Connect with us
no baners

Uncategorized

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари.

Класичното тргување изнесува 246.211.825 денари и бележи зголемување во однос на февруари за високи 33,00%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 238.991.836 денари и обврзници во вредност од 7.219.989 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во март изнесувале 250.626.972 и бележат огромен пораст од неверојатни 1309,83%.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.035, односно 271 трансакции повеќе во однос на февруари, со што бележи зголемување од 35,47%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за март беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 343 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 210 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 77 трансакции.

Според количината на истргувани акции, лидер во тргувањето за месец март е Стопанска банка АД – Скопје со 8.309 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 7.382 истргувани акции, а акциите на ТТК Банка АД Скопје го заземаа третото место со 6.916 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за март 2023 година можете да го погледнете на следниов линк.

Uncategorized

Стопанска банка овозможи дигитално ажурирање на лични податоци преку OneID

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат своите лични податоци во Банката лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала.

Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата https://id.stb.com.mk/ и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува едноставен и удобен начин на клиентите да ја исполнат нивната законска обврска за ажурирање на личните податоци.

„Флексибилноста и зголемената достапност на нашите производи и услуги се императив за новите функционалности кои ги развиваме и планираме за претстојниот период“ – истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Повеќе информации за сервисот можете да најдете на следниот линк. Банката подготви и видео упатство за користење на оваа нова услуга.

Продолжи со читање

Uncategorized

Стабилен банкарски систем и рекордно ниски ризици – Народната банка го усвои извештајот за вториот квартал од 2025

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година.

Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ниво, а ликвидните средства покриваат значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата. И квалитетот на кредитното портфолио се подобри во овој квартал, при што стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,4%.

Во услови на олеснети кредитни стандарди и зголемена кредитна побарувачка, зајакнатата солвентност го поддржа побрзиот раст на кредитирањето на домаќинствата и на претпријатијата, којшто на квартална основа изнесува 3,1% и 4,3%, соодветно. И депозитите растеа побрзо во вториот квартал од годината, при што и натаму има поволни движења според валутата и рочноста на депозитите.

Народната банка и во иднина ќе биде внимателна во водењето на монетарната и макропрудентната политика, во време кога сè уште има изразена надворешна и домашна неизвесност. Се нагласува потребата од претпазливост и постојано следење на ризиците заради задржување на стабилноста на банкарскиот сектор и во наредниот период.

Советот на Народната банка ја усвои рамката за одржливост со што се поставува основата за систематско воведување одржливи практики во секојдневното работење. Рамката за одржливост има за цел да придонесе кон поголема енергетска ефикасност, одговорно користење на ресурсите, поттикнување зелени финансии и намалување на јаглеродниот отпечаток, како и кон подигање на свеста и зајакнување на капацитетите на вработените во областа на одржливото работење.

Со нејзиното усвојување, Народната банка ќе продолжи со активностите насочени кон унапредување на еколошките практики, финансиската писменост и одговорното делување, заради долгорочна економска стабилност и општествена благосостојба.

Продолжи со читање

Uncategorized

Iute Pay доби лиценца за издавање електронски пари и давање платежни услуги

Објавено

на

Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, официјално доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги.

Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и наосигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

Отсега корисниците ќе имаат можност да отвараат платежнисметки, да надополнуваат средства на својот дигитален паричник, да пристапуваат до своите средства преку бескартични банкомати, да вршат безготовински трансферна пари во реално време, како и брзи плаќања кон трговци со користење на QR код.

Лиценцирањето на институција за електронски пари е значаен чекор кој не претставува само регулаторно одобрување, туку почеток на револуција во начинот на кој се нудат и користат финансиските услуги во С.Македонија. Нашата мисија е јасна: да понудиме брзи, беспрекорни и кориснички ориентирани решенија, со највисоки стандарди на сигурност и иновација.

Горди сме што зад оваа иницијатива стои Иуте Групацијата – меѓународен лидер во финтек индустријата, со естонска технологија која веќе го трансформира начинот на плаќања во повеќе земји во и надвор од ЕУ. Сега, таа технологија ќе биде достапна и во Македонија.

Ова е само почеток. Продолжуваме со уште поголема посветеност кон дигитална трансформација, финансиска инклузија и создавање вредност за сите корисници“, изјави Александар Петковски – Извршен Директор на Iute Pay Македонија.

Со оваа лиценца се овозможува издавање електронски парии давање платежни услуги, без посредство на традиционални банки. За разлика од класичните финансиски институции, институциите за електронски парисе фокусираат на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange