Connect with us

Банки

Гувернерот Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците

Објавено

на

„Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка и натаму проактивно ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој учествува на панел-дискусија на 13-тата годишна конференција во организација на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на којашто присуствуваат и вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка Анета Крстевска.

Гувернерот Славески посочи дека во изминатите години светот се соочи со неколку последователни кризи, а македонската економија како мала транзициска економија, се соочи со повеќе шокови со кои успешно се справи задржувајќи ја макроекономската стабилност како резултат на институционалниот капацитет на централната банка. 

„И во претстојниот период, особено важни ќе бидат широкиот монетарен инструментариум и силната координација со другите макроекономски политики заради натамошно закотвување на инфлациските очекувања и за обезбедување одржлив економски раст“, нагласи гувернерот Славески.

Тој додаде дека, и покрај очекувањата за постепено намалување на инфлацијата, и натаму има бројни ризици поврзани со динамиката на цените на услугите, при што ја посочи координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика како најважна во сегашниот економски контекст.

Потпирајќи се на стекнатото искуство од екстерните шокови во минатото, Народната банка е подготвена да се справи со евентуалните непредвидливи предизвици за монетарната и за финансиската стабилност и во иднина. При ова, најважно е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилноста на нејзините политики, како и одржувањето солидно ниво на девизните резерви заради заштита на стабилноста на девизниот курс на националната валута.

„Структурните предизвици, како што се процесите на деглобализација, непредвидливите трговски тензии, демографските промени, како и технолошкиот напредок со посебен акцент на вештачката интелигенција, и натаму ќе влијаат врз потенцијалниот економски раст и инфлацијата. За да се приспособиме кон овие околности, потребен е проактивен пристап и структурни реформи коишто ќе обезбедат отпорност на економијата и ќе придонесат за ублажување на инфлациските притисоци на подолг рок“, заклучи гувернерот Славески, нагласувајќи дека централните банки внимателно ги следат случувањата во светот и се подготвени навремено да реагираат.

Банки

НЛБ Банка на Плачковица: Тимски дух и енергија што гради успех и незаборавни моменти!

Објавено

на

Изминатиот викенд, планината Плачковица беше местото каде што вработените на НЛБ Банка ја споија љубовта кон природата со тимската енергија и заедничкото дружење. Во духот на неформално поврзување и градење колегијални односи, настанот беше исполнет со активности кои го збогатија искуството на сите учесници.

Програмата вклучуваше прошетки до Лумија, велосипедска тура до врвот Бел Камен, а неизбежно беше и уживањето во вкусната домашна храна. Вечерните часови беа резервирани за забава со музика, караоке и логорски оган, активности кои придонесоа за создавање незаборавни моменти и пријатна атмосфера.

„Голема благодарност до сите што беа дел од оваа дружба, вашата енергија, насмевки и позитивен дух ја направија оваа дружба навистина посебна. Повторно докажавме дека сме тим на професионалци кои со иста посветеност со која ги остваруваат деловните цели, умеат и да изградат вистински тимски дух надвор од работното место“, велат од НЛБ Банка.

Посебна благодарност беше упатена до колегите од НЛБ Исток и Синдикатот на НЛБ Банка за одличната организација на настанот.

Со ваквите активности, НЛБ Банка уште еднаш ја потврдува својата заложба за инвестирање во тимот – вредност која е клучна за остварување на заедничките цели и успехот на институцијата.

Продолжи со читање

Банки

Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница

Објавено

на

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mkНовата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката. 

Новата веб-страницата има интуитивна структура,прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите на страната унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти.

Дополнително, ново-лансираната веб страница има јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напредни локатори кои им помагаат на клиентите брзо да го пронајдат најблискиот банкомат и/или експозитура.

Воедно, подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди Банката, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важните финансиски одлуки, од удобноста на својот дом или од кое било место и во секое време.

Новата веб страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.

НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб страница, сè со цел, да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со поддршка за Регионалната школа за срцева слабост – вложување во здравјето и иднината

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во областа на кардиологијата.

Настанот се одржува во соработка со водечки европски кардиолошки центри од Цирих и Лондон и претставува уникатна можност македонските здравствени професионалци да стекнат директен пристап до најновите знаења и технологии во третманот на срцевата слабост. Со тоа, придобивките ќе бидат пренесени и кон пациентите во земјава, преку подобра дијагностика, ефикасна терапија и квалитетна грижа.

Регионалната школа за срцева слабост ќе се организира еднаш годишно и ќе носи во Македонија врвни европски кардиолози со цел размена на експертиза, практични искуства и најдобри медицински стандарди. Со ваквиот пристап, македонското здравство добива значаен поттик за надградување на сопствените капацитети и континуирана едукација на специјалистите.

„Нашата поддршка е доказ за долгогодишната посветеност на Банката за подобрување на здравствениот систем во земјава“, велат од Комерцијална банка, нагласувајќи дека социјалната одговорност е интегрален дел од корпоративната стратегија на институцијата.

Со оваа иницијатива, Комерцијална банка уште еднаш покажува дека вложувањето во здравството е вложување во иднината – во поквалитетен живот на граѓаните и во зајакнување на општеството во целина. Поддршката за Регионалната школа за срцева слабост е само еден од низата проекти со кои Банката ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата надвор од доменот на финансиските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange