Connect with us
no baners

Банки

Ново и единствено на пазарот – онлајн отвори сметка, интернет банка и дебитна картичка во Комерцијална банка

Објавено

на

no baners

Врвно дигитално и уникатно задоволство нуди новата услуга на Комерцијална банка со која клиентот лесно и едноставно и без посета на шалтер добива платежна сметка, Интернет банка и дебитна картичка. Со ова Банката овозможува уште поедноставни и онлајн лесно достапни банкарски производи и услуги благодарение на електронската идентификација преку OneID.

Комерцијална банка со новата дигитална услуга прва на пазарот овозможува пристап за секој граѓанин од удобноста на домот или работното место до основните и најпотребните банкарски производи. А, со платежна сметкадебитна картичка и Интернет банка, потоа секој граѓанин влегува во светот на неограничени можности достапни преку дигиталното банкарство на најголемата банка во земјава.

Со едноставна постапка преку apliciraj.kb.mk сега секој граѓанин може да отвори платежна сметка во Комерцијална банка, да аплицира за дебитна картичка и да стане дел од големото семејство клиенти кои секојдневно ги уживаат привилегиите на модерното банкарство.

„Новата дигитална услуга нѐ прави особено горди затоа што на клиентите им овозможивме пристап до целото портфолио на производи и услуги на Комерцијална банка од кое било место на планетата, 24 часа во денот, 365 дена во годината. На тој начин им помагаме да го заштедат најдрагоцениот ресурс на современото живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш да бидат први во редот“, изјави Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.

Банката како докажан врвен иноватор им го понуди на клиентите новото и модерно дигитално искуство благодарение на практичната интегрирана примена на дигиталниот идентитет во банкарските услуги, услуга која прва во земјава ја воведе повторно Комерцијална банка. Банката е пионер во земјава и со електронското банкарство, кое го воведе уште во 2003 година и постојано го развива согласно трендовите на пазарот и потребите на клиентите.

Преку услугата OneID, развиена од Некстсенс и КИБС, Банката веќе им овозможи на клиентите привилегии за врвно корисничко задоволство, како што се ажурирање лични податоци и активирање Интернет банка онлајн.

Со новата дигитална услуга Комерцијална банка е уште еден чекор поблиску до својата цел да стане првата целосно дигитална банка во земјата. Континуираната посветеност на инвестиции и развој на нови современи дигитални алатки и грижата за задоволството на клиентите се клучните фактори што забрзано ја движат Банката кон оваа цел.

Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк.

Комерцијален текст

Нарачател: Комерцијална банка АД

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange