  • Следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи;
  • Анализа и следење на профитабилноста на пазарните сегменти и продукти на Банката;
  • Анализа и следење продуктивноста на продажните канали на Банката.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство во финансиски и сродни индустрии во сегментот на стратешко планирање и финансиски контролинг ќе се смета за предност;
  • Познавање од областа на управување со податоци во финансиски менаџмент;
  • Познавање на работа со бази на податоци, power query и Power BI алатка;
  • Познавање на методи на анализа на податоци;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 12.08.2024 година на: [email protected] со назнака за Аналитичар во Сектор за финансиско управување.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Вработување

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.

Дел од работните задачи: 

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози; 
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права; 
  • Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури; 
  • Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки; 
  • Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др. 

Потребни квалификации: 

  • Диплома за завршено средно образование; 
  • Познавање на MS Office; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Комуникациски вештини; 
  • Внимание на детали и иницијативност; 
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции; 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Популарно