Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка ја стартуваше иницијативата „НЛБ Спорт за млади“ – инвестиција во млади и здрави генерации

Објавено

на

Спортот обединува, инспирира и гради заедница. Токму поради тоа, НЛБ Банка АД Скопје со гордост ја најавува својата нова долгорочна општествено одговорна иницијатива – „НЛБ Спорт за млади“, насочена кон поддршка на спортски клубови ширум Македонија кои ја промовираат физичката активност и здравиот стил на живот кај најмладите.

Преку овој проект, Банката има за цел да ги охрабри децата да поминуваат повеќе време на терените, во спортските сали и во природата – места каде што се развиваат карактерот, дисциплината, истрајноста, соработката и тимскиот дух.

Поддршка за идните спортски таленти

Во текот на сезоната 2025/2026, НЛБ Банка ќе ги поддржи младите спортски таленти во повеќе спортски дисциплини: фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и боречки вештини. 

Покрај финансиска поддршка, иницијативата предвидува и дополнителна едукација, како и простор за размена на искуства меѓу спортските клубови, со што ќе се зајакне нивниот капацитет за работа со деца.

Пријавување и критериуми

Право на учество имаат спортски клубови, здруженија и организации кои работат со деца до 12 години.

  • 📅 Пријавите се отворени од 17 до 30 септември 2025 година.
  • 🔗 Линк за пријава: https://tinyurl.com/5ba34puk
  • 🚨 При аплицирање задолжително треба да се избере опцијата 👉 „НЛБ Спорт за млади“.

Сите апликации ќе бидат разгледани согласно Политиката за спонзорства и донации на Банката, по што ќе следува селекција и контактирање на избраните субјекти за понатамошни чекори.

Инвестиција во иднината

„НЛБ Спорт за млади“ не е само проект за поддршка на спортот, туку и инвестиција во иднината на заедницата. Со оваа иницијатива, НЛБ Банка ја нагласува својата посветеност кон младите генерации и верува дека – ако барем еден може да успее, вреди да се поддржат сите.

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange