Останато
Инфлацијата во Германија повторно порасна и достигна ниво од 2,3 проценти
Инфлацијата во Германија повторно порасна во јули по падот во јуни, оставајќи неизвесност околу дополнителното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка во септември.
Зголемувањето на индексот на потрошувачките цени достигна 2,3% на годишна основа, што е за 0,1 поен повеќе во однос на јуни, објави денеска Федералниот завод за статистика „Дестатис“.
“Падот на цените на енергијата (-1,7% за 12 месеци) ја намалува стапката на инфлација, но сè уште гледаме натпросечни зголемувања на цените на услугите (+3,9% за 12 месеци)“ – изјави Рут Бренд, претседател на Дестатис.
Тврдоглавиот раст на цените на услугите, поттикнат од зголемувањето на платите во трудоинтензивниот сектор, спречува побрзо паѓање на инфлацијата кон целта на ЕЦБ од 2,0%.
Останато
УЈП: Апликацијата „МојДДВ“ денеска привремено ќе биде недостапна
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека денеска, 23 јуни 2026 година, од 12:00 часот апликацијата „МојДДВ“ привремено ќе биде недостапна поради техничка надградба на системот.
Од УЈП соопштуваат дека прекинот е поврзан со миграција на системот на нова инфраструктура, со цел да се обезбедат поголема сигурност, стабилност и достапност на услугата за корисниците.
Надлежните посочуваат дека апликацијата повторно ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на планираните активности.
Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението за време на техничката надградба.
Останато
Македонската берза ќе ја одржи јубилејната 25. Годишна конференција во Охрид
Македонската берза најави дека јубилејната 25. Годишна конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“ во Охрид.
Како што информираат од Берзата, конференцијата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјата, на кој ќе учествуваат експерти од Македонија и регионот. Учесниците ќе имаат можност да проследат презентации и панел-дискусии посветени на актуелни теми од финансиската индустрија, како и да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти.
Организаторите најавуваат присуство на реномирани говорници и експерти, а деталната агенда и начинот на регистрација ќе бидат објавени дополнително.
Конференцијата ќе се одржи во период кога финансискиот сектор се соочува со нови предизвици и можности, што се очекува да биде една од клучните теми на годинешниот собир.
Останато
Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада
Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.
На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.
Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.
Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Банкипред 2 месециНова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 1 месецДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари


