Фондови
„НЛБ Обврзници“ нов отворен инвестициски фонд на пазарот
Комисијата за хартии од вредност на последната седница одржана на 4 октомври, донесе Решение со кое на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје му даде одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд „НЛБ Обврзници“.
„Сопственици на удели во новиот фонд можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори, кои сакаат да вложат средства на период до 3 години во инструменти со фиксен доход (државни и корпоративни обврзници) и да остварат атрактивен принос. Средствата на фондот ќе бидат инвестирани во депозити во овластени банки во земјава кои достасуваат во рок кој не е подолг од една година, краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност, државни и корпоративни обврзници, обврзници на издавачи (80% – 100%), удели во други отворени инвестициски фондови регистрирани во Република Северна Македонија или држави кои се членки или не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, под услов надоместокот за управување да не надминува 1% од нето вредноста на имотот на тој фонд на годишно ниво (0% -10%) и пари на сметка (0% – 20%)“, се вели во соопштението од 46-та седница на КХВ.
Депозитарна банка на отворениот инвестициски фонд „НЛБ Обврзници“ е НЛБ Банка АД Скопје.
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.
Останато
Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.
До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Анализипред 2 месециПрофитот на најголемите македонски банки се броеше во милијарди денари – со колкав профит ја завршија 2025 година водечките три банки?
-
Продуктипред 2 месециГрупацијата Иуте го лансираше Iute Affinity – за целосно дигитални осигурителни решенија
-
Берзапред 2 месециНеколку акции ја носат ликвидноста: кој доминираше на Македонската берза во јануари 2026-1?
-
Банкипред 2 месециЗлатници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
-
Бизниспред 2 месециПлатите во јавната администрација наскоро повисоки – Владата го прифати барањето на УПОЗ!



