Connect with us
no baners

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје: Неработен ден по повод празникот Рамазан Бајрам

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека дека по повод празникот Рамазан Бајрам, филијалите на Банката нема да работат на 20.03.2026 (петок).

За време на празникот, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.

ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, платформата МИПС нема да биде оперативна за трансакции на 20 март 2026 година.

Вработените и менаџментот на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници од муслиманската вероисповед им го честитаат празникот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange