Connect with us

Останато

Избрани најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година

Објавено

на

Вчера се одржа свечена манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – “E-commerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од домашни уметници.

На гала манифестацијата се одбираа најдобрите македонски е-трговци за изминатата 2023 година, кои се натпреваруваа во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија.

Изборот на најдобрите од е-трговијата за 2023 се организираше во 5 фази. Започна со пријавување на е-трговците, каде што повеќе од 160 домашни компании се пријавија за учество на натпреварот. Оние кои ги исполнуваа условите беа поставени за гласање од јавноста, каде што во текот на јануари и февруари беа собрани повеќе од 111.200 гласови од повеќе од 6.100 гласачи. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која што оваа година се состоеше од 12 членови – експерти во различни области поврзани со е-трговија. По собирање на гласовите од јавноста и од стручната жири комисија, согласно воспоставената методологија утврдена во Правилникот на наградите, според која гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. Вкупно беа доделени 38 награди на најдобрите домашни е-трговци, поделени во 24 категории. Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

Победниците се објавени на следниот линк на официјалнтата веб страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а може да се погледнат и во продолжение:

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:
● Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци на годината – fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
● Е-продавница за храна и пијалоци на годината – korpa.mk
● Е-продавница за туристички услуги на годината – jk.mk
● Е-продавница за убавина, здравје и нега на годината – zegin.com.mk
● Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали на годината –
smartliving.mk
● E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината -svetotnabibi.mk
● Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – korpa.mk
● Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација на годината – literatura.mk
● Е-продавница за различни производи – ananas.mk
● Е-огласник – pazar3.mk

Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:
● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – evnonline.mk (1 место)
● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – telekom.mk (2 место)
● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање – vodovod-skopje.com.mk (3 место)
● Најдобра достава во е-трговија – korpa.mk (1 место)
● Најдобра достава во е-трговија – ananas.mk (2 место)
● Најдобра достава во е-трговија – cc.els.mk (3 место)
● Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (1 место)
● Е-трговец со најдобра грижа за корисници – telekom.mk (2 место)
● Е-трговец со најдобра грижа за корисници – neptun.mk (3 место)
● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – ananas.mk (1 место)
● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (2 место)
● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – svetotnabibi.mk (3 место)
● Најдобра веб страна за плаќање на сметки – evnonline.mk
● Мобилна апликација за е-трговија на годината – korpa.mk
● Mаркетплејс платформа на годината – ananas.mk
● Најдобра е-продавница со меѓународна продажба – svetotnabibi.mk
● Најдобар верификуван е-трговец – fashiongroup.com.mk
● Најдобра е-продавница основана од жена – elenaluka.com.mk (1 место)
● Најдобра е-продавница основана од жена – korpa.mk(2 место)
● Најдобра е-продавница основана од жена – preplet.mk(3 место)

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:
● Најдобра новоотворена е-продавница (отворена во 2023 година) – ananas.mk
● Најпопуларна е-продавница – mytime.mk (1 место)
● Најпопуларна е-продавница – fashiongroup.com.mk (2 место)
● Најпопуларна е-продавница – ananas.mk (3 место)
● Е-трговец на годината за 2023 година – ananas.mk (1 место)
● Е-трговец на годината за 2023 година – paket.mk (2 место)
● Е-трговец на годината за 2023 година – fashiongroup.com.mk (3 место)

Инкаку, овогодинешниот избор за Најдобрите е-трговци за 2023 година беше реализиран со поддршка на генералниот партнер – Мастеркард, организацискиот партнер – Халк Банка, златните партнери – НЛБ Банка и Иуте Македонија, сребрениот партнер – Минт Финтек Груп и бронзените партнери.

Останато

Државата ќе издаде државни записи од 57 милиони евра на 7 април

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија ќе понуди едногодишни државни записи во вкупен износ од 3,5 милијарди денари (околу 56,8 милиони евра) на аукција закажана за 7 април, покажуваат податоците на централната банка.

Државните записи ќе доспеваат на 7 април 2027 година и ќе имаат каматна стапка од 4%, се наведува во објавата за аукцијата.

Продажбата на хартии од вредност ќе ја спроведе централната банка во име на Министерството за финансии, преку т.н. волуменска аукција, при што цената и купонската стапка се однапред утврдени, а примарните дилери учествуваат со понуди за износите што сакаат да ги купат.

Според курсот, едно евро изнесува 61,63 денари.

Продолжи со читање

Бизнис

Велика Британија бара поблиски економски врски со ЕУ поради војната со Иран

Објавено

на

Велика Британија ќе се стреми кон зајакнување на економската соработка со Европската Унија во услови на зголемена глобална нестабилност предизвикана од војната со Иран, изјави британскиот премиер Кир Стармер.

Тој најави дека на претстојниот самит со ЕУ подоцна годинава ќе побара поголема соработка во областа на економијата, безбедноста и енергетиката. Според него, актуелниот конфликт веќе има значително влијание врз економските перспективи, особено преку растот на цените на нафтата и гасот.

Премиерот предупреди дека продолжената блокада на Ормутскиот теснец, еден од најважните глобални транспортни коридори за нафта може дополнително да ги зголеми цените на енергијата и да ги оптовари домашните буџети на граѓаните. Воедно, најави дека Владата ќе продолжи со мерки за ублажување на трошоците за живот, вклучително и корекции на енергетските давачки и зголемување на минималната плата.

Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Велика Британија би можела да биде меѓу најпогодените економии од конфликтот, со забавување на економскиот раст.

Во меѓувреме, опозициските партии бараат дополнителни мерки за заштита на граѓаните, како што се укинување на ДДВ за сметките за струја и одложување на зголемувањето на акцизите за гориво.

Стармер нагласи дека зајакнувањето на односите со Европа е во долгорочен интерес на земјата, посочувајќи дека и покрај Брегзит, постојат значајни можности за економска и безбедносна соработка. Сепак, тој повтори дека Владата нема планови за повторно приклучување кон единствениот пазар или царинската унија.

Во однос на односите со САД, британскиот премиер истакна дека Лондон нема намера да избира меѓу Вашингтон и Брисел, туку ќе работи на одржување на силни врски со двата партнери.

Продолжи со читање

Бизнис

Годишно собрание на АЕТМ: 950 милиони евра потрошени онлајн во 2025 – раст од 32%

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ на 31 март 2026 година го одржа своето Годишно собрание, во присуство на членови, партнери и соработници од бизнис заедницата и институциите.

На Собранието беа презентирани извештаите за работењето во 2025 година, како и планот и програмата за работа за 2026 година, кои беа едногласно усвоени од присутните членови. Во рамки на дискусиите беше истакната важноста на развојот на е-трговијата и улогата на Асоцијацијата за е-трговија како клучен двигател на овој процес во земјата.

„Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн
трансакции вредни 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32%. Ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да продолжиме со унапредување на условите за понатамошен раст.“
– посочи претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Ангеловска Станков, во своето поздравно обраќање.

Поздравно обраќање имаше и м-р Елена Петрова, директорка на Управата за јавни приходи, која ја истакна важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.

„Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е- трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите” – изјави м-р Елена Петрова, во своето поздравно обраќање.

Пред работниот дел од Собранието, за членовите беше организирана и презентација од страна на претставници на Народната банка на Република Северна Македонија за придобивките, практичните аспекти и предизвиците за компаниите од членството на земјата во СЕПА при што беше истакнато значењето за унапредување на платежната инфраструктура, олеснување на прекуграничните трансакции и поголема интеграција на домашните компании на европскиот пазар.

На Собранието беше и официјално најавено 9-тото издание на регионалната конференција за е-трговија, кое ќе се одржи на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет, а се очекува да собере повеќе од 900 учесници од целиот Западен Балкан.

Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и 5-тото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај.

АЕТСМ и во наредниот период ќе продолжи активно да придонесува кон унапредување на е-трговијата, деловното окружување и регулативата, во интерес на своите членови и развојот на секторот. Во фокусот на асоцијацијата ќе останат унапредувањето и проширувањето на понудата во е-трговијата и придружните индустрии, зајакнувањето на дигиталните вештини, градењето стратешки партнерства за раст, намалувањето на сивата економија, како и продлабочувањето на соработката со институциите преку јавнo-приватен дијалог и развојот на дигиталните плаќања. Значаен фокус ќе биде ставен и на јакнење на регионалната соработка и поттикнување на прекуграничната е-трговија, со цел подобра интеграција на домашните компании на регионалните и европските пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange