Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Вработените од Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти во Службата за мали и средни претпријатија Ве мотивираат да им се придружите и заедно да ги споделувате секојдневните предизвици во окружување каде главен фокус е управувањето со динамичните процеси, обезбедување на постојана насоченост кон клиенти како и континуирано зголемување на клиентската база на Банката во сегментот на кредитирање на мали и средни претпријатија.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, НЛБ Банка ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист за личен третман
Деловен сектор за работа со корпоративни клиенти

Твоите цели:
• Промовирање, понуда и продажба на банкарски и финансиски продукти
и услуги на правни лица;
• Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на
пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
• Обработка на доставени барања за кредитна изложеност врз база
на претходно изготвена финансиска и кредитна анализа;
• Управување со целокупното портфолио на клиентите;
• Следење и грижа за работењето на клиентите и наплата на
нивните побарувања

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно две години искуство за работа со корпоративни клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV), најдоцна до 09.04.2023 (недела) на: NLBkariera@nlb.mk.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти на НЛБ Банка АД Скопје го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Службата за мали и средни претпријатија.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на тимот за работење во сегментот на работа со корпоративни клиенти, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист за личен третман
Деловен сектор за работа со корпоративни клиенти

Улога во тимот:

  • Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
  • KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот).

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно искуство за работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно
место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 27.03.2024 година на: NLBKariera@nlb.mk со назнака за Банкарски комерцијалист за личен третман.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка вработува Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица

Објавено

на

Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 27.03.2024 година.

Работни цели и задачи:

  • Подготовка на документација потребна за воспоставување заложно право на побарувања пласирани од Филијалата,
  • Поведување постапки за присилна наплата на побарувања пласирани од Филијалата,
  • Активности за наплата на проблематични побарувања,
  • Застапување на Банката пред судови и други државни органи,
  • Следење и примена на прописите од областа во која што работи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на правни науки,
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки,
  • Со или без работно искуство,
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност,
  • Прецизност во извршување на работните задачи,
  • Ориентираност кон потребите на клиентите,
  • Адаптибилност во динамична работна средина,
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
  • Доброволно приватно здравствено осигурување,
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.

Пополни ја  следната апликација или достави твое CV на: vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за општи, правни и финансиски работи во Филијала Струмица”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно