Бизнис
Новитет во инвестицискиот пазар – Крипто валути во класичните фондови
Финансиските пазари се менуваат побрзо од кога било, а крипто валутите повеќе не се „алтернативна инвестиција“, туку стануваат дел од глобалниот финансиски систем. Ова води до едно важно прашање: Дали навистина сте безбедни од крипторизици, дури и кога не инвестирате директно во крипто валути?
Голем број на инвеститори, во Македонија и глобално, сеуште избираат класични инвестициски фондови или ЕТФ (ETF), мислејќи дека тоа значи сигурност и стабилност. Но реалноста е посложена, крипто валутите веќе продираат и таму каде што не ги очекувате.
Крипто валути – Дали сте навистина заштитени од ризик ако инвестирате во класични фондови?
Многу инвеститори во Македонија избираат класични инвестициски фондови, пензиски заштеди или ЕТФ (ETF), верувајќи дека така се држат настрана од непредвидливиот крипто пазар.
Но, вистината е дека крипто валутите веќе тивко навлегуваат и во нив, и тоа без ваш избор. Дури и без намера, вложувањето во глобален ЕТФ или класични инвестициски фондови може да ве доведе до изложеност на високо нестабилни дигитални средства.
Оваа појава е наречена „крипто лазење“ (crypto-creep), постепено и речиси незабележливо навлегување на крипто валутите во класичните инвестициони портфолија. Инвеститорите веќе не се безбедни од крипто лазењето дури и во класичните инвестиции.
Крипто валутите веќе се дел од класичните инвестиции
Иако некој инвеститор формално не вложува во крипто валути, тоа не значи дека неговото портфолио е безбедно од овие дигитални средства. Напротив, преку индекси и глобални фондови, крипто валутите се сѐ почесто присутни, индиректно.
Еве неколку примери:
- Коинбејс (Coinbase), една од најголемите криптоберзи во светот, денес е дел од S&P 500, еден од најпопуларните индекси во светот.
- Микростратеџи (MicroStrategy), компанија што држи огромна количина биткоини, е вклучена во Nasdaq 100.
- Блок (Block – поранешен Square), финтек компанија што нуди крипто услуги, исто така е дел од S&P 500.
Иако овие индекси се далечни од македонската реалност, Македонските инвеститори често вложуваат преку странски посредници, домашни банки или преку меѓународни инвестициски фондови, каде што и тие индиректно можат да бидат изложени на крипто лазење.
P2P.mk – Вашата паметна алтернатива
Во услови кога традиционалните фондови стануваат сѐ покомплексни и сѐ помалку транспарентни, потребен е начин на инвестирање што е директен, јасен и под ваша контрола.
Токму тоа го нудиме ние преку нашата P2P.mk платформа. P2P (peer-to-peer) инвестирањето им овозможува на инвеститорите директно да инвестираат во потрошувачки и хипотекарни кредити. Нема посредници, нема сложени берзански структури.
Со P2P.mk:
- Вие одлучувате каде оди вашата инвестиција – вие избирате во кои кредити да инвестирате.
- Транспарентност – секој кредит на платформата е детално опишан.
- Без криптоекспозиција – инвестирате директно во кредити, а не во акции поврзани со крипто валути.
- Стабилен пасивен приход – јасно знаете кога и колку ќе добиете назад.
- Почеток со само 3.000 мкд – пристапно за секој инвеститор.
Како функционира P2P инвестирањето преку P2P.mk?
На нашата платформа, инвестирате директно во потрошувачки и хипотекарни кредити за физички лица или компании. Нема посредници, нема фонд менаџери, нема скриени трошоци.
- Се регистрирате на платформата – едноставно, брзо и бесплатно.
- Ги разгледувате достапните кредити – детални информации достапни.
- Инвестирате избран износ во портфолио од кредити – можете да диверзифицирате, односно да инвестирате мали износи во повеќе кредити.
- Ги следите уплатите и приносите – сѐ е автоматизирано и достапно во реално време.
Со P2P инвестирање нема скриени ризици, нема необјаснивa изложеност на крипто валути, и нема зависност од глобални берзански шокови.
P2P.mk – Инвестирајте таму каде што знаете што добивате
Со тивкото навлегување на крипто валутите во глобалните индекси и
портфолија, време е да се постави прашањето: дали навистина инвестираме
онаму каде што мислиме?
Со P2P.mk, го имате последниот збор, и контрола врз вашите средства. Без „криптолазење“ и без непредвидливи дигитални ризици. Изберете стабилност со P2P.mk без да се грижите за крипто валути во вашето портфолио коишто не сте ги избрале вие.
ПР објава
Бизнис
Невработеноста во Македонија продолжува да опаѓа, најниска во последниве години
Минатата година е забележан континуиран пад на бројот на невработени лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРСМ). Во ноември 2025 година, како невработени биле евидентирани 90.278 лица, додека категоријата „други лица кои бараат работа“ броела 42.614 граѓани.
Трендот на намалување е стабилен, во октомври невработеноста изнесувала 94.729 лица, а во август 95.032 лица. Најмногу невработени се регистрирани во Скопје (20.160), следат Тетово (11.807), Куманово (8.930), Гостивар (6.508) и Прилеп (5.379).
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека новиот Закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, ќе ја поддржи тенденцијата на раст на вработеноста и регулација на повремените и сезонските ангажмани.
Според Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694.000 вработени, од кои околу 85.000 биле неформално ангажирани, што укажува на потребата од системски решенија за целосна формализација и регулација на пазарот на труд.
Бизнис
Останува уште еден ден за јавно гласање за најдобрите е-трговци во 2025 година
Останува уште еден ден за јавно гласање во рамки на E-commerce Awards 2025 – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници денес, до крајот на денот, преку официјалната веб-страница на изборот.
E-commerce Awards претставува значајна иницијатива за македонската е-трговија, бидејќи преку транспарентен и структуриран процес се истакнуваат најдобрите практики, се наградуваат квалитетот и иновациите, и се придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквиот тип на избори имаат важна улога во развојот на секторот, поттикнувајќи здрав натпревар и континуирано унапредување на услугите.

Овогодинашното издание бележи висок интерес од јавноста, со над 50.000 гласови дадени од повеќе од 4.500 гласачи, додека во трката за признанијата се вклучени 217 номинирани е-трговци, кои се натпреваруваат во 18 категории.
Јавното гласање претставува клучен сегмент од изборниот процес и учествува со 60% во конечниот резултат, додека преостанатите 40% ќе бидат утврдени од страна на стручната жири-комисија во финалната фаза. По затворањето на гласањето, најдобро рангираните номинации во секоја категорија ќе продолжат во финалниот круг на оценување, а победниците на E-commerce Awards 2025 ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација која традиционално ќе се одржи во март 2026 година.
Ова е последна можност јавноста директно да влијае врз изборот на најдобрите е-трговци и да даде поддршка на компаниите кои со својата работа придонесуваат кон квалитетна, сигурна и професионална онлајн трговија.
Гласањето е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница на изборот:
https://ecommerceawards.mk/
Ова издание на E-commerce Awards 2025 се реализира со поддршка на Halkbank, Diners
Club, Eurolink и Halk Insurance.
Сите детали за правилата и процесот на изборот се достапни во официјалниот правилник на веб-страницата на E-commerce Awards или преку овој линк.
Анализи
БУМ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ: Квадратот стигна до 3.000 евра – дали купувањето стан стана луксуз?
Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со силен раст – во последниот квартал од 2025 година се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини. Истовремено, цените на недвижностите бележат раст од 25% на годишно ниво.
Во Агенцијата за катастар се евидентирани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на значителен број нови објекти кои допрва ќе влезат на пазарот, дополнително засилувајќи ја градежната активност.
Највисоката цена по квадратен метар е регистрирана во општина Центар, каде што стан од 83 квадратни метри е продаден по цена од 182.404 денари за квадрат (околу 3.000 евра). Најголем број станови се продадени во Аеродром – вкупно 304, додека најмногу куќи се продадени во Битола (91). Продажбата на деловни простории е најизразена во Центар, земјоделско земјиште и шуми најмногу се тргувале во Куманово, а градежно земјиште во Ѓорче Петров.
Во четвртиот квартал се реализирани вкупно 9.283 трансакции со недвижности, од кои 6.230 купопродажби и 3.053 договори за закуп. Најголем обем на трансакции е регистриран во Центар, Аеродром и Штип.
Податоците на Народната банка потврдуваат дека цените на недвижностите во последниот квартал од 2025 година пораснале за 25% на годишно ниво, додека Државниот завод за статистика бележи 304 одобренија за градење во ноември, за изградба на 761 стан, најмногу во Скопскиот регион.
Сите индикатори упатуваат дека побарувачката за станбен простор останува висока, а ценовниот тренд и понатаму е нагорен, особено во Скопје и поголемите урбани центри.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања



