Банки
Како да препознаете и спречите phishing измами поврзани со банкарски услуги?

Во дигиталното доба, сајбер измамите сè почесто се таргетирани кон корисници на финансиски услуги. Една од најчестите форми е phishing – измама со која преку лажни пораки се прибираат лични или финансиски податоци.
Замислете ја следнава ситуација: додека проверувате е-пошта, добивате порака со наслов „ИТНО: Вашата сметка е загрозена!“. Притисокот од пораката и нејзината формулација често резултираат со импулсивна реакција – клик на линкот за „спас“. Но, токму тој клик може да биде отворена врата за сајбер измамниците.
Како функционира phishing?
Phishing пораките обично изгледаат како да доаѓаат од легитимна институција, банка, пошта, интернет провајдер. Измамниците користат сличен визуелен идентитет (лого, боја, стил на пишување), за да ја добијат довербата на корисникот. Целта е прибирање чувствителни информации:
- лични податоци
- корисничко име
- лозинки
- ПИН
- број на платежна картичка
- CVV број
- други лични сензитивни податоци
Некои phishing пораки водат кон страници што симулираат официјални веб-страници, но служат за внес и кражба на податоци. Други пак, инсталираат малициозен софтвер.
Како да ги препознаете?
Иако изгледаат убедливо, phishing пораките често содржат „црвени знаменца“:
- агресивен тон со барање за итна реакција
- линкови кои водат на сомнителни или нестандардни URL адреси
- барање за внес на лични или финансиски податоци
- правописни или граматички грешки
Како да се заштитите?
Најдобра заштита е внимание и смиреност.
- Никогаш не внесувајте податоци преку линкови од сомнителни пораки
- Секогаш пристапувајте до банкарските услуги преку официјалната веб-страница
- Не отворајте прилози или линкови од непознати испраќачи
- Редовно ажурирајте ги лозинките и користете двофакторска автентикација
Што ако веќе сте кликнале?
Не паничете, но реагирајте веднаш:
- Контактирајте ја вашата банка
- Променете ги сите релевантни лозинки
- Пријавете го случајот кај надлежните институции
Запомнете: Банките никогаш не бараат преку е-пошта или порака да внесувате лозинки, број на картичка, ПИН или други сензитивни информации. Ако нешто изгледа сомнително – веројатно е сомнително.
Банки
Синдикатите на Стопанска банка Битола: Понудата за преземање е прифатлива под услов за заштита на вработените

Синдикатите на вработените во Стопанска банка АД Битола доставија мислење за понудата за преземање на банката од страна на Алта банка АД Белград. Во документот се истакнува дека понудата е прифатлива, но под одредени услови кои се однесуваат на заштита и унапредување на правата на вработените.
„Бараме од преземачот да ни достави детален долгорочен план за вработените, со јасна визија за нивно унапредување и соодветно наградување, вклучително и зголемување на платата,“ стои во мислењето на синдикатите.
Според Проспектот за преземање, Алта банка очекува зголемување на обемот на активностите и раст на бројот на вработени, а синдикатите сметаат дека ова е можност за модернизација на работењето и подобрување на корисничкото искуство.
Истовремено, синдикатите нагласуваат дека прифаќањето на понудата е условено од „единствено хоризонтална прераспределба на вработените во однос на потребите на банката и вертикална прераспределба исклучиво во насока на раст и унапредување, без намалување на хиерархиски нивоа“.
„Сметаме дека успешната реализација на преземањето ќе влијае и врз стабилноста на Стопанска банка АД Битола,“ додаваат синдикатите, потенцирајќи дека застапуваат над 90% од вработените во банката.
Банки
НЛБ Банка ја стартуваше иницијативата „НЛБ Спорт за млади“ – инвестиција во млади и здрави генерации

Спортот обединува, инспирира и гради заедница. Токму поради тоа, НЛБ Банка АД Скопје со гордост ја најавува својата нова долгорочна општествено одговорна иницијатива – „НЛБ Спорт за млади“, насочена кон поддршка на спортски клубови ширум Македонија кои ја промовираат физичката активност и здравиот стил на живот кај најмладите.
Преку овој проект, Банката има за цел да ги охрабри децата да поминуваат повеќе време на терените, во спортските сали и во природата – места каде што се развиваат карактерот, дисциплината, истрајноста, соработката и тимскиот дух.
Поддршка за идните спортски таленти
Во текот на сезоната 2025/2026, НЛБ Банка ќе ги поддржи младите спортски таленти во повеќе спортски дисциплини: фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и боречки вештини.
Покрај финансиска поддршка, иницијативата предвидува и дополнителна едукација, како и простор за размена на искуства меѓу спортските клубови, со што ќе се зајакне нивниот капацитет за работа со деца.
Пријавување и критериуми
Право на учество имаат спортски клубови, здруженија и организации кои работат со деца до 12 години.
- 📅 Пријавите се отворени од 17 до 30 септември 2025 година.
- 🔗 Линк за пријава: https://tinyurl.com/5ba34puk
- 🚨 При аплицирање задолжително треба да се избере опцијата 👉 „НЛБ Спорт за млади“.
Сите апликации ќе бидат разгледани согласно Политиката за спонзорства и донации на Банката, по што ќе следува селекција и контактирање на избраните субјекти за понатамошни чекори.
Инвестиција во иднината
„НЛБ Спорт за млади“ не е само проект за поддршка на спортот, туку и инвестиција во иднината на заедницата. Со оваа иницијатива, НЛБ Банка ја нагласува својата посветеност кон младите генерации и верува дека – ако барем еден може да успее, вреди да се поддржат сите.
Банки
Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки. Посетата е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината важна улога во стабилноста на регионалните и светските финансиски системи.
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со претставниците од Федералните резерви на Њујорк, каде што беа разгледани можностите за соработка во областа на обуките и добрите банкарски практики во согласност со меѓународните стандарди.
Оваа посета претставува важен чекор во продолжувањето на соработката меѓу Народната банка и Банката на федералните резерви на Њујорк.
-
Банкипред 2 месеци
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Банкипред 2 месеци
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 месеци
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Продуктипред 2 месеци
Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето
-
Бизниспред 2 месеци
САД и Јапонија со нов трговски договор: Царини од 15% и инвестиции вредни 550 милијарди долари
-
Берзапред 2 месеци
Јавна опомена од Македонска берза за 5 котирани друштвa поради непочитување на обврските за навремено објавување на информации за финансиската состојба
-
Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка со профит над 1,6 милијарди денари во прво полугодие на 2025: Силен раст и стабилна визија за иднината!