Бизнис
Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година
 
																								
												
												
											Македонски Телеком оствари солидни финансиски резултати во првите девет месеци од 2024 година. Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти. Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите девет месеци од 2024 година изнесуваат 1,114 милиони денари.
Телеком ја има најбрзата мобилна и фиксна мрежа и најдобрата мобилна мрежа
Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите за првата половина на годината покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најнови технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Македонски Телеком останува лидер во покриеност со оптика и денес има 339 илјади пристапи до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. 5G мрежата на Македонски Телеком продолжува да се шири и е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови.
Лидери во супериорно корисничко искуство
Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 216,6 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, Македонски Телеком останува на водечката позиција со удел на пазарот од 62,5 проценти и 233 илјади корисници. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 47,9 проценти со стабилна база од 1,3 милиони корисници.
Во третиот квартал Македонски Телеком бележи и една година од Magenta Moments, прва дигитална програма за наградување и поволности за корисниците којашто достигна 230 илјади корисници. Македонски Телеком oстанува број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на својата посветеност да обезбеди врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници.
Лидери на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV
Во однос на ТВ пазарот, Македонски Телеком и понатаму останува на лидерската позиција со удел од 35,3 проценти од вкупниот ТВ пазар. На крајот на првите девет месеци од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 4,1 проценти, со што базата на корисници достигна 155,4 илјади. Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците.
Бизнис
Брзи, сигурни, одговорни: новата формула на финансискиот сектор
 
														Финансиската индустрија минува низ најголемата трансформација досега. Дигитализацијата веќе не е избор, туку нужност. Но, во свет каде сè станува автоматизирано, вистинската битка не се води за технологија, туку за доверба.
„Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди,“ вели Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Group, компанија што веќе неколку години се издвојува како пример за тоа како технологијата може да ја засили, а не да ја замени човечката врска.
Кога финтек станува фер-тек
Клиентите денес бараат сè: брзина, сигурност, флексибилност, но и чувство дека компаниите со кои соработуваат делат исти вредности. Flex Group токму таму ја гледа својата предност. „Подготвуваме нови дигитални алатки кои ќе овозможат полесно управување со кредити, целосна транспарентност и мобилни услуги за брзо плаќање,“ вели Арсов.
Платформата Flex Pay веќе е конкретен пример за финтек решенија што носат вистинска вредност за клиентите. Со неа, дигиталните трансакции стануваат побрзи, поедноставни и побезбедни, но не и безлични. „Автоматизацијата никогаш не смее целосно да ги исклучи разбирањето и поддршката што произлегуваат од контакт со човек,“ додава Арсов.
Регулација, транспарентност и фер конкуренција
Според него, пазарот сè повеќе се прочистува од краткорочни играчи без визија, додека институциите создаваат фер услови за оние што градат доверба. „Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот,“ истакнува тој.
Иднината: технологија со човечко лице
Flex Group го докажува токму тоа — дека модерното и одговорното можат да одат рака под рака. „Верувам дека комбинацијата од технологија, персонализација и одговорност ќе стане нов стандард,“ заклучува Арсов. „Нашата обврска е постојано да бидеме чекор пред времето и да покажеме дека финансиските услуги можат да бидат и модерни, и фер, и општествено одговорни.“
Овој текст е изработен од Флекс Груп. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.
Бизнис
Ecommerce Conference ја потврди нејзината големина: 800+ регистрирани учесници од целиот Балкан
 
														За точно една недела, на 4 ноември 2025 година, Скопје ќе стане епицентар на регионалната бизнис сцена, кога ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија под темата „E-COMMERCE: FASTEN THE FUTURE“. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во тек се финалните подготовки за настанот што ќе го претвори Скопје во регионален центар на е-трговијата.
Оваа година, конференцијата ветува најголемо издание досега, кое ќе ги обедини највлијателните компании, визионери и иноватори од целиот Балкан и пошироко. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и да се инспирираат од говорници кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети за тоа како се создава, обликува и забрзува иднината на е-трговијата.

Новитетот оваа година е што конференцијата за првпат ќе се одвива паралелно на две сцени, создавајќи динамично искуство кое ги спојува инспирацијата и практиката. На главната сцена ќе се слушнат визионерски идеи, испробани стратегии и лични приказни од највлијателните имиња во светот на е-трговијата, дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција. Говорници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Booking.com, Wolt, Publicis Groupe, Direct Media, Bigburg, Korpa, Brainster Next и други водечки брендови ќе споделат како иновацијата, креативноста и технологијата заедно го обликуваат идниот правец на е-трговијата. Нивните презентации ќе опфатат теми што ја дефинираат новата ера на онлајн купувањето – од улогата на вештачката интелигенција во безбедноста на клиентите, преку значењето на автономните AI агенти, до тоа како инфлуенсерите, содржината и податоците стануваат новата валута на современата е-трговија. Паралелно, на втората, hands-on сцена, идеите ќе се претвораат во конкретни чекори. Учесниците ќе имаат можност директно да учат преку интерактивни сесии – од онлајн плаќања и интеграции со Halkbank, преку отклучување на моќта на податоците, до креирање кратки видеа, запознавање со AI алатки и совети за добивање грантови, инвеститори и партнерства. Двете сцени заедно ќе создадат единствено искуство – едната ќе инспирира со визија, а другата ќе покаже како визијата се претвора во резултати. Комплетната агенда за конференцијата може да се погледне овде.

Инаку, во рамките на конференцијата ќе биде поставена и експо-зона каде што компаниите ќе ги презентираат своите најнови производи, технологии и услуги. За полесно вмрежување, повторно ќе биде достапна мобилната апликација на конференцијата, наменета за закажување индивидуални состаноци меѓу учесниците, но и за следење на сите детали поврзани со конференцијата. Нетворкинг-зоната пак, ќе овозможи директни средби меѓу учесниците.
Со повеќе од 800 регистрирани учесници од целиот регион и со присуство на водечки глобални и регионални брендови, овогодинешната конференција поставува нови стандарди за е-трговијата во регионот и пошироко. Интересот е огромен, а останати се само неколку последни карти за сите кои сакаат да бидат дел од највозбудливиот бизнис настан во регионот. Картите може да се купат на официјалната веб-страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.
Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.
Бизнис
Страшно добра понуда од Минт кредит!
 
														Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
- -30% помали трошоци до 31.10.2025.
- Инстант одобрување за само 10 минути.
- Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
ПР објава
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија 
- 
																	   Анализипред 1 месец Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециХрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола 
- 
																	   Продуктипред 1 месец Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay? 
- 
																	   Кариерапред 2 месеци Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 





 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	