Продукти
Мастеркард ги лансираше Google Pay и Google Wallet за корисниците на картички во Северна Македонија
Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Google Pay, овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредите. Имателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Google Wallet, дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени.
Покрај платежните картички, имателите на картички преку Google Wallet можат да зачувуваат и да пристапуваат до картички за лојалност и билети за патувања и настани. Користењето на Google Pay ги прави плаќањата посигурни, со повеќе слоеви на безбедност додадени на заштитата што Мастеркардкартичката веќе ја обезбедува. Тоа вклучува индустриски стандардизирана токенизација, што значи дека кога се користи за плаќање картичката зачувана во Google Wallet, трансакциите се вршат со помош на бројот на виртуелната картичка (токен). Овој токен е специфичен за уредот и е поврзан со динамичен безбедносен код што се менува со секоја трансакција, обезбедувајќи дополнителен слој на заштита од измами. Воедно, ако телефонскиот уред се изгуби или е украден, може да се користи функцијата „Најди го мојот уред“ за веднаш да се заклучи уредот на далечина, да се заштити со нова лозинка или да се избришат личните податоци.
„Google Pay обезбедува брз, лесен и безбеден начин за корисниците во повеќе од 60 земји и територии да плаќаат користејќи го нивниот телефонски уред Android или уред со Wear OS“, вели Џени Ченг, потпретседател и генерален директор на Google Wallet. „Корисниците можат едноставно да ги додадат своите дебитни и кредитни картички во апликацијата Google Wallet и да бидат уверени дека нивните финансиски информации се безбедни и сигурни кога купуваат или реализираат патувања.“
„Горди сме што сме дигитален партнер на Google кој ја носи оваа безбедност и удобност на дигиталните плаќања за корисниците од Северна Македонија. Во Мастеркард се стремиме кон бизнис зделки само ако тоа носи додадена вредност на крајниот потрошувач“, додава Вања Манова, менаџерка за Мастеркард во Албанија, Бугарија, Северна Македонија и Косово.
Какви видови на употреба ќе поддржува Google Wallet?
При лансирањето, луѓето ќе можат да зачувуваат и да пристапуваат до платежни картички, картички за лојалност и билети, а со текот на времето ќе додадеме поддршка и на дополнителни ставки.
Која е разликата помеѓу Google Wallet и Google Pay?
Google Pay е безбеден начин за плаќање и за безбедно купување во продавници, преку апликации и на интернет. Google Wallet е локацијата каде што ги складирате вашите кредитни или дебитни картички за да можете да ги користите со Google Pay, како и со картички за лојалност, билети и други ставки.
Како Google Wallet им користи на корисниците?
Google Wallet e лесен за пристап и сеопфатен во услугите што ги поддржува, а истовремено обезбедува беспрекорни искуства со Google апликациите и ги исполнува нашите високи безбедносни стандарди.
- Лесен за пристап – Брзо пристапете до сите ваши работи на телефонот. Корисниците очекуваат да можат да го дигитализираат нивниот физички паричник, од плаќања и картички за лојалност до билети.Google Walletе редизајниран дигитален паричник за Android што обезбедува брз, безбеден пристап до секојдневните основни услуги.
- Сеопфатен – Google Wallet ги покрива потребите на корисниците. Корисниците ќе имаат погодност да ги остават своите физички паричници дома, а сепак ќе можат да пристапат до платежните картички од нивниот Android телефон.
- Безбеден и сигурен – Google Wallet е побезбеден од физичките картички. Вистинските броеви на картички никогаш не се споделуваат за да се заштитат корисниците. Google Wallet ги намалува можностите за измама, на начин што бара отпечаток од прст, идентификација преку лице, или пин за плаќање.
Продукти
Корпоративни обврзници со камата од 4,75%: Колку се исплатливи во споредба со банкарското штедење?
Корпоративните обврзници издадени од македонските банки претставуваат алтернативен инструмент за инвеститорите кои бараат редовен каматен приход, но нивната исплатливост не може да се оценува само според номиналната каматна стапка. Последната емисија на ТТК Банка, со вкупна номинална вредност од 1,5 милиони евра, отвора простор за споредба меѓу приносите на должничките хартии од вредност и класичните банкарски депозити.
ТТК Банка на 1 октомври 2026 година ја регистрираше својата четврта емисија корпоративни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност. Емисијата опфаќа 1.500 обврзници со номинална вредност од по 1.000 евра, а вкупната вредност изнесува 1,5 милиони евра.
Според објавените информации за условите на емисијата, фиксната годишна каматна стапка изнесува 4,75 проценти. За инвеститор кој поседува обврзница со номинална вредност од 1.000 евра, оваа стапка одговара на номинална годишна камата од 47,50 евра, пред евентуалните даночни обврски и трошоци.
За споредба, просечната пондерирана каматна стапка на вкупните депозити во македонскиот банкарски сектор на крајот од јуни изнесувала 2,17 проценти. Кај денарските депозити просечната стапка била 2,61 процент, додека кај девизните изнесувала 1,68 проценти.
Разликата меѓу каматата на корпоративната обврзница и просечната депозитна камата е значителна, но не претставува директна споредба на инструменти со идентичен ризик. Дополнително, просечните депозитни стапки се однесуваат на постојните депозитни состојби, а не на конкретна актуелна понуда за ново орочување.
Корпоративната обврзница претставува побарување од издавачот и не е исто што и банкарски депозит. Особено е важно инвеститорите да го проверат редоследот на наплата во случај на финансиски проблеми кај издавачот, како и дали инструментот е обезбеден или субординиран.
Дополнителен фактор е ликвидноста. Дури и кога обврзницата е котирана на берза, тоа не гарантира дека инвеститорот ќе може веднаш да ја продаде по цена блиска до номиналната вредност.
За инвеститорите кои планираат да ги задржат обврзниците до доспевање, значајни се договорената камата, динамиката на исплатите и кредитната способност на издавачот. За оние кои можеби ќе имаат потреба од предвремена продажба, важни се и секундарниот пазар, расположливата ликвидност и можните промени на пазарната цена.
Ваквите емисии придонесуваат за проширување на понудата на домашниот пазар на капитал, но нивната улога ќе биде поголема доколку се развие и поактивен секундарен пазар, кој би овозможил полесно тргување и поефикасно формирање на цените.
Редакција Банкарство
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии





