Connect with us
no baners

Интервјуа

Марјан Манчев: Лизингот е пофлексибилен и побрз начин за финансирање возила

Објавено

на

Поврзано со автомобилските кредити, генерално лизингот како производ е далеку пофлексибилен и побрз,“ вели Марјан Манчев за FinSight. „Тоа го потврдуваат и искуствата од другите земји, каде што лизингот е број еден начин на финансирање автомобили, подвижна опрема и камиони.

Според него, банките ги имаат структурирано автомобилските кредити така што не можат да понудат иста флексибилност и брзина при одобрување како лизинг компаниите. „Условите, како што се цената и каматната стапка, се слични,“ додава Манчев, „но реална конкуренција на лизингот се потрошувачките кредити кај граѓаните и револвинг кредитите кај компаниите.

Тој посочува дека кај нас сè уште постои перцепција дека каско осигурувањето е непотребен трошок. „Многу луѓе го гледаат како дополнителен трошок, наместо како заштита на својата инвестиција,“ заклучува Манчев.

Новинар: Наташа Мерсовска

Интервјуа

FinSight Интервју: Марјан Манчев | Шпаркасе Лизинг | Асоцијација на лизинг друштва

Објавено

на

Во третата епизода на FinSight – емисија на Bankarstvo.mk, разговараме со Марјан Манчев, Директор на Шпаркасе Лизинг и Претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија.

Во оваа епизода откриваме:
🔹 Колку тежи лизинг индустријата во Македонија во споредба со регионот?
🔹 Какви возила и опрема најчесто се увезуваат преку лизинг?
🔹 За што се користи лизингот и како се менувале цените во изминатиот период?
🔹 И најжешкото прашање: кредит или лизинг – што е подобро?

Не пропуштајте го овој разговор со факти, бројки и практични совети!

Гледајте ја целата епизода:

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

FinSight Интервју: Зоран Кочоски | Агенција за посредување при вработување во странство | Kouzon

Објавено

на

Во втората епизода на FinSight – емисија на Bankarstvo.mk, зборуваме за еден од најактуелните проблеми во македонската економија – недостатокот на квалификуван кадар.

– Зошто младите си заминуваат од земјава?
– Колку ја чини државата „одливот на мозоци“ секоја година?
– Зошто странските компании носат “свои” луѓе на раководни позиции?
– Какви се разликите во платите помеѓу Македонија и европските земји?
– Кои се најпосакуваните дејности во Македонија?
– Што треба да се промени за да го запреме овој тренд?

Следи ја дискусијата и дознај кои се реалните причини, последици и можни решенија за проблемот со недостиг на кадар во Македонија.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

FinSight Интервју: Маја Стевкова Штериева | Комерцијална банка АД Скопје | Македонска банкарска асоцијација

Објавено

на

Со големо задоволство го најавуваме првото интервју на емисијата FinSight – нов проект на Bankarstvo.mk, кој ќе ги истражува трендовите, бројките и идеите што го движат финансискиот сектор во Македонија.

Во премиерното издание, по повод Светскиот ден на штедењето, се фокусираме на навиките на македонските граѓани кога станува збор за штедењето, тековните состојби со депозитите во банките и како довербата во финансискиот систем се менува со текот на времето.

Епизодата носи и актуелни теми – најавите на Народната банка за можноста за намалување на учеството при купување на прв стан, растечкиот тренд на купување недвижности во кеш, како и имплементацијата на СЕПА системот и намалувањето на трошоците за МИПС трансакциите.

Во понатамошниот разговор, ќе ги дознаеме и очекувањата за периодот што следува, како и влијанието на овие промени врз граѓаните и економијата во целина.

Новинар: Наташа Мерсовска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange