Connect with us

Останато

„Иновации во претприемништвото” – панел дискусија во ФИТР

Објавено

на

По повод „Глобалната недела на претприемништво” што се одбележува од 18 до 24 ноември, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организира панел дискусија „Иновации во претприемништвото”.

Панел дискусијата, како што најавија од ФИТР, ќе собере на едно место млади и успешни претприемачи кои имаат започнато иновативни бизниси, корпоративни иноватори и технолошки лидери, како и инвеститори кои финансираат иновативни стартапи.

Фокусот на панел дискусијата, што ќе се одржи во просториите на ФИТР е мотивирање на младите претприемачи да иновираат, да размислуваат надвор од рамката, на создавање средина коа ги негува креативноста и истражувањата, го поддржува преземањето ризик и обезбедува алатки и ресурси за раст и разво на идеите.

„Иновациите претставуваат клучен двигател за успех, а охрабрувањето на младите претприемачи да ги прифатат може значително да влијае на развојот на домашната економија.

Преку дискусија, размена на искуства и идеи, ќе ги поттикнеме младите претприемачи да го преземат следниот чекор и да започнат со реализациа на нивната бизнис идеја.

Истовремено, панел дискусијата претставува одлична можност да се претстават активности, идеи и проекти кои придонесуваат кон креирање на успешна претприемничка заедница“, наведуваат од ФИТР во најавата за панел дискусијата.

Останато

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Објавено

на

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. 

Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период. 

„Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки како зголемување на работниот век на вработените и постепено зголемување на придонесот на пензиско и инвалидиско осоригување (тековно е на 18,8 проценти што е намалување од 2,4 проценти во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2 проценти). Кога на тоа би се додало старењеето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружувано и со преференцата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен. Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик“, се наведува во мислењето од Фискалниот совет. 

Во однос на зголемувањето на стапката за пензиско осигурување, од Фискалниот совет препорачуваат во 2027 година да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот до 21 проценти до 2029 година.

За ваквите предлози на Фискалниот совет денеска реагираа од „Левица“. 

„Ја предупредуваме оваа, како и секоја идна Влада да не си игра со маката на работниот народ. Доколку сакаат да интервенираат во ФПИОМ, тогаш нека почнат од нивните функционери кои го доведоа во ваква состојба! Повикуваме, Фискалниот совет да ги преиспита своите мислења. Потребно е спроведување стратешки политики во реалниот сектор кои ја подобруваат положбата на работниците, во спротивно бранот на иселување на млада и стручна работна сила нема да биде спречен, а со тоа нема да се спречи и намалувањето на придонесот во ФПИОМ“, велат од Левица.

Продолжи со читање

Останато

Во третиот квартал имало 10.010 слободни работни места

Објавено

на

Во третиот квартал годинава во државава имало 10.010 слободни работни места, а најголем број односно 1.950 во услужните дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1.909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1.781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1.114, Техничари и сродни занимања, 1.001. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот. 

Како што објави ДЗС, во третото тримесечје од годинава, стапката на слободни работни места изнесува 2,02  проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.11  проценти.

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3.06  проценти.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, односно 2.34 проценти.

Пополнети се  486 515 работни места.

Продолжи со читање

Останато

Компаниите до крајот на месецов задолжително треба да исплатат К-15, колку пари треба да им легнат на сметките на вработените!?

Објавено

на

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од мај. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Регрес им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Продолжи со читање

Популарно