Connect with us

Берза

[Конференција на Македонска берза] Гордана Димитриеска-Кочоска: Македонскиот пазар на капитал добива нов замав преку регионална соработка и реформи

Објавено

на

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска во Охрид се обрати на 24-та Годишна конференција на Македонската берза, настан кој повеќе од две децении претставува двигател на идеи и партнерства во финансискиот сектор. Таа нагласи дека заложбата на Владата е јасна – создавање посилен, постабилен и модерен пазар на капитал кој ќе биде мотор на економијата.

Се отвораат нови можности за македонскиот пазар на капитал и за домашните компании, преку поврзувањето и заедничкото делување со земјите од регионот,“ истакна министерката, додавајќи дека конференцијата претставува простор каде што „се спојуваат новите знаења и искуството, домашните компании се среќаваат со меѓународни партнери и се создаваат идеи“.

Како клучен момент, Димитриеска-Кочоска го посочи потпишувањето на регионалниот Меморандум за соработка со седум земји од Централна и Југоисточна Европа: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија. „Ова е голем чекор кон отворање нови можности за домашните компании и нивен полесен пристап до капитал,“ нагласи таа.

Министерката објасни дека со овој Меморандум земјите потписнички ќе работат на усогласување на регулаторното опкружување, вклучувајќи ги постапките за издавање лиценци и условите за обелоденување информации, со цел намалување на бариерите за проток на капитал. Исто така, тие ќе се консултираат за предложените регулативи и иницијативи на ЕУ и ќе координираат регионален пристап во разговорите со европските институции.

Според министерката, ова е особено значајно за македонскиот пазар кој, иако стабилен, е релативно мал и често се соочува со недостаток на ликвидност – фактор клучен за малите и средни претпријатија кои секојдневно го носат товарот на економијата. „Со поврзувањето на пазарите им даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на земјата,“ рече таа.

Паралелно, Владата работи на реформите во регулативата, со цел создавање на јасни и предвидливи правила. Промените во законите за финансиски инструменти и за проспект и транспарентност на издавачите се пролонгирани за една година за сите учесници да имаат време да се подготват за квалитетно спроведување на реформата.

Со новата соработка и реформите во регулативата се создаваат услови за поголема доверба, ликвидност и енергија за економски раст. Да ги искористиме овие можности кои се отвораат пред нас, да се поврземе повеќе, да си веруваме и да бидеме посмели во нашите чекори,“ порача Димитриеска-Кочоска, истакнувајќи дека Министерството за финансии ќе остане партнер и поддржувач на развојот на современ и конкурентен пазар на капитал.

Фотографија: Ива Јовановиќ

Известува: Банкарство.мк од Охрид

Берза

Јанкуловски: Подготвуваме модерна рамка за развој на македонскиот пазар на капитал

Објавено

на

Министерството за финансии работи на воспоставување модерна и сеопфатна регулаторна рамка, која треба да овозможи понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал, поголема стабилност и повисоко ниво на заштита на инвеститорите, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Во своето обраќање, Јанкуловски посочи дека новата регулатива ги опфаќа и обврските на издавачите на хартии од вредност и треба да почне да се применува во следниот период.

Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал, усогласена со европските регулативи“, нагласи Јанкуловски.

Според него, во Министерството за финансии во тек се дополнителни измени на два закона, кои се очекува да бидат усвоени пред почетокот на нивната имплементација. Целта е навремено да бидат надминати евентуалните предизвици посочени од Македонската берза и од останатите учесници на пазарот.

Новата правна рамка треба да создаде услови за развој на нови производи и услуги, поголема стабилност на финансискиот пазар, зајакнат надзор и повисоко ниво на заштита на инвеститорите.

Расте интересот за граѓанските обврзници

Паралелно со промените во законската рамка, Министерството за финансии направило и практичен исчекор со воведувањето на граѓанските обврзници.

Според податоците што ги презентираше Јанкуловски, досега биле реализирани три емисии на овој тип обврзници. Во третата емисија, реализирана во декември минатата година, 1.543 граѓани запишале обврзници во вредност од над две милијарди денари, односно околу 33 милиони евра.

Обврзниците се со рок на доспевање од две години и со каматна стапка од 4,5 проценти годишно.

Високиот интерес е потврда дека граѓанската обврзница е препознаена како сигурен и атрактивен инструмент за вложување на заштедите на граѓаните“, рече Јанкуловски.

Министерството за финансии, како што најави, ќе продолжи да работи на унапредување на регулаторната и супервизорската рамка, но и на воведување нови финансиски инструменти на домашниот пазар.

За целосен успех, според заменик-министерот, потребен е активен придонес од сите учесници на пазарот, институциите, регулаторите, Македонската берза, финансискиот сектор и инвеститорите.

Јанкуловски оцени дека размената на идеи и искуства на ваквите конференции може да понуди конкретни решенија и насоки за понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Берза

Nasdaq достигна нов рекорд, Dow Jones во пад

Објавено

на

На Волстрит во вторникот индексот Nasdaq достигна ново рекордно ниво, поттикнат од растот на акциите на производителите на чипови, додека Dow Jones забележа пад.

Dow Jones се намали за 0,36 отсто, на 51.863 поени, додека S&P 500 остана речиси непроменет на 7.764 поени. Nasdaq, пак, порасна за 0,45 отсто, на 27.244 поени.

Растот на Nasdaq главно се припишува на зголемувањето на цените на акциите на компаниите од секторот за чипови, во услови на очекувања дека технолошките компании ќе продолжат со големи инвестиции во развојот на вештачката интелигенција.

Сепак, инвеститорите останаа внимателни. Во шест од 11-те најважни сектори во рамки на S&P 500 акциите забележаа пад, а најголемо намалување имаше во финансискиот сектор, од 1,7 отсто, и во комуникацискиот сектор, од 0,8 отсто.

Во фокусот на пазарите беше и позитивниот прием на AI асистентот „Muse“ на Meta Platforms, кој може да испраќа електронска пошта и да извршува трансакции во име на корисниците. Неговиот успех дополнително го поттикна растот на акциите на компаниите поврзани со вештачката интелигенција.

Во Азија, поголемиот дел од берзите во средата забележаа раст, додека доларот дополнително зајакна во однос на кошницата валути. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции беше во плус од 0,3 отсто, шести ден по ред.

Продолжи со читање

Берза

Шахбаз: Технологијата треба да им го олесни животот на луѓето, а не да ги оддалечи од банките

Објавено

на

Банкарскиот сектор во регионот има доволно искуство и капацитет успешно да одговори на актуелните и идните предизвици, а клучот е во правилното управување со промените, инвестициите во технологијата и задржувањето на човечкиот пристап кон клиентите.

Ова го истакна Фатих Шахбаз од Халкбанк АД Скопје, кој учествуваше како говорник на 25. Годишна конференција на Македонската берза.

Според Шахбаз, банките не можат да ги контролираат сите глобални промени, но можат успешно да управуваат со нив доколку навремено и правилно реагираат.

Банкарскиот сектор во нашиот регион има силно искуство и капацитет да одговори на сегашните и идните предизвици“, порача Шахбаз.

Посебен акцент во неговото излагање беше ставен на рамнотежата меѓу технологијата и човечкиот фактор. Халкбанк продолжува да инвестира во дигитализација и напредни технолошки решенија, но според Шахбаз, технологијата треба пред сè да биде во функција на клиентите.

Технологијата треба да им обезбеди удобност на луѓето, а не да ги оддалечи од банката. Во ерата на дигитализацијата, емпатијата, довербата и личните односи се повредни од кога било“, истакна Шахбаз.

Третиот важен принцип е континуираната поддршка на реалната економија. Во услови кога глобалните синџири на снабдување се менуваат, а трошоците и неизвесноста растат, Халкбанк ќе продолжи со своите активности во Македонија преку партнерски пристап кон клиентите и компаниите.

Тоа, според Шахбаз, значи банка која ги разбира бизнисите на своите клиенти, размислува долгорочно и обезбедува сигурност и во сложени економски услови.

На крајот, тој потенцираше дека водењето банка во 21 век не се сведува само на финансиските резултати.

Оваа должност значи и голема одговорност кон економијата, општеството и средината во која работиме“, порача Фатих Шахбаз.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange