Connect with us
no baners

Банки

Гувернерот Славески на конференција во Тирана: Водиме претпазлива монетарна политика и подготвени сме да им одговориме на сите потенцијални ризици

Објавено

на

„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Банката на Албанија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, по повод 100-годишнината од нејзиното основање. На конференцијата присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами.

На панел-дискусијата на којашто учествуваа и гувернерите на Ерменија, Малта, Литванија и Португалија, а којашто ја водеше првата заменик-гувернерка на Банката на Албанија, Лулјета Минџози, гувернерот Славески посочи дека внимателно осмислената монетарна политика и мерките преземени на девизниот пазар придонесоа за зацврстување на инфлациските очекувања и за постепено намалување на инфлацијата.

„Инфлацијата значително се намали во однос на нејзиниот максимум од крајот на 2022 година и повторно се сведе на едноцифрено ниво. Врз основа на преземените мерки, како и претпоставките за надворешниот и домашниот контекст, очекуваме нејзино натамошно забавување и враќање на нивото на историскиот просек во периодот што следува“, истакна Славески, додавајќи дека Народната банка и натаму е внимателна и ја води својата политика врз основа на темелни анализи и податоци, при што секоја одлука ќе се носи со разгледување на сите достапни информации и на потенцијалните ризици.

Гувернерот исто така посочи и на низата макропрудентни мерки што Народната банка ги презеде во изминатиов период како втора „линија на одбрана“, со коишто се поддржа поставеноста на монетарната политика и дополнително се зајакна финансиската отпорност и стабилноста на системот. Притоа, сите активности беа придружени со засилена и проактивна комуникација со јавноста, којашто одигра важна улога во стабилизирањето на пазарните очекувања и зачувувањето на довербата и кредибилитетот на Народната банка.

На конференцијата на која учествуваа гувернери на централни банки, како и претставници на меѓународни институции и академската заедница, се зборуваше за начинот на кој централните банки можат да го задржат кредибилитетот, да ги зацврстат очекувањата и да постигнат ценовна стабилност во услови на непредвидливо ценовно окружување, зголемена геополитичка неизвесност и постојани светски шокови.

no baners

Банки

Златници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство

Објавено

на

Подарокот златник носи многу повеќе од материјална вредност – тој претставува симбол на грижа, стабилност и долгорочна инвестиција. Токму со оваа идеја, Комерцијална банка во својата понуда ги вклучи јубилејните златници, наменети како внимателно избран подарок за најблиските, но и како сигурно вложување во иднината.

Во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, златото традиционално останува еден од најстабилните облици на заштита на вредноста. Јубилејните златници нудат можност за промислено вложување, комбинирајќи финансиска сигурност, емоционална вредност и долгорочна стабилност.

Без разлика дали станува збор за инвестициска одлука, подарок за значаен животен настан или создавање наследство за идните генерации, златниците претставуваат избор што носи трајна вредност и јасна порака за одговорно планирање.

Јубилејните златници може да се купат во експозитурата во Централата на Комерцијална банка, додека целосната понуда и дополнителните информации се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка исплаќа годишна камата на имателите на корпоративни обврзници од втората емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје најави редовна исплата на главницата и годишната камата на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Исплатата ќе се реализира на 16 февруари 2026 година, при што каматата се пресметува по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Право на исплата ќе имаат сите иматели на обврзницата кои се регистрирани во книгата на иматели во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13 февруари 2026 година.

Со навремената исплата на обврските, ТТК Банка ја потврдува својата финансиска стабилност и посветеност кон инвеститорите, обезбедувајќи сигурен и предвидлив принос за имателите на нејзините хартии од вредност.

Продолжи со читање

Банки

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани современ медицински апарат за ментална рехабилитација

Објавено

на

Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани.

Длабоката транскранијална магнетна стимулација претставува клинички докажан, неинвазивен третман, кој преку современи методи на невростимулација придонесува за подобрување на менталното здравје, психолошката стабилност и општата благосостојба на пациентите. Апаратот ќе биде наменет не само за повредените во несреќата, туку и за сите лица кои секојдневно се соочуваат со последиците од траумата – членови на семејствата, блиски лица и пошироката заедница. Со него ќе управува стручен и обучен медицински кадар согласно медицинските индикации и стручните протоколи на здравствената установа.

Оваа донација е дел од пошироката мисија на Фондацијата „Заедно за едно“ – да обезбеди одржлива, навремена и суштинска поддршка за поединците и заедниците погодени од оваа трагедија. Фондацијата верува дека заздравувањето не завршува со физичката рехабилитација, туку подразбира и долгорочна грижа за менталното здравје, достоинството и квалитетот на живот.

Со јасна визија за континуирана поддршка, Фондацијата „Заедно за едно“ ќе продолжи и во наредниот период со нови активности и иницијативи, чија единствена цел е целосно заздравување на повредените и поддршка на сите оние кои и понатаму живеат со последиците од овој немил настан.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange