Connect with us

Банки

Детска работилница за мозаик – нов предизвик на “Халки шарено лето”

Објавено

на

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.

Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги.

Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им  пренесе почетно знаење за ударните инструменти.

– Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.

Работилницата беше дел од серијата настани „Халки шарено лето“ што се одржува со поддршка од Халканк АД Скопје во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Искусни уметници на децата им ги пренесуваат основите за уметностите со кои се бават, а децата имаат шанса да танцуваат, свират и активно да учествуваат во процесот на создавање уметност.

На следната работилница децата ќе имаат интересен предизвик – како се прават мозаици. Работилницата е насловена „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ и е наменета за деца од 5 до 8 години. Малите учесници нема само да ги учат основите на мозиакот, туку низ тимска работа ќе учат за реупотреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно.

Работилницата ќе се одржи во среда (23 август) во 18 часот во Музејот на град Скопје. Местата се ограничени на 20 деца кои може да ги пријавите на официјалната Фејсбук страница на Халки – ЛИНК

Организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи најмладите и за време на летниот распуст да имаат интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.

Комерцијален текст

Нарачател: Халкбанк АД

Банки

Народна банка: Каматите на вкупните кредити се намалија, новите заеми поскапеа во август

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2026 година изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на претходниот месец и од 0,23 процентни поени на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Кај депозитите, просечната каматна стапка останала непроменета во однос на јули и изнесувала 2,18 проценти. На годишно ниво е забележано минимално намалување од 0,01 процентен поен.

Истовремено, податоците покажуваат поинакво движење кај новите банкарски производи. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.

Повисоки камати се забележани и кај новопримените депозити. Нивната просечна каматна стапка изнесувала 2,72 проценти, што е зголемување од 0,30 процентни поени во однос на јули и од 0,66 процентни поени во однос на август минатата година.

Каматите за компаниите благо се намалуваат кај постојните кредити

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во август се намалила за 0,01 процентен поен и изнесувала 4,33 проценти. На годишно ниво намалувањето изнесува 0,19 процентни поени.

Кај депозитите на компаниите, пак, е забележано зголемување. Просечната каматна стапка изнесувала 2,69 проценти, што е раст од 0,06 процентни поени на месечно и од 0,16 процентни поени на годишно ниво.

Позначителен раст е регистриран кај новоодобрените корпоративни кредити. Нивната просечна каматна стапка достигнала 4,68 проценти, по месечен раст од 0,47 процентни поени. На годишна основа, по неколку месеци на намалување, каматата се зголемила за 0,35 процентни поени.

Кај новопримените депозити на компаниите каматната стапка изнесувала 2,75 проценти, при месечен раст од 0,77 и годишен раст од 0,89 процентни поени.

Каматата на кредитите за населението падна на 5 проценти

Кај домаќинствата продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Во август таа изнесувала 5 проценти, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на јули и од 0,27 процентни поени на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала непроменета на месечно ниво и изнесувала 2,11 проценти. Во споредба со август минатата година, таа е пониска за 0,03 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити за домаќинствата немало промена во однос на претходниот месец, па просечната каматна стапка останала на 4,73 проценти. На годишно ниво, сепак, таа е повисока за 0,05 процентни поени.

Новопримените депозити на домаќинствата во август носеле просечна камата од 2,72 проценти, што претставува зголемување од 0,07 процентни поени на месечно и од 0,54 процентни поени на годишно ниво.

Податоците на Народната банка покажуваат дека, иако просечните камати на вкупното кредитно портфолио продолжуваат благо да се намалуваат, кај новоодобрените кредити во август е забележан раст на каматните стапки. Од друга страна, повисоките камати на новопримените депозити значат и нешто подобри услови за новото штедење во банките.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange